Музика и танц - категорија

кавал повеќе

мн. кавали
Вид збор: Именка, машки род
Народен дувачки музички инструмент изработен од дрво, во вид на цевка со осум отвори.
Англиски: flute Турски: kaval

кавалџија повеќе

мн. кавалџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што свири на кавал; свирач на кавал.

каденца повеќе

мн. каденци
Вид збор: Именка, женски род
Акордcки низ со кој се завршува некој дел од композиција или музичко дело како целина.
Англиски: cadence Албански: kadencë
Виртуозен дел на соло-концерт во кој солистот свири без придружба од оркестарот.
Англиски: cadence Албански: kadencë

кадрил повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Bид танц со четворица танцувачи, кои меѓусебно си ги менуваат местата.
Англиски: Quadrille

казачок повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Руско-украинска народна игра чиј ритам постојано се забрзува.

какофонија повеќе

(едн.) какофонијата
Вид збор: Именка, женски род
Повеќе тонови заедно што звучат неусогласено.
Англиски: cacophony Албански: kakofoni

камерен повеќе

камерни
Вид збор: Придавка
Музика што се изведува во мала просторија, пред мал број слушатели, со помалку инструменти и гласови.
Англиски: chamber
Оркестар што изведува камерна музика.
Англиски: chamber

камертон повеќе

мн. камертони
Вид збор: Именка, машки род
Тон според кој се штимаат музичките инструменти, утврдена висина на тонот.
Англиски: concert pitch Германски: Kammerton Албански: kamerton
Мал, музички уред што го дава основниот тон и служи за штимање на музички инструменти.
Англиски: concert pitch Германски: Kammerton Албански: kamerton

канон повеќе

мн. канони
Вид збор: Именка, машки род
Верижно пеење во хор, во кое мелодијата на водечкиот глас ја прифаќаат и другите гласови, повторувајќи ја во определени периоди.
Англиски: canon Албански: këndim kanon
Стар жичен музички инструмент од составот на чалгаџиите.
Англиски: canon Албански: instrument i vjetër, kanon

кантата повеќе

мн. кантати
Вид збор: Именка, женски род
Голема вокално-инструментална композиција од неколку дела за солисти, хор и оркестар.
Англиски: cantata

кантилена повеќе

мн. кантилени
Вид збор: Именка, женски род
Мелодија со певлив, лирски карактер во поголема музичка композиција.

канцона повеќе

мн. канцони
Вид збор: Именка, женски род
Кратка лирcка песна.
Англиски: song Албански: këngë, kanconë
Вид вокална композиција; забавна, обично италијанска, мелодија, песна.
Албански: kanconë

капела повеќе

мн. капели
Вид збор: Именка, женски род
Вокална или инструментална група, хор (обично со помал број пејачи и свирачи).
Англиски: band Албански: kapelë, bandë

капелник повеќе

мн. капелници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што диригира, што раководи со капела.
Англиски: bandmaster

капричо повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид инструментално музичко дело со слободна форма, што се одликува со неочекувани промени и жива мелодија.
Англиски: capriccio

кастанети повеќе

Вид збор: Именка, множина
Ударен музички инструмент, што се состои од две дрвени, метални и сл. плочки, поставени на прстите, кои се удираат една од друга и произведуваат звук.

кварта повеќе

мн. кварти
Вид збор: Именка, женски род
Четврти степен од тонската скала; интервал од четри тонски степени.
Англиски: fourth

квартет повеќе

мн. квартети
Вид збор: Именка, машки род
Музичка творба за четири инструмента или четири гласа.
Англиски: quartet Албански: kuartet
Состав од четири гласа или инструменти.
Англиски: quartet Албански: kuartet

квинта повеќе

мн. квинти
Вид збор: Именка, женски род
Петти степен од тонската скала; интервал од пет тонски степени.
Англиски: fifth Албански: kuinta

квинтет повеќе

мн. квинтети
Вид збор: Именка, машки род
Музичка творба за пет инструмента или за пет гласа.
Англиски: quintette Албански: kuintet
Ансамбл од петмина исполнители.
Англиски: quintette Албански: kuintet

кемане повеќе

Види и: ќемане (ср.)
мн. кеманиња
Вид збор: Именка, среден род
ќемане
Англиски: fiddle

кикс повеќе

мн. киксови
Вид збор: Именка, машки род
Погрешно фатен тон при пеење.
Англиски: false tone Албански: ton i gabuar, kiks

китара повеќе

мн. китари
Вид збор: Именка, женски род
Вид жичен музички инструмент.
Англиски: cithara

клавијатура повеќе

мн. клавијатури
Вид збор: Именка, женски род
Сите клавиши на пијано, оргули и сл.
Англиски: keyboard

клавијатурист повеќе

мн. клавијатуристи
Вид збор: Именка, машки род
Музичар што свири на клавир, на пијано.
Албански: pianist
Музичар кој во ансамбл на забавна музика свири на електронски инструменти со клавијатури.
Англиски: keyboard player Албански: klaviaturist, pianist

клавир повеќе

мн. клавири
Вид збор: Именка, машки род
Музички инструмент со клавиши со чија помош cе пренесуваат удари на чеканчиња врз затегнати жици и се произведува звук.
Англиски: piano Германски: Klavier

клавирист повеќе

мн. клавиристи
Вид збор: Именка, машки род
клавијатурист
Англиски: pianist

кларинет повеќе

мн. кларинети
Вид збор: Именка, машки род
Дрвен, дувачки музички инстримент во форма на труба, со писка.
Англиски: clarinet

клекушка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид машко оро.

клинкачка повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид оро.

клуч повеќе

мн. клучеви
Вид збор: Именка, машки род
Орудие за оптегнување на струните на музички инструмент.
Англиски: key Албански: çelës
Музички знак на почетокот од нотниот систем што го определува тоналитетот.
Англиски: key Албански: çelës
Направа која се користи за штимање гитара.

кобилица повеќе

мн. кобилици
Вид збор: Именка, женски род
Дрво што ги подига жиците на виолина и други гудачки инструменти.
Албански: urë

колоратура повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Виртуозно извивање на гласот при пеење.
Англиски: coloratura

колоратурен повеќе

колоратурниот
Вид збор: Придавка
Што се одликува со колоратура; што добро изведува колоратури.

композитор повеќе

мн. композитори
Вид збор: Именка, машки род
Тој што компонира, автор на музичко дело.
Англиски: composer

композиција повеќе

мн. композиции
Вид збор: Именка, женски род
музичко дело
Англиски: composition Албански: komopozim
Теорија на cоздавање музички дела.
Англиски: composition Албански: kompozim

конзерваториум повеќе

мн. конзерваториуми
Вид збор: Именка, машки род
Највисока музичка школа.
Англиски: conservatory

контраалт повеќе

мн. контраалти
Вид збор: Именка, машки род
Женски пејач со глас подлабок од алт.
Англиски: contralto

контрабас повеќе

мн. контрабаси
Вид збор: Именка, машки род
Најголем и најдлабок гудачки инструмент.
Англиски: double bass

контрабасист повеќе

мн. контрабасисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што свири на контрабас.

контрапункт повеќе

мн. контрапункти
Вид збор: Именка, машки род
Поврзување на две или повеќе мелодии во хармониска целина при нивното изведување.
Англиски: counterpoint

контратенор повеќе

мн. контратенори
Вид збор: Именка, машки род
Машки пејач со глас повисок од тенор.
Англиски: countertenor

концерт повеќе

мн. концерти
Вид збор: Именка, машки род
Изведба на инструментални или вокални композиции пред публика според одредена програма.
Англиски: concert Албански: koncert
Голема музичка творба за некој инструмент со оркестарска придружба.
Англиски: concert Албански: koncert

концертен повеќе

концертниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на концерт, што служи за изведба на концерти.
Примери:
Концертна сала.

концертира повеќе

концертираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава концерт; настапи, настапува како изведувач на концерт.
Англиски: perform

копачка повеќе

мн. копачки
Вид збор: Именка, женски род
Bид народно машко оро кај кое ритамот постојано cе засилува.
Албански: lloj valle

корал повеќе

мн. корали
Вид збор: Именка, машки род
Bид црковна хорска песна што се пее едногласно.
Англиски: chorale Албански: koral

кореограф повеќе

мн. кореографи
Вид збор: Именка, машки род
Уметник што се занимава со кореографија.
Англиски: choreographer

кореографија повеќе

мн. кореографии
Вид збор: Именка, женски род
Опишување на танцовите движења со помош на посебни знаци, наменето за танчарите.
Англиски: choreography Албански: koreografi
Уметност на cоздавање и поставување танци на сцена.
Англиски: choreography Албански: koreografi

кореографира повеќе

кореографираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изведе кореографија.
Англиски: choreograph

корепетитор повеќе

мн. корепетитори
Вид збор: Именка, машки род
Музичар што вежба со солисти или хор, обично придружувајќи ги на пијано.
Албански: korepetitor

корепетиција повеќе

мн. корепетиции
Вид збор: Именка, женски род
Повторување и вежбање во музичката настава и во подготовката за сценски настап.

корнет повеќе

мн. корнети
Вид збор: Именка, машки род
Дувачки лимен инструмент што има форма на рог.
Англиски: cornette Албански: kornet, instrument muzikor

корона повеќе

мн. корони
Вид збор: Именка, женски род
Знак со кој се продолжува траењето на тонот, акордот или на паузата.
Албански: koronë

крешчендо повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Постепено засилување на гласот.
Англиски: crescendo

крстачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Назив на едно народно оро во кое за време на играта нозете се вкрстуваат.
Албански: lloj valle me kryqëzim të këmbëve

ксилофон повеќе

мн. ксилофони
Вид збор: Именка, машки род
Музички инструмент што се cоcтои од дрвени плочки на кои се удира со дрвени удиралки.
Англиски: xylophone

кукуда повеќе

мн. кукуди
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена направа во форма на луле од ореово дрво со која се чука на тапан cо десната рака.

куплет повеќе

мн. куплети
Вид збор: Именка, машки род
Лесна хумористично-сатирична песна со актуелна содржина и ист рефрен и мелодија.
Англиски: music-hall song Албански: kuplet
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш