Образование - категорија

магистер повеќе

мн. магистри
Вид збор: Именка, машки род
Степен на образование што се добива по завршување на постдипломски студии од определена научна област.
Англиски: master

магистратура повеќе

мн. магистратури
Вид збор: Именка, женски род
Степен на образование; степен на магистер.
Албански: magjistraturë
Испит за добивање степен магистер.
Албански: magjistraturë

магистрира повеќе

магистрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши постдипломски студии, добие степен магистер.
Англиски: graduate

математика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наставен предмет во училиштата.
Англиски: mathematics Албански: matematika

материјал повеќе

мн. материјали
Вид збор: Именка, машки род
Содржина на некој наставен предмет.
Англиски: subject Албански: subjekt

матура повеќе

мн. матури
Вид збор: Именка, женски род
Завршен испит во средно образование, испит на зрелоста.
Англиски: graduation

матурант повеќе

мн. матуранти
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во завршна година од средното образование; ученик што полага матура.
Англиски: graduate

матурира повеќе

матурираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши средно образование; положи матура.
Англиски: graduate

медреса повеќе

мн. медреси
Вид збор: Именка, женски род
религиозно муслиманско училиште
Англиски: madrasa Турски: medrese Српски: медреса

меѓушколски повеќе

меѓушколскиот
Вид збор: Придавка
Што се одвива меѓу училишта.

ментор повеќе

мн. ментори
Вид збор: Именка, машки род
старател, воспитувач, учител
Англиски: mentor Албански: mentor
Наставник што упатува аспиранти на академски звања во научноистражувачка работа.
Англиски: mentor Албански: mentor

менторство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
дејност на ментор
Англиски: mentorship

м-р повеќе

Вид збор: Скратеница
магистер
Англиски: M.A.

музика повеќе

(едн.) музиката
Вид збор: Именка, женски род
Тонска уметност и нејзината теорија како училиштен предмет.
Англиски: music Албански: muzikë
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш