Образование - категорија

пансион повеќе

мн. пансиони
Вид збор: Именка, машки род
Дом, воспитна установа во кој живеат и се хранат ученици, студенти, гости под постојан надзор на воспитувачи или лица што пружаат нега.
Англиски: boarding-house Француски: pension Албански: pansion

партија повеќе

мн. партии
Вид збор: Именка, женски род
Дел од учебно градиво.
Англиски: subject

педагог повеќе

мн. педагози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по педагогија.
Англиски: pedagogue Албански: pedagog
наставник, учител
Англиски: teacher Албански: pedagog, mësues

педагогија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за воспитувањето, образованието и обучувањето на децата.
Англиски: pedagogics

педагошки повеќе

педагошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува до педагог.
Англиски: educational
Примери:
Педагошки опит.
Што се однесува до педагогија.
Англиски: pedagogical
Примери:
Педагошка литература.

пеење повеќе

Види и: пее (несв.)
мн. пеења
Вид збор: Именка, среден род
учебен предмет
Англиски: singing Албански: këndim

петка повеќе

мн. петки
Вид збор: Именка, женски род
Оценка за одличен успех во основното и средното училиште.
Албански: shkëlqyeshëm
Оценка за неположен испит во вишите и високите школи, универзитети и сл.
Албански: shumë dobët

петолетка повеќе

мн. петолетки
Вид збор: Именка, женски род
Училиште до петто одделение.
Албански: pesëvjeçare

петтокласник повеќе

мн. петтокласници
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во гимназија.

петтоодделенец повеќе

мн. петтоодделенци
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во петто одделение.

питомец повеќе

мн. питомци
Вид збор: Именка, машки род
воспитаник на некого
Англиски: pupil

питомица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
питомец
Англиски: pupil

пише повеќе

пишат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави оценка, впише.
Англиски: grade Албански: klasifikoj

поведение повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Придржување, однос кон правилата на редот во училиштето, изразени во оценка.
Англиски: conduct Албански: sjellje

повтори повеќе

повторат
Вид збор: Глагол, свршен
Во школувањето - остане во исто одделение, клас, година.
Англиски: repeat the year Албански: përsëris, ngel

повторувач повеќе

мн. повторувачи
Вид збор: Именка, машки род
Ученик што го повторува класот.
Англиски: repeater

подаскалува повеќе

Види и: даскалува (несв.)
подаскалуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Поработи некое време како даскал.
Англиски: teach

полага повеќе

полагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Излегува на испит, се подложува на проверка на сопствените знаења.
Англиски: take examination Албански: testohet

полагач повеќе

мн. полагачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што полага испит.
Англиски: examinee Албански: ai që jep provim

политехника повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Висока техничка школа кад што се изучуваат различни гранки од техниката.
Англиски: polytechnic

политехничар повеќе

мн. политехничари
Вид збор: Именка, женски род
Тој што студира или што завршил политехничка школа.

политехнички повеќе

Види и: политехника (ж.)
политехничкиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со политехника.

полугодишен повеќе

полугодишни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на полугодие.
Англиски: semi-annual

полуквалификуван повеќе

полуквалификуваниот
Вид збор: Придавка
делумно квалификуван

полуматура повеќе

мн. полуматури
Вид збор: Именка, женски род
Завршен дел од основното образование.

полуматурант повеќе

мн. полуматуранти
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во завршната година од основното образование.

помагало повеќе

мн. помагала
Вид збор: Именка, среден род
Дополнителен прирачник кон учебникот.
Англиски: teaching material Албански: doracak
Направа, средство со кое си помагаме во нешто, најчесто за подобра обука и настава.
Англиски: aid Албански: ndihmesë, doracak

постдипломец повеќе

мн. постдипломци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што продолжува со студиите и по стекната диплома, тој што постеува постдипломски студии.
Англиски: post-graduate

постдипломски повеќе

постдипломски
Вид збор: Придавка
Што се однесува на степенот на студии по дипломирањето, по завршеното високо образование.
Англиски: post-graduate

поучи повеќе

поучат
Вид збор: Глагол, свршен
Учи малку, кратко време; учи друг.
Англиски: instruct Албански: udhëzoj
Учи нешто.
Англиски: learn Албански: mësoj
Учи на училиште.
Англиски: learn Албански: mësim shkollor
Учи малку.
Англиски: learn Албански: mësoj
(се поучи) Се учи малку.
Англиски: learn Албански: mësoj

почетник повеќе

мн. почетници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што почнува некаква дејност, учење и др.
Англиски: beginner

правник повеќе

мн. правници
Вид збор: Именка, машки род
Студент на правен факултет.
Англиски: law student Албански: student i drejtësisë

практика повеќе

(едн.) практиката
Вид збор: Именка, женски род
Стручна работа со определено времетраење по завршеното школување која служи за воведување во работата.
Англиски: internship Албански: punë praktike

практикант повеќе

мн. практиканти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вежба, што поминува низ практика.
Англиски: trainee

практикум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вежби по некој учебен предмет, обично на високите школи, на практична примена на теориските знаења.
Англиски: practical training

практичен повеќе

практични
Вид збор: Придавка
Што се однесува на примена во практиката на определена наука или систем од знаења.
Англиски: practical Албански: praktik

практички повеќе

практичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на практика.
Англиски: practical

прваче повеќе

мн. првачиња
Вид збор: Именка, среден род
Ученик во прво одделение.
Англиски: first-grader Албански: nxënës i klasës parë

првокласник повеќе

мн. првокласници
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во први клас во средно училиште.

првоодделенец повеќе

мн. првоодделенци
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во прво одделение.
Англиски: first grader

преведница повеќе

мн. преведници
Вид збор: Именка, женски род
Документ со кој се испишува дете од едно и се запишува во друго училиште.
Англиски: transfer certificate

предава повеќе

Види и: предаде (св.)
(се) предаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи предавања.
Англиски: lecture Албански: mbaj leksion, jap mësim

предавална повеќе

мн. предавални
Вид збор: Именка, женски род
просторија за предавања
Англиски: lecture room

предавање повеќе

мн. предавања
Вид збор: Именка, среден род
Усно излагање на наставна единица.
Англиски: lesson Албански: ligjeratë, mësim

предавач повеќе

мн. предавачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што предава, што држи предавање.
Англиски: lecturer Албански: ligjerues
Наставно звање.
Англиски: lecturer Албански: ligjerues

предзнаење повеќе

мн. предзнаења
Вид збор: Именка, среден род
Претходно стекнато занење.
Англиски: previous knowledge

предиспитен повеќе

предиспитниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на времето пред испит.
Што се однесува на предиспит.

предмет повеќе

мн. предмети
Вид збор: Именка, машки род
Одделна научна дисциплина, област, гранка од науката како дел од училишната настава.
Англиски: discipline Албански: lëndë, disciplinë

предучилиштен повеќе

предучилишни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на времето пред одење на училиште.
Англиски: preschool

преквалификација повеќе

мн. преквалификации
Вид збор: Именка, женски род
Оспособување за нова струка или професија.
Албански: rikualifikim

преоцена повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ново оценување, нова оцена на нешто оценето.
Англиски: re-grading

препише повеќе

препишат
Вид збор: Глагол, свршен
Напише текст, реши задача, текст (на испит) гледајќи од друг.
Англиски: crib Албански: përshkruaj, kopjoj

преслуша повеќе

преслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испита некого (ученик, студент) заради проверка на знаењето.
Англиски: test Албански: pyes, testoj

претшколски повеќе

претшколска
Вид збор: Придавка
предучилиштен
Англиски: preschool

приучи повеќе

приучат
Вид збор: Глагол, свршен
Научи некого нешто за кусо време, набрзина.
Англиски: train Албански: mësoj shpejt, përgatit
Учи нешто малку или уште малку.
Англиски: learn Албански: mësoj edhe pak

програма повеќе

мн. програми
Вид збор: Именка, женски род
Краток преглед на содржините и целите на наставен предмет.
Англиски: curriculum

продекан повеќе

мн. продекани
Вид збор: Именка, машки род
Заменик или помошник на деканот.
Англиски: vice dean

промовира повеќе

промовираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прогласи, прогласува некого за доктор на науки; изврши, врши промоција.
Англиски: confer a doctorate Албански: promovoj

промоција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Свечено прогласување за доктор на науки кандидат што ги исполнил условите и одбранил докторска дисертација; свеченост по тој повод.
Англиски: promotion Албански: promovim

пропедевтика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вовед во некоја наука; подготвителна обука.
Англиски: propaedeutics

проректор повеќе

мн. проректори
Вид збор: Именка, машки род
Помошник или заменик на ректор задолжен за конкретни работи.
Англиски: vice-chancellor

просвета повеќе

(едн.) просветата
Вид збор: Именка, женски род
Организирано образование и воспитување, ширење на знаења во народот.
Англиски: education Албански: arsimim, edukim
Општествена дејност на образовниот систем.
Англиски: education Албански: arsimim, edukim

просветар повеќе

мн. просветари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи во просвета.
Англиски: educator

просветен повеќе

Види и: просвети (св.)
просветени
Вид збор: Придавка
Што се однесува на просвета, на образование.
Англиски: educational
Што е поврзан со ширењето на просветата.
Англиски: educational

просвети повеќе

просветат
Вид збор: Глагол, свршен
Овозможи образование, подигне степен на просветеност кај населението.
Англиски: educate

просветител повеќе

мн. просветители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што просеветува, што шири просвета.
Англиски: educator

просветителски повеќе

просветителскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на просветител и на просветителство.
Англиски: educational

проф повеќе

Вид збор: Скратеница
професор
Англиски: Prof.
Примери:
Проф. Владо Камбовски, претседател на МАНУ.

професор повеќе

мн. професори
Вид збор: Именка, машки род
Наставник со завршено факултетско образование.
Англиски: professor Албански: profesor
Највисоко звање на универзитет и висока школа.
Англиски: professor Албански: profesor

професура повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Професорско звање, место или катедра на професор.
Англиски: professorship
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш