Музика и танц - категорија

хабанера повеќе

мн. хабанери
Вид збор: Именка, женски род
Вид шпанско-кубански танц.
Англиски: habanera

хармонизација повеќе

мн. хармонизации
Вид збор: Именка, женски род
Компонирање на музичка придружба по правилата на хармонијата.
Англиски: harmonization

хармонизира повеќе

хармонизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави хармонизација на музичко дело.
Англиски: harmonize

хармонизирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
хармонизира
Англиски: harmonization

хармонија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од теоријата на музиката.
Англиски: harmony Албански: harmonija

хармоника повеќе

мн. хармоники
Вид збор: Именка, женски род
инструмент
Англиски: harmonica Турски: armonika
Примери:
(разг.) Како хармонака (збрчкан, со многу брчки, растеглив).

хармоникаш повеќе

мн. хармоникаши
Вид збор: Именка, машки род
Лице што свири на хармоника.
Англиски: harmonica player

хармоникашки повеќе

хармоникашка
Вид збор: Придавка
хармоника
Примери:
хармоникашки оркестар

хармониум повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Музички инструмент сличен на оргулји.
Англиски: harmonium

хармоничен повеќе

хармонични
Вид збор: Придавка
благозвучен, мелодичен
Англиски: harmonic
Примери:
Хармонични гласови, хармоничниот шум на реката.

харфа повеќе

мн. харфи
Вид збор: Именка, женски род
Инструмент со жици.
Англиски: harp
Примери:
Свири на харфа.

харфист повеќе

мн. харфисти
Вид збор: Именка, машки род
Музичар што свири на харфа.
Англиски: harpist

харфистка повеќе

мн. харфистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена харфист.
Англиски: harpist

химна повеќе

мн. химни
Вид збор: Именка, женски род
Свечена фалбена песна; музичко дело во чест на некого или нешто.
Англиски: hymn Албански: himn
Примери:
Величествена химна на нашата револуција.

хомофонија повеќе

(едн.) хомофонијата
Вид збор: Именка, женски род
Пеење или свирење во еден глас.
Англиски: homophony

хор повеќе

мн. хорови
Вид збор: Именка, машки род
Пејачки колектив што исполнува истовремено едно вокално дело.
Англиски: chorus Албански: kor
Вокална песна за пејачки колектив.
Англиски: chorus Албански: kor

хорист повеќе

мн. хористи
Вид збор: Именка, машки род
пејач во хор
Англиски: chorister

хористка повеќе

мн. хористки
Вид збор: Именка, женски род
За жена хорист.
Англиски: chorister

хорна повеќе

мн. хорни
Вид збор: Именка, женски род
Лимен дувачки музички инструмент.
Англиски: French horn

хорнист повеќе

мн. хорнисти
Вид збор: Именка, машки род
Музичар што свири на хорна.
Англиски: hornist

хорски повеќе

хорска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хор.
Англиски: chorus
Примери:
Хорската уметност.

хроматизам повеќе

(едн.) хроматизмот
Вид збор: Именка, машки род
Нагорно или надолно мелодиско движење по полутонови.
Албански: kromatizëm

хроматичен повеќе

хроматични
Вид збор: Придавка
Заснован врз хроматизмот.
Англиски: chromatic

хумореска повеќе

мн. хуморески
Вид збор: Именка, женски род
Композиција во брзо темпо, со шеговит тон.
Англиски: humoresque Албански: humoreskë
Примери:
музичка хумореска
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш