Политика - категорија

евроатлантски повеќе

евроатлантскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со ЕУ и НАТО.
Англиски: euro-atlantic

еврозона повеќе

(едн.) еврозоната
Вид збор: Именка, женски род
Економска и монетарна заедница на европските земји со еврото како заедничка валута.
Англиски: Eurozone

евроинтеграција повеќе

мн. евроинтеграции
Вид збор: Именка, женски род
Процес на интеграција со Европската унија.

еврокомесар повеќе

мн. еврокомесари
Вид збор: Именка, машки род
Комесар на Европската унија; член на Европската комисија.
Англиски: euro commissioner

еврократ повеќе

мн. еврократи
Вид збор: Именка, машки род
Европски бирократ; дел од бирократијата на европските институции.
Англиски: eurocrate Француски: eurocrate

европарламентарец повеќе

мн. европарламентарци
Вид збор: Именка, машки род
Член на Европскиот парламент.

Европеец повеќе

мн. Европејци
Вид збор: Именка, машки род
жител на европскиот континент
Англиски: European Албански: Europian

европратеник повеќе

мн. европратеници
Вид збор: Именка, машки род
Пратеник во Европскиот парламент.
Англиски: Member of European Parliament

евроскептик повеќе

мн. евроскептици
Вид збор: Именка, машки род
Личност што е против Европската унија.
Англиски: eurosceptic

евроскептицизам повеќе

(едн.) евроскептицизмот
Вид збор: Именка, машки род
Спротивставување на понатамошната интеграција на Европската унија.
Англиски: euroscepticism

евроцентризам повеќе

(едн.) евроцентризмот
Вид збор: Именка, машки род
Поглед кон светот од европска перспектива.
Англиски: eurocentrism

еднодомен повеќе

еднодомниот
Вид збор: Придавка
Што е составен од еден законодавен дом.
Албански: njëdhomëshe

еднопартиски повеќе

еднопартиска
Вид збор: Придавка
Што има само една партија.
Англиски: one-party

едноумие повеќе

(едн.) едноумието
Вид збор: Именка, среден род
Едностран, ограничен начин на мислење, подреден на една идеологија, на еден поглед на светот, без слобода за проток на различни погледи и идеи.

екстремизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Претераност, непопустливост, непомирливост во постапките и во однесувањето (главно во политиката).
Англиски: extremism

екстремист повеќе

мн. екстремисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е екстремен, што изразува екстремни ставови.
Англиски: extremist

електорат повеќе

(едн.) електоратот
Вид збор: Именка, машки род
Составот на избирачкото тело, сите избирачи земени како целина.
Англиски: electorate

елинофоб повеќе

мн. елинофоби
Вид збор: Именка, машки род
Страв, фобија кон тоа што е грчко и старогрчко.

ерес повеќе

мн. ереси
Вид збор: Именка, машки род
Отстапување од општоприфатените норми на однесување, од програмата на некое политичко движење, група, партија итн.
Англиски: heresy Албански: herezi

етатизам повеќе

(едн.) етатизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политички систем во кој стопанството се наоѓа во државни раце или е под силен државен надзор.
Англиски: etatism Германски: Etatismus

етатизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Спроведување на етатизам.
Германски: Etatisierung Албански: etatizim

ЕУ повеќе

Вид збор: Скратеница
Европска унија
Англиски: EU
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш