Музика и танц - категорија

мадригал повеќе

мн. мадригали
Вид збор: Именка, машки род
Вокална полифонична композиција со световна содржина.
Англиски: madrigal Албански: madrigal

маестро повеќе

мн. маестра
Вид збор: Именка, машки род
Истакнат композитор, диригент во музиката.
Англиски: maestro Албански: maestro

мазурка повеќе

мн. мазурки
Вид збор: Именка, женски род
Полски народен, а подоцна и салонски танц.
Англиски: mazurka Албански: mazurka
Музика за таков танц.
Англиски: mazurka Албански: mazurka

мандолина повеќе

мн. мандолини
Вид збор: Именка, женски род
Жичен музички инструмент со 4 до 6 жици во форма на круша.
Англиски: mandolin

марш повеќе

мн. маршеви
Вид збор: Именка, машки род
Музичка композиција со јасен ритам, наменета за придружба на војнички и други свечености.
Англиски: march Албански: marsh

матрица повеќе

мн. матрици
Вид збор: Именка, женски род
Снимена музичка подлога на која се наснимува гласот или се користи за настап во живо.
Англиски: stencil Албански: matricë

мев повеќе

мн. мевови
Вид збор: Именка, машки род
Направа од кожа што е составен дел од гајдата.
Англиски: bag Албански: torbë, trastë

меѓуигра повеќе

мн. меѓуигри
Вид збор: Именка, женски род
Кусо музичко дело што се исполнува меѓу главните делови на музичка изведба.
Англиски: interlude

мекам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
мелодија
Англиски: makam Турски: makam

мелограф повеќе

мн. мелографи
Вид збор: Именка, машки род
Собирач, запишувач на народни мелодии.
Албански: melograf

мелографија повеќе

мн. мелографии
Вид збор: Именка, женски род
Запишана народна мелодија.

мелографски повеќе

мелографскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на мелограф, мелографија и мелографирање.

мелодија повеќе

мн. мелодии
Вид збор: Именка, женски род
Ритмички поврзана низа од тонови што прави хармонично музичко единство.
Англиски: melody Албански: melodi

мелодика повеќе

мн. мелодики
Вид збор: Именка, женски род
Збир од карактеристични мелодии на една епоха, народ, автор и сл.
Албански: melodikë
Вид дувачки инструмент.
Албански: melodika, lloj instrumkenti muzikor fryes

мелос повеќе

мн. мелоси
Вид збор: Именка, машки род
Музика, обично фолклорна.
Англиски: folk music

менует повеќе

мн. менуети
Вид збор: Именка, машки род
Стар француски танц за двојки во тричетвртински такт.
Англиски: menuet Албански: menuet
Став во суита, соната или во симфонија.
Англиски: menuet Албански: menuet

метрика повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за правилното менување на нагласените и ненагласените тонови и нивното групирање во заокружени метрички целини.
Англиски: meter Албански: metrikë

метроном повеќе

мн. метрономи
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење на тактот во музиката.
Англиски: metronome

мецосопран повеќе

мн. мецосопрани
Вид збор: Именка, машки род
Среден женски пејачки глас, помеѓу сопран и алт.
Англиски: mezzo-soprano Албански: mexosoprano
Пејачка со таков глас.
Англиски: mezzo-soprano Албански: mexosoprano

мешница повеќе

мн. мешници
Вид збор: Именка, женски род
гајда
Англиски: bagpipe Албански: gajdë

ми повеќе

Вид збор: Именка, среден род
музичка нота

милозвучен повеќе

милозвучниот
Вид збор: Придавка
Што дава пријатен звук благозвучен.
Англиски: harmonical

многугласен повеќе

многугласниот
Вид збор: Придавка
повеќегласен
Англиски: polyphon

модерато повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Умерено темпо.
Англиски: moderato

модулација повеќе

мн. модулации
Вид збор: Именка, женски род
Подигање и спуштање, менување на гласот; преоѓање од еден тоналитет на друг во музичка композиција.
Англиски: modulation Албански: modulim

мол повеќе

мн. молови
Вид збор: Именка, машки род
Еден од од двата тонски родови.
Англиски: minor key

музика повеќе

(едн.) музиката
Вид збор: Именка, женски род
Уметност изразена преку тонови, тонска уметност.
Англиски: music Албански: muzikë
музички оркестар
Англиски: band Албански: orkestër
мелодија, ноти, партитура
Англиски: score Албански: muzikë
(мн. музики) усна хармоника
Англиски: harmonica Албански: harmonikë

музикален повеќе

музикалниот
Вид збор: Придавка
Надарен за музика.
Англиски: musical

музикалии повеќе

Вид збор: Именка, множина
Музички инструменти, ноти и други потреби на музичарите.
Англиски: instruments

музикалност повеќе

(едн.) музикалноста
Вид збор: Именка, женски род
Способност за разбирање и чувствување на музиката, дарба за музика.
Англиски: musicality Албански: muzikalitet
Хармонична звучност.
Англиски: musicality Албански: muzikalitet

музикант повеќе

мн. музиканти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што свири на некој инструмент.
Англиски: musician

музиколог повеќе

мн. музиколози
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со музикологија.

музикологија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за музиката.
Англиски: musicology

музиколошки повеќе

музиколошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на музиколог и музикологија.

музицира повеќе

музицираат
Вид збор: Глагол, несвршен
свири
Англиски: make music

музичар повеќе

мн. музичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава cо музика.
Англиски: musician Албански: muzikant, muzicient

музички повеќе

музичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на музика.
Англиски: musical
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш