Медицина - категорија

садомазохизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Полова изопаченост со присуство и на садистички и на мазохистички елементи.
Англиски: sadomasochism

сакагија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид животинска болест.
Англиски: equinia Турски: sakağı

сакаглив повеќе

сакагливи
Вид збор: Придавка
Кој има сакагија.
Примери:
Сакаглив коњ.

сакагливост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сакаглив

сакат повеќе

сакати
Вид збор: Придавка
Кој е со повредена рака или нога.
Англиски: disabled Турски: sakat

сакати повеќе

сакатат
Вид збор: Глагол, несвршен
Повредува рака или нога.
Англиски: disable Албански: sakatos
Примери:
Од ден на ден тие сакатат.

сакатиса повеќе

Види и: осакати (св.)
сакатисаат
Вид збор: Глагол, свршен
осакати
Англиски: disable
Примери:
Другите ги сакатисаа од мавање.

сакатник повеќе

мн. сакатници
Вид збор: Именка, машки род
сакат човек
Англиски: disabled man
Примери:
(нар. поез.) Ти се молам, младо ти патниче, / подари ме мене сакатника.

сакатница повеќе

Види и: сакатник (м.)
мн. сакатници
Вид збор: Именка, женски род
за жена сакатник
Англиски: disabled woman

сакатост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Состојба на тој што е сакат.
Англиски: disability

салицилен повеќе

салицилна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на салицил.
Англиски: salicylic
Примери:
Салицилна киселина.

салмонела повеќе

мн. салмонели
Вид збор: Именка, женски род
Бактерија што предизвикува труење со храна.
Латински: Salmonella Англиски: salmonella

самосугестија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сугестивно влијание врз самиот себеси.
Англиски: autosuggestion

санаториум повеќе

мн. санаториуми
Вид збор: Именка, машки род
Установа за лекување и одмор.
Англиски: sanatorium
Примери:
Санаториум за болни од туберкулоза.

санаториумски повеќе

Види и: санаториум (м.)
санаториумска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на санаториум.
Примери:
Санаториумски режим.

санација повеќе

мн. санации
Вид збор: Именка, женски род
излекување, оздравување
Англиски: healing Албански: sanim, shërim

сангвиник повеќе

мн. сангвиници
Вид збор: Именка, машки род
Човек со сангвиничен темперамент.
Англиски: sanguine person

санира повеќе

санираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Излекува, лекува некого.
Англиски: rehabilitate Албански: sanoj, shëroj
Примери:
Неговите рани се санирани.

санитар повеќе

мн. санитари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што припаѓа кон помошниот медицински персонал.
Англиски: ambulance Албански: sanitet, infermier
Во војската - војник подготвен да дава прва помош.
Англиски: paramedic Албански: sanitet

санитарка повеќе

мн. санитарки
Вид збор: Именка, женски род
За жена санитар.
Англиски: paramedic

санитет повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Јавни установи за чување на здравјето, здравство.
Англиски: Health Service Албански: Shërbimi shëndetësor
Војник болничар.
Англиски: paramedic Албански: sanitet

сараџа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
жива рана
Англиски: open wound Турски: sıraca
Туберколоза на лимфните жлезди.
Англиски: scrofula
Заразна болест кај коњите, еден вид сакагија.

саркома повеќе

саркомата
Вид збор: Именка, женски род
Малиген тумор, рак.
Англиски: sarcoma

свари повеќе

сварат
Вид збор: Глагол, свршен
За желудник, преработува.
Англиски: digest Албански: tretet

сварлив повеќе

сварливи
Вид збор: Придавка
Кој може да се свари.
Англиски: digestible
Примери:
Лесно сварлива храна.

свест повеќе

(едн.) свеста
Вид збор: Именка, женски род
Способност на човека да ја восприема стварноста што го окружува.
Англиски: awareness Албански: vetëdije, ndërgjegje

себореја повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кожна болест со преголемо лачење на лојните жлезди што доведува до опаѓање на косата.
Англиски: seborrhea

сегментација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Во биологијата - дробење на јајцата на множество ќелии при развитокот на зародишот.
Англиски: segmentation Албански: segmentim

седатив повеќе

мн. седативи
Вид збор: Именка, машки род
Средство за смирување на нервниот систем.
Англиски: sedative
Примери:
Балканот е најголем потрошувач на седативи.

седативен повеќе

Види и: седатив (м.)
седативниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на седатив.
Англиски: sedative
Што делува смирувачки.
Англиски: sedative

седиментација повеќе

(едн.) седиментацијата
Вид збор: Именка, женски род
таложење
Англиски: sedimentation
Примери:
Седиментација на крвта.

седмаче повеќе

мн. седмачиња
Вид збор: Именка, среден род
Предвреме родено дете во седмиот месец на бременоста.
Англиски: preemie Албански: shtatëmuajsh, shtatanik

седмомесече повеќе

Види и: седмаче (ср.)
мн. седмомесечиња
Вид збор: Именка, среден род
седмаче
Англиски: preemie

секвестар повеќе

мн. секвестри
Вид збор: Именка, машки род
Умртвен дел на ткиво кој се одделува од здравиот дел.
Латински: sequestrum Англиски: sequestrum Албански: sekuestër

секвестрација повеќе

мн. секвестрации
Вид збор: Именка, женски род
Образување секвестар.
Англиски: sequestration Албански: sekuestrim

секне повеќе

секнат
Вид збор: Глагол, свршен
жегне
Англиски: stitch Албански: më therr

секрет повеќе

мн. секрети
Вид збор: Именка, машки род
Она што се излачува од некои жлезди - на пример, плунка, слини, желудочен сок и сл.
Англиски: secrete Албански: fsheh

секретен повеќе

секретна
Вид збор: Придавка
Кој излачува секрет.
Примери:
Секретни жлезди.

секреција повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Лачење секрет од жлезди.
Англиски: secretion
Примери:
Внатрешна секреција.

сексолог повеќе

мн. сексолози
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по сексологија
Англиски: sexologist

сексологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што го проучува половиот живот или половите односи кај човекот.
Англиски: sexology

сексуален повеќе

сексуални
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на половиот живот.
Англиски: sexual
Примери:
Сексуални односи.

секција повеќе

мн. секции
Вид збор: Именка, женски род
Расечување на труп.
Англиски: dissect Албански: copëtoj

секцира повеќе

секцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Распори, распорува, расчлени, расчленува; анатомски препарира.
Англиски: dissect

секцирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
секцира
Англиски: dissection

семе повеќе

семиња
Вид збор: Именка, среден род
сперма
Англиски: sperm Албански: farë, spermë

семен повеќе

семениот
Вид збор: Придавка
Што содржи семе.
Англиски: sperm
Примери:
Семена кесичка.

семенен повеќе

семена
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на семе; кој содржи семе.
Примери:
Семенен канал.

семиотика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за симптомите.
Англиски: semiotic Албански: semiotikë, shkenca e simptomeve

сенилност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сенилен
Англиски: senility

сепса повеќе

сепсата
Вид збор: Именка, женски род
Општо заразување на организмот; труење на крвта.
Англиски: sepsis

серозен повеќе

серозниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на серум, што се состои од серум или е смешан со серум.

серологија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Дел од биологијта што ги изучува серумите.

серолошки повеќе

серолошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на серумот и неговото испитување.

серотерапија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Лекување на инфективни заболувања со серуми.

серум повеќе

мн. серуми
Вид збор: Именка, машки род
Препарирана крвна вода што се дава со инјекции и служи како претпазно средство.
Англиски: serum
Примери:
Серум против сипаници.

серумски повеќе

Види и: серум (м.)
серумскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на серум
Примери:
Серумски препарат.

сестра повеќе

мн. сестри
Вид збор: Именка, женски род
Медицински помошен персонал.
Англиски: nurse

сетило повеќе

мн. сетила
Вид збор: Именка, среден род
(обично мн.) Органи кај човекот и животните преку кои се примаат впечатоци од надворешниот свет.
Англиски: sense
Примери:
Сетило за вкус.

сецира повеќе

сецираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши аутопсија.
Англиски: dissect

СИДА повеќе

(едн.) СИДАТА
Вид збор: Именка, женски род
Тешка вирусна болест што го онеспособува имунолошкиот систем.
Англиски: AIDS

силикоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болест на белите дробови што се добива од долгорочно вдишување на прашина.
Англиски: silicosis

симпатичен повеќе

симпатични
Вид збор: Придавка
Дел од вегетативениот нервен систем.
Англиски: sympathetic

симптом повеќе

мн. симптоми
Вид збор: Именка, машки род
Карактеристична пројава или надворешен признак на некоја болест.
Англиски: symptom Албански: symptom
Примери:
Сите симптоми зборуваат за заболување на белите дробови.

синаестезија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Надразба што се чувствува во дел од телото создадена со стимулирање на друг дел.
Англиски: synesthesia

синдром повеќе

мн. синдроми
Вид збор: Именка, машки род
Комплекс од симптоми карактеристични за некое заболување.
Англиски: syndrome

синевица повеќе

мн. синевици
Вид збор: Именка, женски род
Синкава трага по телото.
Англиски: bruise Албански: blanë, vend i mavijosur
Примери:
По нозете имаше повеќе синевици.

синкопа повеќе

мн. синкопи
Вид збор: Именка, женски род
Несвестица поради мозочна анемија.
Англиски: syncope Албански: sinkopë, fikët

синус повеќе

мн. синуси
Вид збор: Именка, машки род
шуплина, канал
Англиски: sinus Албански: sinus, zgavër
Примери:
Воспаление на синусите.

синусен повеќе

синусни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на синус.
Примери:
Синусно воспаление.

сипак повеќе

мн. сипци
Вид збор: Именка, машки род
сипка, сипаници
Англиски: rash

сипаница повеќе

мн. сипаници
Вид збор: Именка, женски род
(почесто мн.) Сипаници - детска заразна болест.
Англиски: measles

сипаничав повеќе

сипаничави
Вид збор: Придавка
Кој е болен од сипаници.
Примери:
Детето ми е сипаничаво.
За човечко лице - со траги од сипаници.
Примери:
Сипаничавото момче.

сипе повеќе

сипат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сипе) Се покрие со сипка.
Албански: hedh

сипка повеќе

мн. сипки
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Гнојници по кожата поради болеста сипаница.
Англиски: rash Албански: puçërr

сипкав повеќе

Вид збор: Придавка
сиплив

сируп повеќе

мн. сирупи
Вид збор: Именка, машки род
Лек против кашлица.
Англиски: syrup Албански: shurup

систола повеќе

мн. систоли
Вид збор: Именка, женски род
Собирање, стегање на срцевиот мускул, при што доаѓа до исфрлање крв од срцевите комори во крвните садови.
Англиски: systole

ситост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Состојба во која не се чувствува глад.
Англиски: saturation
Примери:
До ситост.

сифилис повеќе

сифилисот
Вид збор: Именка, машки род
Заразна венерична болест.
Англиски: syphilis

сифилистичар повеќе

мн. сифилистичари
Вид збор: Именка, машки род
Човек болен од сифилис.
Англиски: syphilistic

сифилистичарка повеќе

Види и: сифилистичар (м.)
мн. сифилистичарки
Вид збор: Именка, женски род
За жена сифилистичар.
Англиски: syphilistic

сифилистичен повеќе

сифилистична
Вид збор: Придавка
Кој страда од сифилис.
Англиски: syphilistic
Примери:
Сифилистични болни.

сифилистички повеќе

сифилистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сифилис, карактеристичен за сифилис.
Англиски: syphilistic
Примери:
Сифилистичка пневмонија.

скалпел повеќе

мн. скалпели
Вид збор: Именка, машки род
Мал хируршки нож, обично со сечило во вид на лак.
Англиски: scalpel

скалпира повеќе

скалпираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Симне, симина скалп од некого.
Англиски: scalp

скарлатина повеќе

(едн.) скарлатината
Вид збор: Именка, женски род
Тешка заразна болест со карактеристичен посип по кожата.
Англиски: scarlet fever

скелет повеќе

мн. скелети
Вид збор: Именка, машки род
Многу слаб човек.
Англиски: skeleton Албански: skelet

скелетен повеќе

скелетна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на скелет.

скенира повеќе

скенираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прегледува пациент со скенер.
Англиски: scan

склероза повеќе

(едн.) склерозата
Вид збор: Именка, женски род
Отврднување на некои органи.
Англиски: sclerosis

склерозен повеќе

склерозни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на склероза.
Англиски: sclerotic
Примери:
Склерозни појави.

склеротик повеќе

мн. склеротици
Вид збор: Именка, машки род
Човек што страда од склероза.
Англиски: sclerotic

склеротичен повеќе

склеротични
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на склероза; зафатен од склероза.
Англиски: sclerotic
Примери:
Склеротичен процес.

скокот повеќе

(едн.) скокотот
Вид збор: Именка, машки род
Слабо дразнење предизвикано од допир на кожата придружено обично со смеа.
Англиски: tickle Албански: gilgicje
Примери:
Има скокот.

сколиоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
искривување на ’рбетниот столб
Англиски: scoliosis

скомина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Истрпнување на забите при јадење на нешто кисело.
Примери:
Јадев зелени сливи и сега имам скомина.

скорбут повеќе

(едн.) скорбутот
Вид збор: Именка, машки род
Вид авитаминоза, болест што се развива поради исхрана сиромашна со витамини, цинга.
Англиски: scurvy

скорбутен повеќе

скорбутни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на скорбут.
Примери:
Скорбутни симптоми.

скочани повеќе

скочанат
Вид збор: Глагол, свршен
(се скочани) За труп - стане студен и тврд, истине.
Албански: ngrij

скрастави повеќе

скрастават
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, зарази со красти.
Англиски: scab Албански: dregëzoj, zgjeboj
Примери:
Ја скрастави ќерка му од царот.

скрастосување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
скраставување

скрофули повеќе

Вид збор: Именка, множина
Oтоци на вратните жлезди.
Англиски: goiter

скрофулоза повеќе

(едн.) скрофулозата
Вид збор: Именка, женски род
Заболување на вратните жлезди, обично на туберкулозна основа.
Англиски: goiter

скрофулозен повеќе

скрофулозни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на скрофулоза; болен од скрофули.
Примери:
Скрофулозно дете.

скрофулозност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
скрофулозен

скршеница повеќе

мн. скршеници
Вид збор: Именка, женски род
скршување на коска
Англиски: fracture

слаб повеќе

слаби
Вид збор: Придавка
Кој нема доволно физичка сила; кој е со опаднати физички сили; кој не е наполно здрав.
Англиски: weak

слабокрвен повеќе

слабокрвна
Вид збор: Придавка
Кој страда од слабокрвност; болен, блед поради слабокрвност.
Англиски: anemic
Примери:
Слабокрвно лице.

слабокрвност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
анемија
Англиски: anemia

слабоумен повеќе

слабоумна
Вид збор: Придавка
Недоволно умен, глупав, тап.
Англиски: imbecile
Примери:
Слабоумно дете.

слабоумје повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Состојба на слабоумен; недоволна умствена способност.
Англиски: imbecility
Примери:
Вродено слабоумје.

слабоумник повеќе

мн. слабоумници
Вид збор: Именка, машки род
Слабоумен човек.
Англиски: imbecile

слабоумно повеќе

Вид збор: Прилог
слабоумен
Англиски: imbecile

слабоумност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
слабоумен
Англиски: imbecility

слепак повеќе

мн. слепци
Вид збор: Именка, машки род
Чир без врв, слеп чир.
Албански: ulçer, i thatë pa majë

слепец повеќе

мн. слепци
Вид збор: Именка, машки род
Слеп човек.
Англиски: blind Албански: i verbër, qorr
Примери:
Се собираа околу слепецот.

слепоочен повеќе

слепоочна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на слепото око.
Примери:
Слепоочна коска.

слепороден повеќе

слепородена
Вид збор: Придавка
Слеп од раѓањето.
Примери:
Слепородено дете.

слепост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
слепота
Англиски: blindness

слуз повеќе

слузта
Вид збор: Именка, женски род
Густа, лигава течност што ја лачат некои жлезди (во носот, во устата) или некои клетки.

слузен повеќе

слузни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на слуз, кој има карактер на слуз.
Англиски: slimy
Примери:
Слузна материја.

слузест повеќе

слузести
Вид збор: Придавка
Кој содржи, кој лачи слуз.
Примери:
Слузести жлезди.

слух повеќе

мн. слухови
Вид збор: Именка, машки род
Едно од петте сетила, способност да се слуша; способност правилно да се восприемаат и произведуваат музички звуци.
Англиски: hearing Албански: ndëpgjim, të ndëgjuarit
Примери:
Органи на слухот.

слухов повеќе

слухови
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на слух.
Англиски: hearing
Примери:
Слухови органи.

слуша повеќе

слушаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(обично за лекар) Ја преслушува состојбата и работата на некој внатрешен орган.
Англиски: auscultate Албански: dëgjoj

слушалка повеќе

мн. слушалки
Вид збор: Именка, женски род
Лекарски уред за преслушување на срцето и дробовите.
Англиски: stethoscope Албански: stetoskop

слушен повеќе

слушни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на слух; кој служи за слушање.
Примери:
Слушен нерв.

слушне повеќе

Види и: слуша (несв.)
слушнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши лекарски преглед со слушалки, обично срце и белите дробови.
Англиски: hear Албански: dëgjoj

смилоса повеќе

(се) смилосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие боја на смил поради болест.
Англиски: yellow
Примери:
Лицето му побледе, се смилоса.

смири повеќе

смират
Вид збор: Глагол, свршен
Подобри или прекрати некоја болка.
Англиски: calm Албански: lehtësoj

смирувачки повеќе

смирувачка
Вид збор: Придавка
што успокојува
Англиски: sedative

смрт повеќе

(едн.) смртта
Вид збор: Именка, женски род
Прекратување на суштествувањето на човек, животно.
Англиски: death Албански: vdekje

смртен повеќе

смртниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на смрт.
Англиски: death Албански: vdekje

снага повеќе

снагата
Вид збор: Именка, женски род
Човечко тело.
Англиски: body
Примери:
Има модрини по снагата.

сок повеќе

мн. сокови
Вид збор: Именка, машки род
Течност што се наоѓа во ќелиите на животински и растителни организми.
Англиски: secretion Албански: lëng

солзен повеќе

солзна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на солза.
Примери:
Солзни жлезди.

соматолог повеќе

мн. соматолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по соматологија.

соматологија повеќе

(едн.) соматологијата
Вид збор: Именка, женски род
Оддел од медицината што ги изучува размерите и пропорциите на човечкото тело.
Англиски: somatology

соматолошки повеќе

соматолошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на соматолог и соматологија.

соматски повеќе

соматска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на телото, телесен.
Англиски: somatic
Примери:
Соматски болести.

сомеле повеќе

сомелат
Вид збор: Глагол, свршен
За желудник - преработи храна.
Англиски: digest Албански: bluaj

сомнамбул повеќе

мн. сомнамбули
Вид збор: Именка, машки род
месечар
Англиски: sleepwalker

сомнамбулен повеќе

сомнамбулна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сомнамбул и сомнамбулизам.
Англиски: sleepwalking

сомнамбулизам повеќе

сомнамбулизмот
Вид збор: Именка, машки род
месечарство, месечарење
Англиски: sleepwalking

сонда повеќе

мн. сонди
Вид збор: Именка, женски род
Инструмент за испитување рани, проширување канали и др.
Англиски: probe Албански: sondë
Примери:
Испитување на желудникот со сонда.

сонометар повеќе

мн. сонометри
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за мерење на силата на звукот, за испитување слух.
Албански: sonometër

сончаница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Сончев удар.
Англиски: sunstroke

сосири повеќе

сосират
Вид збор: Глагол, свршен
(се сосири) За крв - стане густ.
Англиски: coagulate Албански: koagulon, mpiks
Примери:
Му се сосири крвта

социопатија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Психијатриска аномалија во социјалните односи на едно лице.
Англиски: sociopathy

сошие повеќе

Види и: шие (несв.)
сошијат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори рез, рана со шиење.
Англиски: sew Албански: qep

спазма повеќе

мн. спазми
Вид збор: Именка, женски род
Стегање на мускул.
Англиски: spasm

спазматичен повеќе

спазматичниот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на спазма, предизвикан од спазми.
Англиски: spasmodic

сперма повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кај мажи и животни од машки род - семена течност.
Англиски: sperm

сперматозоид повеќе

мн. сперматозоиди
Вид збор: Именка, машки род
Машка полова ќелија.

спицарија повеќе

мн. спицарии
Вид збор: Именка, женски род
аптека
Англиски: pharmacy

спондилоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дегеративна болест на пршлените на рбетот; вкочанување на рбетот како резултат на заболување.
Англиски: spondylosis

срдешница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
дизентерија, пролив
Англиски: dysentery

средство повеќе

мн. средства
Вид збор: Именка, среден род
Лек, лекарство; предмет неопходен за лекување.
Англиски: remedy Албански: ilaç

срцебиење повеќе

срцебиењето
Вид збор: Именка, среден род
Забрзано биење на срцето од возбуда, замор и сл.
Англиски: palpitation
Силно биење на срцето, проследено со забрзување на честотата на срцевата работа, со правилен или неправилен ритам.
Англиски: tachycardia

срцебол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
болки во срцето
Англиски: heart pain

срцев повеќе

срцеви
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на срце како орган.

срченица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
дизентерија, срдешница
Англиски: dysentery

срчка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
дизентерија, срдешница
Англиски: dysentery

стаи повеќе

стаат
Вид збор: Префикс
За болка - се смири.
Англиски: settle
Примери:
Ми се стаија болките.

стапало повеќе

мн. стапала
Вид збор: Именка, среден род
Делот од ногата на кој се стапува.
Англиски: sole Албански: shputë, taban

стационар повеќе

мн. стационари
Вид збор: Именка, машки род
Диспанзер со легла за болни.

стационарен повеќе

стационарна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на стационар.
Англиски: stationary

стеноза повеќе

стенозата
Вид збор: Именка, женски род
Стеснување на каналите и на крвните садови.
Англиски: stenosis

стенокардија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болест на срцето.
Англиски: stenocardia

стент повеќе

мн. стентови
Вид збор: Именка, машки род
Вештачка цевка што се клава во крвните садови за да го спречи нивното блокирање.
Англиски: stent

стерилен повеќе

стерилна
Вид збор: Придавка
Кој е ослободен од микроорганизми.
Англиски: sterile
Примери:
Стерилен памук.
Лишен од способноста да оплодува.
Англиски: infertile
Примери:
Стерилна клетка.

стерилизатор повеќе

мн. стерилизатори
Вид збор: Именка, машки род
Уред за стерилизирање.

стерилизација повеќе

стерилизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Уништување на микробите.
Англиски: sterilization Албански: sterilizim
обесплодување, ојаловување
Англиски: sterilization Албански: sterilizim

стерилизационен повеќе

стерилизациониот
Вид збор: Придавка
Предназначен за стерилизација.

стерилизира повеќе

стерилизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Уништи, уништува бактерии.
Англиски: sterilize Албански: sterilizoj
Направи, прави неплоден, ојалови, ојаловува.
Англиски: sterilize Албански: sterilizoj

стерилизиран повеќе

стеризлизирани
Вид збор: Придавка
стерилен
Англиски: sterilized
Примери:
стерилизирано млеко

стерилизираност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
стерилизиран
Англиски: sterilization

стерилизирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
стерилизира
Англиски: sterilization

стерилитет повеќе

(едн.) стерилитетот
Вид збор: Именка, машки род
јаловост, неплодност
Англиски: sterility

стерилност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
стерилен
Англиски: sterility

стероиди повеќе

Вид збор: Именка, множина
Група важни органски соединенија.
Англиски: steroids

стетограф повеќе

мн. стетографи
Вид збор: Именка, машки род
Направа за графичко претставување на дишењето.
Англиски: stethograph

стетографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Бележење, мерење на дишењето со помош на стетограф.
Англиски: stethographics

стетоскоп повеќе

мн. стетоскопи
Вид збор: Именка, машки род
Инструмент за слушање работата на срцето и на белите дробови.
Англиски: stethoscope

стетоскопија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Слушање со помошта на стетоскоп.
Англиски: auscultation

стетоскопски повеќе

стетоскопска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на стетоскоп.
Англиски: stethoscopic
Примери:
Стетоскопски испитувања.

стимуланс повеќе

мн. стимуланси
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што поттикнува дејност.
Англиски: stimulus Албански: stimulues

стоматолог повеќе

мн. стоматолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по стоматологија.
Англиски: dentist

стоматологија повеќе

(едн.) стоматологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за болестите на усната празнина.
Англиски: dentistry

стоматолошки повеќе

Види и: стоматологија (ж.)
стоматолошка
Вид збор: Придавка
Што е во врска со стоматологијата.
Примери:
Стоматолошка клиника.

стомачен повеќе

стомачни
Вид збор: Придавка
Што е во врска со стомакот.
Примери:
Стомачен сок.

стрептококен повеќе

стрептококна
Вид збор: Придавка
Гноен, предизвикан од стрептококи.
Англиски: streptococcal
Примери:
Стрептококна ангина.

стрептомицин повеќе

стрептомицинот
Вид збор: Именка, машки род
Вид антибиотик
Англиски: Streptomycin

стрес повеќе

мн. стресови
Вид збор: Именка, машки род
Состојба на телесна или психичка напнатост.
Англиски: stress
Примери:
Стресот се поврзува со коронарните срцеви болести.

стрија повеќе

мн. стрии
Вид збор: Именка, женски род
Белег врз површината на кожата во облик на бразда, линија.
Англиски: stretch mark

струкови повеќе

Вид збор: Именка, множина
Детска заразна болест.

струма повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
гушавост, гуша
Латински: struma Англиски: goiter

струп повеќе

мн. струпје
Вид збор: Именка, машки род
Засушена кора на рана.
Англиски: scab
Примери:
Сиот е струпје.

струпка повеќе

Види и: струп (м.)
Вид збор: Именка, женски род
струп
Англиски: scab

струплив повеќе

Вид збор: Придавка
Кој е покрнен со струпје.
Примери:
Главата му е струплива.

студешница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
треска
Англиски: shivers

ступка повеќе

ступкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(за срце) Почне да тупка.
Англиски: palpitate Албански: rreh

сув повеќе

суви
Вид збор: Придавка
без плунка, без шлајм
Англиски: dry Албански: i thatë, i tharë

сугестија повеќе

мн. сугестии
Вид збор: Именка, женски род
Влијаење врз психата.
Англиски: hypnosis Албански: hipnozë
Примери:
Со сугестија го доведе во транс.

сугреб повеќе

мн. сугреби
Вид збор: Именка, машки род
Исипување по снагата, копривна треска.
Латински: Urticaria Англиски: nettle Албански: ethe hithëri

суицид повеќе

мн. суициди
Вид збор: Именка, машки род
самоубиство
Англиски: suicide

сукрвица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Водникава крв со гној што се цеди од рани.
Англиски: pus
Примери:
Од прстот му течеше сукрвица.

сукрвичав повеќе

Вид збор: Придавка
Кој има карактер, вид на сукрвица.
Примери:
Сукрвичава течност.

сулфамид повеќе

мн. сулфамиди
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) група антибиотици

сулфатијазол повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Многу ефикасен лек против инфекции.
Англиски: sulfathiazole

сунетлија повеќе

мн. сунетлии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши сунет.
Турски: sünnetçi

сурдиса повеќе

сурдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
прочисти (желудник, црева и сл.)
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Го сурдиса детето.
(се сурдиса) се прочисти
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Се сурдиса и сега му е добро.

сутура повеќе

Вид збор: Именка, женски род
медицински шев
Англиски: suture

сушица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Туберкулоза на белите дробови.
Англиски: consumption

сушичав повеќе

сушичави
Вид збор: Придавка
Кој боледува од сушица.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш