Медицина - категорија

хабитус повеќе

хабитусот
Вид збор: Именка, машки род
Специфичности во изгледот на еден пациент врз основа на кои може да се постави дијагноза.
Англиски: habitus Албански: habitus

халуцинација повеќе

мн. халуцинации
Вид збор: Именка, женски род
Привидение или појава на измамување на некое сетило поради нервна болест.
Англиски: hallucination

халуцинира повеќе

Види и: халуцинација (ж.)
халуцинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Има, преживува халуцинации.
Англиски: hallucinate

халуцинирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(глаг. им.) халуцинира
Англиски: hallucination

халуциноген повеќе

халуциногениот
Вид збор: Придавка
Што предизвикува халуцинации.
Англиски: hallucinogenic

хелиотерапија повеќе

мн. хелиотерапии
Вид збор: Именка, женски род
Лекување со помошта на сончевата светлина.
Англиски: heliotherapy

хелиотераписки повеќе

Види и: хелиотерапија (ж.)
хелиотераписки
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хелиотерапија.
Примери:
Хелиотераписко лекување.

хематоген повеќе

ематогениот
Вид збор: Придавка
Што доаѓа преку крвта.
Англиски: hematogenic
Примери:
хематогени бактерии
Што создава крв.
Англиски: hematogenic

хематолог повеќе

мн. хематолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по хематологија.
Англиски: hematologist

хематологија повеќе

(едн.) хематологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за крвта.
Англиски: hematology

хематом повеќе

мн. хематоми
Вид збор: Именка, машки род
Оток од згрутчена крв; излив на крв.
Англиски: hematoma

хемоглобин повеќе

(едн.) хемоглобинот
Вид збор: Именка, машки род
Материја што дава на крвта црвена боја.
Англиски: hemoglobin

хемороиди повеќе

хемороидите
Вид збор: Именка, множина
Болест на задното црево.
Англиски: hemorrhoids

хемотерапија повеќе

мн. хемотерапии
Вид збор: Именка, женски род
Третман на болести, вклучувајќи рак, со хемикалии.
Англиски: chemotherapy

хемоторакс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Излив на крв во белите дробови.

хемофилија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наследна болест со крварење поради пореметување на способноста на организмот да ја контролира коагулацијата на крвта.
Англиски: hemophilia

хемофиличар повеќе

мн. хемофиличари
Вид збор: Именка, машки род
Лице болно од хемофилија.
Англиски: hemophiliac

хендикепиран повеќе

Види и: хендикепира (св. и несв.)
хендикепирани
Вид збор: Придавка
Со физички или ментален недостаток.
Англиски: disabled

хепатит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Хепатит или Хепатитис претставува оштетување на црниот дроб, предизвикано од воспалителни клетки во ткивото на црниот дроб.
Латински: hepatitis Англиски: hepatitis

хернија повеќе

(едн.) хернијата
Вид збор: Именка, женски род
Протурување на некои органи.
Латински: hernia Англиски: hernia

хероин повеќе

(едн.) хероинот
Вид збор: Именка, машки род
Силно наркотично средство што се добива од морфиум.
Англиски: heroin
Примери:
Причина за смртта била употреба на преголемо количество на алкохол и хероин.

херпес повеќе

(едн.) херпесот
Вид збор: Именка, машки род
Вирусна болест што предизвикува ситни меурчиња на слузокожата во пределот на усните, носот и половите органи.
Англиски: herpes

хетеросексуалец повеќе

мн. хетеросексулаци
Вид збор: Именка, машки род
Што не е хомосексуалец; што има сексуални односи со спротивниот пол.
Англиски: heterosexual

хибернација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на успорен метаболизам постигната со намалување на телесната температура.
Англиски: hibernation Албански: letargji, dimërim

хигиена повеќе

(едн.) хигиената
Вид збор: Именка, женски род
Наука за чувањето на здравјето.
Англиски: hygiene Албански: higjienë
Примери:
Хигиената е услов за добро здравје.

хидротерапевт повеќе

мн. хидротерапевти
Вид збор: Именка, машки род
Лекар што практикува хидротерапија.

хидротерапија повеќе

хидротерапијата
Вид збор: Именка, женски род
Лекување со вода.
Англиски: hydrotherapy

хидрофобија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
страв од вода
Англиски: hydrophobia

хинин повеќе

Види и: кинин (м.)
Вид збор: Именка, машки род
Лек добиен од кората на хининовото дрво.
Англиски: quinine Турски: kinin

хининов повеќе

хининово
Вид збор: Придавка
кининов
Англиски: quinine Албански: kinini
Примери:
Хининово дрво.

хиперактивен повеќе

хиперактивни
Вид збор: Придавка
Болен со симптоми на преголема активност.
Англиски: hyperactive

хиперманган повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Темнотемјанушни кристали со метален сјај; се употребува во воден раствор за плакнење на рани заради дезинфекција.

хипертензија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Висок крвен притисок.
Англиски: hypertension

хипертонија повеќе

(едн.) хипертонијата
Вид збор: Именка, женски род
Зголемен, повишен крвен притисок.
Англиски: hypertension
Примери:
Хипертонијата може да доведе до мозочен удар.

хипертоничен повеќе

хипертонична
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хипертонија.
Англиски: hypertonic
Примери:
Хипертоничен желудник.

хипертрофија повеќе

(едн.) хипертрофијата
Вид збор: Именка, женски род
Неприродно зголемување на некој орган поради болест, засилена работа и сл.
Англиски: hypertrophy
Примери:
Хипертрофија на срцето.

хипертрофиран повеќе

хипертрофирана
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хипертрофија; неприродно зголемен.
Примери:
Хипертрофиран бубрег.

Хипократ повеќе

Вид збор: Име
Лекар во Античка Грција; татко на медицината.
Англиски: Hippokrates

хипотакса повеќе

мн. хипотакси
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на подредување на волјата и контролата, среден степен на хипноза.
Англиски: hypotaxis Албански: hipotaksë

хипотензија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Хронично низок крвен притисок.
Англиски: hypotension

хипохондрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Нервна растроеност; неоснован страв од болест.
Англиски: hypochondria

хипохондрик повеќе

мн. хипохондрици
Вид збор: Именка, машки род
Вообразен болен.
Англиски: hypochondriac

хипохондричен повеќе

хипохондрична
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хипохондрија.
Англиски: hypochondric

хирург повеќе

мн. хирурзи
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист по хирургија.
Англиски: surgeon

хирургија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Оддел од медицината што ги изучува оперативните методи во лекувањето на болестите лекување на болестите по оперативен пат.
Англиски: surgery

хирургиски повеќе

Види и: хируршки (прид.)
хирургиска
Вид збор: Придавка
хируршки
Англиски: surgical

хируршки повеќе

хируршка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хирургија и хирург; кој е остварен со средствата на хирургијата.
Англиски: surgical
Кој се користи од хирургијата.
Англиски: surgical

хистерија повеќе

хистеријата
Вид збор: Именка, женски род
Вид нервно растројство.
Англиски: hysteria
Примери:
Падна во хистерија.

хистерик повеќе

мн. хистерици
Вид збор: Именка, машки род
Хистеричен човек.
Англиски: hysteric

хистеричен повеќе

хистерична
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хистерија; кој страда од хистерија.
Англиски: hysteric
Примери:
Хистерична жена.

хистеричност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
хистеричен

хистологија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за строежот на ткивата на човечкиот организам.
Англиски: histology

хистолошки повеќе

хистолошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хистологија.
Англиски: histologic
Примери:
Хистолошки испитувања.

хлороформ повеќе

(едн.) хлороформот
Вид збор: Именка, машки род
Безбојна сладникава течност се употребува за наркоза.
Англиски: chloroform

холестерин повеќе

мн. холестерини
Вид збор: Именка, машки род
Масти кои се дел на сите животински ткива.
Англиски: cholesterol

холестерол повеќе

Вид збор: Именка, машки род
холестрин
Англиски: cholesterol

холистика повеќе

(едн.) холистиката
Вид збор: Именка, женски род
Третман на пациентот како физичка и психолошка целина.
Англиски: holistic Албански: holistikë

хомеопатија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Алтернативна метода на лекување заснована на учењето на германскиот лекар Самуел Ханеман.
Англиски: homeopathy Германски: Homöopathie

хомологен повеќе

хомологни
Вид збор: Придавка
(при трансплантација на органи) поднослив
Англиски: allogenic

хормон повеќе

мн. хормони
Вид збор: Именка, машки род
Материја во крвта што се излачува од жлездите со внатрешна секреција.
Англиски: hormone

хоспитализација повеќе

хоспитализацијата
Вид збор: Именка, женски род
Сместување во болница.
Англиски: hospitalization

хоспитализира повеќе

хоспитализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Префрлува во болница и става под лекарска контрола.
Англиски: hospitalize
Примери:
Три лица беа хоспитализирани.

хранителен повеќе

хранителни
Вид збор: Придавка
Кој содржи доволно количество корисни материи за организмот.
Англиски: nourishing Албански: ushqyes, i ushqyeshëm

хранлив повеќе

хранливи
Вид збор: Придавка
Кој содржи доволно количество корисни материи за организмот.
Англиски: nutritious
Примери:
Хранливи сокови.

хранливост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
хранлив
Англиски: nutritiousness
Примери:
Хранливоста на зеленчукот и на овошјето.

хрема повеќе

хремата
Вид збор: Именка, женски род
Воспаление на слузницата на носот.
Англиски: cold

хремав повеќе

хремави
Вид збор: Придавка
Кој е болен од хрема.
Англиски: have a cold

хроничен повеќе

хроничниот
Вид збор: Придавка
Обично за болест - кој продолжува долго време; кој не може да се излекува.
Англиски: chronic
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш