Медицина - категорија

таблета повеќе

мн. таблети
Вид збор: Именка, женски род
апче
Англиски: pill

тагари повеќе

тагарат
Вид збор: Глагол, несвршен
надувува
Англиски: inflate Албански: frynë
Примери:
Проклетата треска само мевот му го тагареше.

тампон повеќе

мн. тампони
Вид збор: Именка, машки род
Топче памук или газа што се употребува за запирање на крв и сл.
Англиски: tampon Албански: tampon

тампонира повеќе

тампонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стави тампон, запре, запира крв со тампон.
Англиски: tampon Албански: tamponoj

тап повеќе

тапи
Вид збор: Придавка
За болка или друг усет.
Англиски: dull Албански: e mbytur

татаркурти повеќе

Вид збор: Именка, множина
преплет црева
Латински: volvulus Англиски: volvulus Турски: tatar kurt

тахикардија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Забрзано биење на срцето.
Англиски: tachycardia

тегоба повеќе

мн. тегоби
Вид збор: Именка, женски род
болка
Англиски: pain Албански: dhimbje
Примери:
Тегоби во градниот кош.

тежок повеќе

тешки
Вид збор: Придавка
За жена или женско животно - трудна, бремена.
Англиски: pregnant Албански: shtatzënë

текнефес повеќе

Вид збор: Придавка
Особено за коњ, астматичен, кој пати од задув.
Англиски: asthmatic Турски: tıknefes

телесно повеќе

Вид збор: Прилог
Што се однесува на тело(то).
Англиски: physically
Примери:
Којшто ќе трпи до крај, тој ќе се спаси и душевно и телесно.

темперамент повеќе

мн. темпераменти
Вид збор: Именка, машки род
Општо - како целокупност од својствата на психичката конституција на човекот.
Англиски: temperament Албански: temperament
Примери:
Буен темперамент.

температура повеќе

мн. температури
Вид збор: Именка, женски род
Повишена топлина на човечко или животинско тело при болест.
Англиски: temperature Албански: temeperaturë

тен повеќе

тенот
Вид збор: Именка, машки род
Боја на лицето, на кожата.
Англиски: complexion Турски: ten Француски: teint

тенија повеќе

мн. тении
Вид збор: Именка, женски род
Вид долга глиста која како паразит живее во цревата на човек или на некои животни.
Латински: Taenia solium Англиски: tapeworm

терапевт повеќе

мн. терапевти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за терапија.
Англиски: therapist

терапевтика повеќе

терапевтиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука за третман на болести.
Англиски: therapeutic

терапевтски повеќе

терапевтска
Вид збор: Придавка
Наменет за лекување на болести.
Англиски: therapeutic
Што има лековито дејство.
Англиски: healing

терапија повеќе

мн. терапии
Вид збор: Именка, женски род
лекување на болести
Англиски: therapy

тераписки повеќе

тераписка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на терапија.
Англиски: therapeutic

термометар повеќе

мн. термометри
Вид збор: Именка, машки род
топломер
Англиски: thermometer Албански: termometër

терморегулација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Способност на организмот да ја одржува температурата во одредени граници.
Англиски: thermoregulation

термотерапија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лечење со помош на топлина.
Англиски: thermotherapy

терцијана повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Маларична треска што се повторува секој трет ден.

тесноград повеќе

тесногради
Вид збор: Придавка
Кој има тесни гради.

тестис повеќе

Вид збор: Именка, машки род
тестикул

тестостерон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Машки полов хормон.
Англиски: testosteron

тетанија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болест на нервите која се манифестира со силно грчеви на мускулите.
Латински: tetania Англиски: tetany

тетанус повеќе

(едн.) тетанусот
Вид збор: Именка, машки род
Тешка инфекциозна болест.
Англиски: tetanus

тешка повеќе

Вид збор: Придавка
трудна, бремена
Англиски: pregnant

тик повеќе

мн. тикови
Вид збор: Именка, машки род
Нервозна навика со телесни движења.
Англиски: tic

тилен повеќе

тилна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тил.
Примери:
Тилна коска.

тинктура повеќе

мн. тинктури
Вид збор: Именка, женски род
Раствор на некоја материја, лек во шпиритус или етар.
Англиски: tincture
Примери:
Јодна тинктура.

тифус повеќе

(едн.) тифусот
Вид збор: Именка, машки род
опасна инфективна болест
Англиски: typhus

тифусар повеќе

мн. тифусари
Вид збор: Именка, машки род
Болен од тифус.

тифусен повеќе

тифусна
Вид збор: Придавка
Што е во врска со тифус.
Англиски: typhoid
Примери:
Тифусна треска.

товарен повеќе

товарни
Вид збор: Придавка
бремен
Англиски: pregnant
Примери:
Товарна жена.

токсикација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
труење
Англиски: toxication

токсиколог повеќе

Види и: токсикологија (ж.)
мн. токсликолози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист по токсикологија.
Англиски: toxicologist

токсикологија повеќе

(едн.) токсикологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за отровите, дел од интерната медицина кој се занимава со труењата и дејството на отровите на човечкиот организам.
Англиски: toxicology

токсиколошки повеќе

Види и: токсикологија (ж.)
токсиколошка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на токсикологија.
Англиски: toxicologic
Примери:
Токсиколошка анализа.

токсин повеќе

мн. токсини
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) Отровна материја што ја одделуваат микроорганизмите или некои животни и растенија.
Англиски: toxin

токсичен повеќе

токсична
Вид збор: Придавка
Што се однесува на токсини.
Англиски: toxic

томографија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Сликање на телото слој по слој со помош на електромагнетски таласи.
Англиски: tomography
Примери:
компјутерска томографија

тоник повеќе

мн. тоници
Вид збор: Именка, машки род
Средство за закрепнување.
Англиски: tonic Француски: tonique
Примери:
Се препорачува освежителен тоник за лице што има антибактериско влијание.

тонус повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Нормална состојба на напрегнатост на мускулот.
Латински: tonus Англиски: tonus

топломер повеќе

мн. топломери
Вид збор: Именка, машки род
Инструмент за мерење на температура на телото.
Англиски: thermometer

транс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Помрачување на свеста, губење на волјата при хипноза, хипнотички сон.
Англиски: hypnosis Албански: hipnozë

трансплантација повеќе

мн. трансплантации
Вид збор: Именка, женски род
пресадување на органи
Англиски: transplantation
Примери:
трансплантација на срце

трансплантира повеќе

трансплантираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пресадува орган или ткиво.
Англиски: transplant
Примери:
Му трасплантираа нов бубрег.

транссексуален повеќе

транссексуалниот
Вид збор: Придавка
Што е физички од еден пол, а се чувствува како од другиот.
Англиски: transsexual

трансфузија повеќе

мн. трансфузии
Вид збор: Именка, женски род
Преточување, преливање крв од еден организам во друг.
Англиски: transfusion

траума повеќе

мн. трауми
Вид збор: Именка, женски род
Органски оштетувања настанати како резултат на физичка сила.
Англиски: trauma Албански: traumë
Душевни растројства што делуваат во потсвеста.
Англиски: trauma Албански: traumë

трауматизам повеќе

трауматизмот
Вид збор: Именка, машки род
Состојба создадена при траума.
Англиски: traumatism

трауматизира повеќе

Види и: траума (ж.)
трауматизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Тешко повредува, доведува до траума,
Англиски: traumatize Албански: traumatizoj
(се трауматизира) Тешко се повредува.
Англиски: traumatize Албански: traumatizohem

трауматичен повеќе

трауматични
Вид збор: Придавка
Што предизвикува траума.
Англиски: traumatic

трауматолог повеќе

мн. трауматолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за тешки повреди.
Англиски: traumatologist

трауматологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука и пракса за третман на тешки телесни повреди и рани.
Англиски: traumatology Албански: traumatologji
Болничко одделение во кое се третираа трауматизирани пациенти.
Англиски: traumatology Албански: traumatologji

трауматолошки повеќе

трауматолошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на трауматологија.
Англиски: traumatological

трахеотомија повеќе

мн. трахеотомии
Вид збор: Именка, женски род
Засек во трахејата за олеснување на дишењето.
Англиски: tracheotomy

трахома повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Инфективно воспаление на очните капаци предизвикано од бактерии.
Латински: Conjunctivitis (granulosa) trachomatosa Англиски: trachoma

тресе повеќе

тресат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трепери како резултат од треска.
Англиски: shake Албански: dridh

треска повеќе

мн. трески
Вид збор: Именка, женски род
Вид на болест, грозница.
Латински: Febris Англиски: fever Албански: ethe

трескав повеќе

трескави
Вид збор: Придавка
Што има треска.
Англиски: feverish
Примери:
Овие денови сум некако трескав.

третман повеќе

третманот
Вид збор: Именка, машки род
Давање медицинска нега на пациентот.
Англиски: treatment Албански: trajtim

трипер повеќе

(едн) триперот
Вид збор: Именка, машки род
Вид венерична болест.
Англиски: gonorrhoea

трихина повеќе

Види и: трихиноза (ж.)
мн. трихини
Вид збор: Именка, женски род
Паразит што предизвикува трихиноза.
Англиски: trichina

трихиноза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болест што се карактеризира со треска, проблеми со варењето и вкочанетост на мускулите.
Англиски: trichinosis

тромб повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Грутка крв што го спречува течењето на крвта и предизвикува тромбоза.

тромбоза повеќе

тромбозата
Вид збор: Именка, женски род
Затинање на крвоносни садови од парче засирена крв.
Англиски: thrombosis

тромбоцит повеќе

мн. тромбоцити
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Клетка што учествува во згрутчувањето на крвта.
Англиски: thrombocyte

тропа повеќе

тропаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За срце, чука.
Англиски: palpitate Албански: rreh

тропне повеќе

тропнат
Вид збор: Глагол, свршен
За срце - удира, работи.
Англиски: palpitate Албански: rreh

тртка повеќе

мн. тртки
Вид збор: Именка, женски род
Стврдната кожа обично на прстите од рацете или нозете, на набиено место, мозол, мозолка.
Англиски: wart Албански: lyth

трудница повеќе

мн. трудници
Вид збор: Именка, женски род
Трудна, бремена жена.
Англиски: pregnant woman

трудност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
бременост
Англиски: pregnancy Албански: shtatzëni

труе повеќе

трујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Убива со отров.
Англиски: poison Албански: helmon
(за алкохол, тутун) Нанесува штета на организмот.
Англиски: damage Албански: dëmton
(се труе) Си штети себеси.
Англиски: poison Албански: dëmtoj

труење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Навлегување на отров во организмот.
Англиски: poisoning Српски: тровање Албански: helmim Бугарски: отравяне Грчки: δηλητηρίαση

труп повеќе

мн. трупови
Вид збор: Именка, машки род
леш
Англиски: carcass Албански: kufomë

туба повеќе

мн. туби
Вид збор: Именка, женски род
Стаклена цевка, со отвор на едниот крај, во која се пакуваат лекови и сл.
Англиски: vial Албански: shishkë

туберкулоза повеќе

(едн.) туберкулозата
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест предизвикана од Коховиот бацил.
Латински: Bacilum tubercolosa Англиски: tuberculosis
Примери:
Белодробна туберкулоза - сушица, офтика.

туберкулозен повеќе

туберколозни
Вид збор: Придавка
Кој боледува од туберкулоза.
Англиски: tuberculous
Примери:
туберкулозен човек
Што се однесува на туберкулоза.
Англиски: tubercular
Примери:
туберкулозни бацили

тумор повеќе

мн. тумори
Вид збор: Именка, машки род
Оток, новостворен израсток на организмот.
Англиски: tumor
Примери:
Доброќуден и злоќуден тумор.

тупање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(за срце) чукање, удирање
Англиски: throbbing Албански: rreh

тупкање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(за срце) чукање
Англиски: throbbing Албански: rreh

тупне повеќе

тупнат
Вид збор: Глагол, свршен
(за срце) чукне
Англиски: beat Албански: rreh
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш