Поетски збор - категорија

залуд повеќе

Вид збор: Прилог
залудо, залудно
Англиски: in vain

запал повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
занес, восхит
Англиски: delight

запев повеќе

мн. запеви
Вид збор: Именка, машки род
Фраза или извик на почетокот од текстот што се пее.

злат повеќе

Вид збор: Придавка
златен
Англиски: golden
Примери:
Злат прстен фрлен в кал.

злати повеќе

златат
Вид збор: Глагол, несвршен
Позлатува, дава сјај, боја на злато.
Англиски: gild Албански: bëj me ari, jap shkëlqim ari

златоглав повеќе

златоглавиот
Вид збор: Придавка
Што има глава со боја на злато.

златогрив повеќе

златогривиот
Вид збор: Придавка
Што има грива со златеста боја.

златоклас повеќе

златокласиот
Вид збор: Придавка
Што има златести класје.

златокос повеќе

златокоси
Вид збор: Придавка
Што има златеста коса.
Англиски: golden haired

златокрил повеќе

златокрилиот
Вид збор: Придавка
Што има златести крилја.

златопер повеќе

златопериот
Вид збор: Придавка
Што има златести пердуви, перје со златна или златеста боја.

златорог повеќе

златорогиот
Вид збор: Придавка
Што има златен рог.

златорун повеќе

златоруниот
Вид збор: Придавка
Што има златно руно.

златоткан повеќе

златотканиот
Вид збор: Придавка
Што е ткаен со златни конци, со златна срма.

златоуст повеќе

златоустиот
Вид збор: Придавка
Што е слаткоречив, што има прекрасен глас.

зов повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
повик
Англиски: call
а - б - в - г - д - ж - з - ѕ - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ц - ч - ш