Политика - категорија

движење повеќе

Види и: движи (несв.)
мн. движења
Вид збор: Именка, среден род
Група луѓе со заеднички цели.
Англиски: movement Албански: lëvizje

дводомен повеќе

дводомниот
Вид збор: Придавка
Што е составен од два законодавни дома.

делегат повеќе

мн. делегати
Вид збор: Именка, машки род
Лице избрано и овластено од некоја установа, колектив или од државата да врши определена задача.
Англиски: delegate

делегира повеќе

делегираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Избере, избира некого за делегат, испрати, испраќа свој застапник, претставник.
Англиски: delegate

демагог повеќе

мн. демагози
Вид збор: Именка, машки род
Тој што настојува да ја придобие довербата на народната маса со празни ветувања и измами постигнувајќи ја својата цел да дојде до власт.
Англиски: demagogue

демагогија повеќе

мн. демагогии
Вид збор: Именка, женски род
Систем и метод со кои се служи демагогот.
Англиски: demagogy

демагошки повеќе

Види и: демагог (м.)
демагошка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на демагог и на демагогија.
Англиски: demagogic
Примери:
демагошки настап

демант повеќе

мн. деманти
Вид збор: Именка, машки род
Изјава со која се негира вистинитоста или се врши исправка на некоја вест или некое тврдење.
Англиски: denial Француски: démenti

демантира повеќе

демантираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава демант, објави, објавува демант.
Англиски: deny Француски: démentir Албански: demantoj

демократ повеќе

мн. демократи
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на демократијата.
Англиски: democrat Албански: demokrat
Припадник на некоја демократска партија.
Англиски: democrat Албански: demokrat

демократизација повеќе

(едн.) демократизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Спроведување на демократски начела и принципи во животот, ширење демократија.
Англиски: democratization Албански: demokratizim

демократизира повеќе

демократизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Воведе, воведува демократски начела и установи, шири демократија.
Англиски: democratize Албански: demokratizoj

демократија повеќе

мн. демократии
Вид збор: Именка, женски род
Облик на државно уредување во кој суверената власт му припаѓа на народот, систем на народно владеење.
Англиски: democracy Албански: demokraci

демократичен повеќе

Види и: демократски (прид.)
демократичниот
Вид збор: Придавка
Што има својства на демократија, што е во демократски дух.
Англиски: democratic

демократски повеќе

Види и: демократија (ж.)
демократска
Вид збор: Придавка
Што е во смисла на демократијата.
Англиски: democratic

демонстрант повеќе

мн. демонстранти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што демонстрира, учесник во демонстрација.
Англиски: protester Албански: demonstrant, protestues

демонстрација повеќе

мн. демонстрации
Вид збор: Именка, женски род
Јавно, масовно изразување на незадоволството кон некого или нешто.
Англиски: demonstration Албански: demonstratë

демонстрира повеќе

демонстрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Зема учество, учествува во демонстрација, јавно го покаже, го покажува своето незадоволство кон некого или нешто.
Англиски: demonstrate Албански: demonostroj

демохристијански повеќе

демохристијанскиот
Вид збор: Придавка
Што е политички демократски и христијански определен.
Англиски: christian democratic

денационализација повеќе

мн. денационализации
Вид збор: Именка, женски род
Враќање на национализираниот имот на поранешните сопственици.
Англиски: denationalization Албански: denacionalizim

деполитизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отстранување на политиката од некоја дејност.

десен повеќе

десни
Вид збор: Придавка
Што е политички конзервативен.
Англиски: rightist

десница повеќе

мн. десници
Вид збор: Именка, женски род
Партии, политичари што застапуваат конзервативна политика; десна страна во парламентот.
Англиски: right Албански: e djathta

десничар повеќе

мн. десничари
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на десницата, тој што ги застапува конзервативните сфаќања, конзервативец.
Англиски: rightist Албански: djathtist

диктатор повеќе

мн. диктатори
Вид збор: Именка, машки род
Тој што владее со неограничена власт.
Англиски: dictator

диктатура повеќе

мн. диктатури
Вид збор: Именка, женски род
Неограничена власт што се потпира на сила.
Англиски: dictatorship Албански: diktaturë
Држава под неограничена власт на еден човек.
Англиски: dictatorship Албански: diktaturë

дисидент повеќе

мн. дисиденти
Вид збор: Именка, машки род
Отпадник од движење, организација, општествено-политички систем, вера, со кои се согласувал и на кои им припаѓал.
Англиски: dissident

дисидентство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Постапка или особина на дисидент, дисидентско дејствување.

дискриминација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ограничување, оспорување на правата на определена општествена група поради својата расна, етничка, верска или социјална припадност од страна на доминантна општествена група; правна нееднаквост.
Англиски: discrimination

дневнополитички повеќе

дневнополитичкиот
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со дневната политика.

доктринер повеќе

мн. доктринери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што строго се придржува до определена доктрина.
Англиски: doctrinaire

доктринерство повеќе

мн. доктринерства
Вид збор: Именка, среден род
Строго придржување кон определена доктрина без согледување на фактите од реалноста.

државник повеќе

мн. државници
Вид збор: Именка, машки род
Политичар што се истакнува во водењето на државата и на државната политика.
Англиски: statesman

државништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Умеење, вештина во водењето на државната политика.
Англиски: statesmanship

државотворен повеќе

државотворниот
Вид збор: Придавка
Што е во служба, што работи на создавање и зацврстување на државата.

другар повеќе

мн. другари
Вид збор: Именка, машки род
Збор за обраќање во комунистичка партија и во некои други политички организации.
Англиски: comrade Албански: shok

дума повеќе

мн. думи
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Парламентот во Русија.
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш