Политика - категорија

играч повеќе

мн. играчи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што добро, успешно се снаоѓа, што е вешт во политиката, во односите и промените во општествениот живот.
Албански: lojtar

идеен повеќе

идејни
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со определена идеја.
Англиски: ideological

идеолог повеќе

мн. идеолози
Вид збор: Именка, машки род
Тој што создава, развива некаква идеологија.
Англиски: ideologue

идеологизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
идеологизира, идеологизирање
Англиски: Ideologisation

идеологизира повеќе

идеологизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Внесе, внесува прекумерно или непотребно идеологија во нешто, во некоја дејност.
Англиски: indoctrinate

идеологија повеќе

мн. идеологии
Вид збор: Именка, женски род
Систем од филозофски, политички, правни, морални погледи, идеи што ги изразуваат интересите и односите на општествените класи и слоеви.
Англиски: ideology Албански: ideologji

избере повеќе

изберат
Вид збор: Глагол, свршен
Се определи за некого (при гласање).
Англиски: elect Албански: zgjedh

избирлив повеќе

избирливиот
Вид збор: Придавка
Што може да биде избран.
Англиски: electable

избор повеќе

мн. избори
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Постапка со која се остварува и се обезбедува организирано учество на граѓаните, односно на избирачите во изборот на политички претставници.
Англиски: election Албански: zgjedhje

изборен повеќе

изборни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на избор.
Англиски: election

изгласа повеќе

Види и: гласа (несв.)
изгласаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши гласање.
Англиски: vote

излезност повеќе

Види и: излезе (св.)
(едн.) излезноста
Вид збор: Именка, женски род
излегување, учество
Англиски: turnout

изолационизам повеќе

(едн.) изолационизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичка струја која има за цел затворање во национални рамки, воздржување од меѓународна активност.
Англиски: isolationism

илегалец повеќе

мн. илегалци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со илегална политичка дејност; член, активист на илегална организација.
Албански: ilegal

империјализам повеќе

(едн.) империјализмот
Вид збор: Именка, машки род
Стремеж на една држава кон потчинување и освојување други народи и држави.
Англиски: imperialism

империјалист повеќе

мн. империјалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на империјализмот.
Англиски: imperialist

империјалистички повеќе

империјалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е во духот на империјализмот, што се води од идеите на империјализмот.
Англиски: imperialistic

инакумислечки повеќе

инакумислечкиот
Вид збор: Придавка
Што мисли поинаку, што не се согласува со некого.
Англиски: dissident

индоктринација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Усвојување на определена доктрина, настојување на некоја организирана сила да наметне определени сфаќања, верувања и начини на однесување.
Англиски: indoctrination

интелигенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Назив за сите работници што се занимаваат со интелектуална, умствена дејност.
Англиски: intelligentsia Албански: inteëigjenca

интервенционизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Политика на мешање на власта во економијата на државата или во работите на друга држава.
Англиски: interventionism

Интернационала повеќе

Интернационалата
Вид збор: Именка, женски род
Химна на меѓународниот пролетаријат.
Англиски: Internationale Француски: L'Internationale Албански: internacionalja, himni

интерпарламентарен повеќе

интерпарламентарниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на соработка меѓу парламенти од различни земји; меѓупарламентарен.
Англиски: interparliamentary

интерпелација повеќе

мн. интерпелации
Вид збор: Именка, женски род
Прашање од некој пратеник во парламентот упатено до владата или до некој нејзин член со кое се бара писмен или устен одговор во врска со некој настан, предмет или проблем.
Англиски: interpellation

интерпелира повеќе

интерпелираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поднесе, поднесува интерпелација.
Англиски: interpellate

иредента повеќе

Види и: иредентизам (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
иредентизам

иредентизам повеќе

(едн.) иредентизмот
Вид збор: Именка, машки род
Движење и тенденција на националните малцинства да се присоединат кон земјата матица заедно со териториите каде што живеат во друга земја.
Англиски: irredentism Албански: iredentizëm

иредентист повеќе

мн. иредентисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на иредентизмот.
Англиски: irredentist

исламизам повеќе

исламизмот
Вид збор: Именка, среден род
Политизирање на исламската религија.
Англиски: Islamism

исламофобија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Предрасуди и страв од исламската религија.
Англиски: islamophobia

истомисленик повеќе

мн. истомисленици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има исто мислење со некого.
Англиски: like-minded
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш