Неменлив збор - категорија

табиетлија повеќе

Вид збор: Придавка
Со добар карактер, карактерен.
Англиски: good-natured Турски: tabiatlı
Оној со посебен, специфичен карактер.
Англиски: peculiar
Примери:
Лимон-табиетлија.

тазе повеќе

Вид збор: Придавка
свеж
Англиски: fresh Турски: taze
Примери:
тазе овошје

татли повеќе

Вид збор: Придавка
сладок, вкусен
Англиски: sweet Турски: tatlı
Примери:
Татли бозааа! (извик при продавање боза) слатка бозааа!

тек повеќе

Вид збор: Придавка
За број, непарен.
Англиски: odd Турски: tek Албански: tek

текнефес повеќе

Вид збор: Придавка
Особено за коњ, астматичен, кој пати од задув.
Англиски: asthmatic Турски: tıknefes

терсене повеќе

Вид збор: Придавка
настран, незгоден
Англиски: queer Турски: tersine

томбаклија повеќе

Вид збор: Придавка
Направено од томбак.
Англиски: brazen

тревен повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Архаично име за четвртиот месец во годината.
Англиски: April

туралија повеќе

Вид збор: Придавка
За монета која има тура, која е со тура.
Примери:
Жолтица туралија.

турбо повеќе

Вид збор: Придавка
огромен
Англиски: turbo
Примери:
турбо задоволство
исклучителен, извонреден
Англиски: turbo
Примери:
турбо музика

турли-турли повеќе

Вид збор: Придавка
Секаков, различен, од различни видови.
Англиски: different
Примери:
Турли-турли цвеќиња.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш