Митологија - категорија

вампироса повеќе

(се) вампиросаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се претвори во вампир, стане вампир.

вампирџија повеќе

мн. вампирџии
Вид збор: Именка, машки род
Според народното верување, тој што може да види или да убие вампир.

веда повеќе

мн. веди
Вид збор: Именка, женски род
Вештерка, зла самовила; суштество што талка ноќе.
Англиски: witch Албански: shtrigë

Венера повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Римска божица на љубовта (Афродита).
Англиски: Venus Албански: Venera, Afrodita

вила повеќе

мн. вили
Вид збор: Именка, женски род
Женско митско суштество со голема убавина и натприродна моќ.
Англиски: fairy Албански: zanash

вопер повеќе

Види и: вампир (м.)
мн. вопери
Вид збор: Именка, машки род
вампир
Англиски: vampire

врколак повеќе

мн. врколаци
Вид збор: Именка, машки род
Според народното празноверие, човек што ноќе, при полна месечина, се претвора во волк.
Англиски: werewolf
а - б - в - г - д - з - ј - к - м - н - о - п - с - т - ф - х - ч