Медицина - категорија

павлака повеќе

мн. павлаки
Вид збор: Именка, женски род
(кај окото) мрена, мрежа, катаракта
Англиски: catarrh Албански: kataraktë
Примери:
(разг.) Павлака му фатиле очите.

падавица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
епилепсија
Англиски: epilepsy

падавичар повеќе

мн. падавичари
Вид збор: Именка, машки род
епилептичар
Англиски: epileptic

палијатив повеќе

палијативот
Вид збор: Именка, машки род
Средство што времено ја олеснува болката.
Англиски: remedy Албански: paliativ, ilaç

палијативен повеќе

палијативна
Вид збор: Придавка
Кон намалување на последиците на болеста.
Англиски: palliative

памук повеќе

(едн.) памукот
Вид збор: Именка, машки род
вата
Англиски: cotton Турски: pamuk Албански: pambuk

пандемија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест што брзо се проширува.
Англиски: pandemonium

пандемичен повеќе

пандемичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пандемија.
Англиски: pandemic

панкреасен повеќе

Види и: панкреас (м.)
панкреасниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на панкреасот.
Примери:
Панкреасно заболување.

пантличарка повеќе

мн. пантличарки
Вид збор: Именка, женски род
Долга плоската глиста која се состои од главичка и цел ред членови.
Англиски: tapeworm

панукла повеќе

(едн.) пануклата
Вид збор: Именка, женски род
чума
Англиски: plague
Примери:
Пануклата кога биеше, помалку луѓе имаше.

папила повеќе

мн. папили
Вид збор: Именка, женски род
Мал брадавичест израсток на кожата или на дел од телото.
Латински: papilla Англиски: papilla

папилом повеќе

мн. папиломи
Вид збор: Именка, машки род
Бениген тумор на кожата или на слузината, најчесто во форма на брадавица.
Англиски: papilloma

папочен повеќе

папочниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на папок.
Англиски: umbilical

парадентоза повеќе

(едн.) парадентозата
Вид збор: Именка, женски род
Хронично воспаление на забното непце што обично доведува до испаѓање на забите.
Англиски: paradentosis

парадентозен повеќе

парадентозниот
Вид збор: Придавка
Што е предизвикан од парадентоза.

паразитен повеќе

Види и: паразитски (прид.)
паразитна
Вид збор: Придавка
паразитски
Англиски: parasitic

паразитолог повеќе

мн. паразитолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по паразитологија.

паразитолошки повеќе

паразитолошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на паразитолог и на паразитологија.
Англиски: parasitological

парализа повеќе

(едн.) парализата
Вид збор: Именка, женски род
укоченост, одземеност
Англиски: paralysis Албански: paralizë
Примери:
Парализа на ногата.

парализира повеќе

парализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
предизвика, предизвикува парализа
Англиски: paralyze Албански: paralizoj

парализиран повеќе

парализирана
Вид збор: Придавка
неподвижен, фатен
Англиски: paralyzed
Примери:
Парализирана рака.

паралитик повеќе

мн. паралитици
Вид збор: Именка, машки род
Човек болен од парализа.
Англиски: paralytic

паралитичен повеќе

паралитична
Вид збор: Придавка
Што е во врска со парализа.
Англиски: paralytic

параноик повеќе

мн. параноици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што боледува од параноја.
Англиски: paranoiac Албански: paranoik

параноичен повеќе

параноични
Вид збор: Придавка
Што боледува од параноја.
Англиски: paranoid

параноја повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Душевна болест при која болниот си замислува дека е прогонуван; манија на гонење.
Англиски: paranoia

параплегија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Парализа на рбетниот столб.
Англиски: paraphlegia

паратифус повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Вид заразна стомачна болест.
Англиски: paratyphus

пароксизам повеќе

мн. пароксизми
Вид збор: Именка, машки род
Ненадеен, силен почеток на некоја болест; нагло влошување на болеста.
Англиски: paroxysm Албански: paroksizëm, shpërthim

пастила повеќе

мн. пастили
Вид збор: Именка, женски род
Таблета што се раствара во устата.
Англиски: lozenge Германски: Pastille

патерица повеќе

мн. патерици
Вид збор: Именка, женски род
Помагало за одење.
Англиски: crutch Албански: patericë, mbështetëse

патоген повеќе

патогениот
Вид збор: Придавка
Што предизвикува болест.
Англиски: pathogenic

патогенеза повеќе

Види и: патоген (прид.)
(едн.) патогенезата
Вид збор: Именка, женски род
Настанување и развиток на болест.
Англиски: pathogenesis

патолог повеќе

мн. патолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по патологија.
Англиски: pathologist

патологија повеќе

(едн.) патологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за природата на болестите - нивните процеси - во организмот на човекот и животните.
Англиски: pathology Албански: patologji
Примери:
Општа патологија.

патолошки повеќе

Види и: патологија (ж.)
патолошка
Вид збор: Придавка
Што е во врска со патологија.
Англиски: pathological

патофизиолог повеќе

мн. патофизиолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по патофизиологија.
Англиски: pathophysiologist

патофизиологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Област од медицината што ги проучува општите законитости на развојот на патолошките процеси, откривајќи ја нивната биолошка суштина.
Англиски: pathophysiology

патронажа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Грижа за стари лица, трудници и доенчиња преку давање медицински услуги.
Англиски: patronage

пациент повеќе

мн. пациенти
Вид збор: Именка, машки род
Болниот наспрема лекарот што го лекува.
Англиски: patient
Примери:
Операцијата успешна - пациентот мртов!

пациентка повеќе

мн. пациентки
Вид збор: Именка, женски род
Жена пациент.
Англиски: patient

пега повеќе

мн. пеги
Вид збор: Именка, женски род
дамка на кожата
Англиски: freckle

педијатар повеќе

мн. педијатри
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за педијатрија.
Англиски: pediatrician

педијатрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината којшто ги изучува детските болести.
Англиски: pediatrics

педијатриски повеќе

педијатриска
Вид збор: Придавка
Што се однесува до педијатрија.
Англиски: pediatric
Примери:
Педијатриска клиника.

педикир повеќе

Види и: педикура (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
педикура
Англиски: pedicure Француски: pédicure

педофил повеќе

мн. предофили
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се предава на педофилија.
Англиски: pedophiliac

педофилија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Полова склоност кон деца, форма на полово задоволување со деца, најчесто извршувано од возрасни мажи.
Англиски: pedophilia

пејсмејкер повеќе

мн. пејсмејкери
Вид збор: Именка, машки род
Апарат вграден во телото на болниот што ја поттикнува работата на срцевиот мускул и ги регулира контракциите.
Англиски: pacemaker

пеницилин повеќе

мн. пеницилини
Вид збор: Именка, машки род
Антибиотик кој го спречува развитокот на некои инфективни болести.
Англиски: penicillin

пеницилински повеќе

пеницилинска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пеницилин.
Примери:
Пеницилинска маст.

пепсин повеќе

мн. пепсини
Вид збор: Именка, машки род
Фермент на стомачниот сок што ги раствора белковините.
Англиски: pepsin

перде повеќе

мн. пердиња
Вид збор: Именка, среден род
химен, мембрана, невиност
Англиски: hymen Албански: cipë e virgjerisë
болест на окото
Англиски: cataract Албански: katarakt

перештец повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Водникави красти на кожата, на лицето и др.

периз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
диета
Англиски: diet Турски: perhiz
Примери:
Држи периз два-три дена.

перикард повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна обвивка на срцевиот мускул.
Англиски: pericardium

перикардит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на надворешната обвивка на срцето.
Англиски: pericarditis

периода повеќе

мн. периоди
Вид збор: Именка, женски род
менструација
Англиски: menstruation Албански: menstruacion

перисталтика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Контракција и релаксација на цревните мускули со што се транспортира храната низ дигестивниот тракт.
Англиски: peristalsis

перитонит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на стомачната, трбушната обвивка.
Англиски: peritonitis

перкусија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Чукање на болниот со прст или чеканче - за утврдување на состојбата на внатрешните органи, според карактерот на звукот.
Англиски: percussion Албански: perkusion

перкусионен повеќе

перкусиона
Вид збор: Придавка
Во врска со перкyсија.

перкутира повеќе

перкутираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши перкусија.
Англиски: percuss

перфорација повеќе

мн. перфорации
Вид збор: Именка, женски род
Пробивање, на пример на стомакот.
Англиски: perforation Албански: perforim, shpuarje

перфузија повеќе

мн. перфузии
Вид збор: Именка, женски род
Физиолошки процес на довод на крв до капиларите на еден орган.
Англиски: perfusion

песок повеќе

мн. песоци
Вид збор: Именка, машки род
Ситен, тврд талог во бубрегот кај човекот.
Англиски: stone Албански: rërë, gur

пилинг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Во козметиката - отстранување на изумрените клетки од горниот слој на кожата од телото.
Англиски: peeling

пилула повеќе

мн. пилули
Вид збор: Именка, женски род
ап, апче
Англиски: pill
Примери:
(разг.) Горчлива пилула (за нешто непријатно, навредливо)

пипка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест кај кокошките.
Латински: Hemeralopia Англиски: day blindness Албански: hemeralopi, smundje ngjitëse te pulat
Примери:
(разг.) Пипката да те фати!

пирамидон повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Средство за снижување на температурата и за ублажување на болките.

пироманија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Нескротлив нагон, болна страст, склоност кон подметнување пожари.
Англиски: pyromania

плазма повеќе

(едн.) плазмата
Вид збор: Именка, женски род
Течниот дел на крвта, лимфата и др.
Англиски: plasma Албански: plazmë

пласт повеќе

мн. пластови
Вид збор: Именка, машки род
слој, наслага
Англиски: coating Албански: shtresë
Примери:
Пластови во јазикот.

пластика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината.
Англиски: plastic Албански: pjesë e medicinës, medicina plastike
Примери:
Пластика на носот.

пластичен повеќе

пластични
Вид збор: Придавка
Сврзан со пресадување кожа и др.
Англиски: plastic Албански: plastikë

плацебо повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Таблета, лекарство што не содржи никакви лековити состојки, а му се припишува ефект поради психолошкото дејство врз пациентот.
Англиски: placebo

плаче повеќе

плачат
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод.) За око - солзи.
Англиски: water Албански: lotë

плеврит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Воспаленије на плеврата.
Англиски: pleurisy

плесна повеќе

мн. плесни
Вид збор: Именка, женски род
Лишај, дамки по лицето, по телото.

плесничав повеќе

плесничавиот
Вид збор: Придавка
Што е со плесни по лицето или по рацете.

плик повеќе

мн. пликови
Вид збор: Именка, машки род
плускавец
Англиски: blister Албански: fshikë

плиш повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Рана на уста, херпес.
Латински: herpes Англиски: herpes Албански: herpes

плод повеќе

мн. плодови
Вид збор: Именка, машки род
Кај човек и животно, обично цицар - зародок, ембрион.
Англиски: embryo Албански: embrion

плоден повеќе

плодни
Вид збор: Придавка
Што раѓа многу, што дава потомство.
Англиски: fertile Албански: pjellor

пломба повеќе

мн. пломби
Вид збор: Именка, женски род
Цврста маса за полнење на расипан заб.
Англиски: filling Албански: plombë, mbushje
Примери:
Златна пломба.

пломбира повеќе

пломбираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Става пломба на заби.
Англиски: fill Албански: plomboj, mbush
Примери:
Ги пломбирал забите.

пломбиран повеќе

пломбирани
Вид збор: Придавка
За заби - што е со пломба.
Англиски: filled

плуканица повеќе

мн. плуканици
Вид збор: Именка, женски род
Течноста што ја влажи устата.
Англиски: spittle Албански: pështymë
Примери:
Му се суши плуканката.
Тоа што се исфрла од уста.
Англиски: phlegm Албански: pështymë, gëlbazë
Примери:
Подот е сиот плуканuци.

плуканка повеќе

Види и: плунка (ж.)
мн. плуканки
Вид збор: Именка, женски род
плуканица
Англиски: spittle

плунка повеќе

мн. плунки
Вид збор: Именка, женски род
Продукт на плунковите жлезди во устата.
Англиски: spittle Албански: pështymë
Тоа што се исфрла од устата со плукање.
Англиски: phlegm Албански: pështymë, gëlbazë

плунковен повеќе

плунковни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на плунка, плуканица.
Англиски: spittle

плуска повеќе

мн. плуски
Вид збор: Именка, женски род
плускавец
Англиски: blister Албански: fshikë
Примери:
Му излегле плуски на дланката.
(обично мн.) лаги, невистини
Англиски: lie Албански: gënjeshtër, rrenë
Примери:
Плуски се тоа.

плускавец повеќе

мн. плускавци
Вид збор: Именка, машки род
плуска, плускавица
Англиски: blister Албански: fluskë

плускавица повеќе

Види и: плуска (ж.)
мн. плускавици
Вид збор: Именка, женски род
плуска
Англиски: blister

плускарец повеќе

Види и: плускавец (м.)
мн. плускарци
Вид збор: Именка, машки род
плускавец
Англиски: blister

пљага повеќе

мн. пљаги
Вид збор: Именка, женски род
рана
Англиски: wound

пневмокок повеќе

мн. пневмококи
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Бактерии што предизвикуваат воспаление на белите дробови.
Англиски: pneumococcus

пневмометар повеќе

мн. пневмометри
Вид збор: Именка, машки род
Инструмент за мерење на капацитетот на белите дробови.
Англиски: spirometer

пневмонија повеќе

мн. пневмонии
Вид збор: Именка, женски род
Воспаление на белите дробови.
Англиски: pneumonia

пневмоторакс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Една од постапките во лекувањето на белодробната туберколоза.
Англиски: pneumothorax

побесни повеќе

побеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие беснило.
Англиски: get rabies Албански: tërbohet
Примери:
Кучето побесне.

поврати повеќе

повратат
Вид збор: Глагол, свршен
Исфрли низ уста храна од желудникот.
Англиски: vomit Албански: vjell
(Ми, ти, му... се поврати) Чувствува нагон да поврати.
Англиски: vomit Албански: vjell

повраќаница повеќе

Види и: блуеница (ж.)
мн. повраќаници
Вид збор: Именка, женски род
блуеница
Англиски: puke

повреда повеќе

мн. повреди
Вид збор: Именка, женски род
Повредено место на телото, рана од удар и сл.
Англиски: injury Албански: lëndim

повреден повеќе

повредени
Вид збор: Придавка
Со нанесена телесна повреда.
Англиски: injured Албански: i lënduar

повреди повеќе

повредат
Вид збор: Глагол, свршен
Нанесе некому телесна повреда.
Англиски: injure Албански: lëndim
(се повреди) Си нанесе телесна повреда.
Англиски: injure Албански: lëndoj

подагра повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болест на зглобовите и вените на нозете или на рацете.
Англиски: gout

подвир повеќе

мн. подвири
Вид збор: Именка, машки род
Место на телото каде што се собира крв, гној и сл.
Англиски: boil Албански: çiban

подврзе повеќе

подврзат
Вид збор: Глагол, свршен
За папочна врвца - заврзе.
Англиски: tie Албански: lidh

подгрбави повеќе

подгрбават
Вид збор: Глагол, свршен
(се подгрбави) Се здобие со грпка поради старост, болест и сл.
Англиски: squirm Албански: krruset

подгрлица повеќе

мн. подгрлици
Вид збор: Именка, женски род
Тешка болест на грлото.
Англиски: goiter Албански: sëmundje rëndë në fyt

подгрлница повеќе

мн. подгрлници
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Тешка болест на грлото.

подише повеќе

Види и: дише (несв.)
подишат
Вид збор: Глагол, свршен
Дише малку, кратко време во определени услови.
Англиски: breathe

подлив повеќе

мн. подливи
Вид збор: Именка, машки род
Повреда, модрица со плоснат облик на поголема површина на кожата или на слузокожата.
Англиски: haematoma, bruise

поднослив повеќе

Види и: поднесе (св.)
подносливи
Вид збор: Придавка
Во медицината: за лекови кои не предизвикуваат непожелни контраиндикации.
Англиски: tolerable

подочници повеќе

подочниците
Вид збор: Именка, множина
Сенки, темни места под очите.
Англиски: circumorbital ring Албански: xhepa syri
Отоци под очите.
Англиски: lachrymal sac Албански: xhepa syri

подразболи повеќе

Види и: разболи (св.)
подразболат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разболи малку, не сосема.
Англиски: get sick

поизлечи повеќе

Види и: излечи (св.)
поизлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Излечи малку повеќе.
Англиски: heal

поликлиника повеќе

мн. поликлиники
Вид збор: Именка, женски род
Специјализирана здравствена установа со повеќе оддели за лекување, за давање рановидна лекарска помош.
Англиски: outpatients' clinic

поликлинички повеќе

поликлиничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на поликлиника и што се прави во неа.

полип повеќе

мн. полипи
Вид збор: Именка, машки род
Вид израсток на човечкото тело, обично на слузокожата, површински како брадавица и сл.
Англиски: polypus Албански: polip

полнокрвен повеќе

полнокрвниот
Вид збор: Придавка
Што има силна и здрава крв.

помасира повеќе

Види и: масира (несв.)
помасираат
Вид збор: Глагол, свршен
Масира малку, кратко време.
Англиски: massage

пометне повеќе

пометнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекине бременост; изврши абортус.
Англиски: abort

пометнување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Прекинување на бременоста.
Латински: abortus Англиски: abortion

пораѓа повеќе

пораѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Укажува помош, помага некому при пораѓање, раѓање.
Албански: ndihmon gjatë lindjes
(се пораѓа) За жена - раѓа, добива рожба.
Англиски: give birth Албански: lind

породи повеќе

породат
Вид збор: Глагол, свршен
Укаже помош при раѓање.
Албански: ndihmë gjatë lindjes
(се породи) За жена - роди, добие дете.
Англиски: bear Албански: lind

породилен повеќе

Види и: родилен (прид.)
породилни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на раѓање.
Англиски: birth

породилиште повеќе

мн. породилишта
Вид збор: Именка, среден род
Породилен дом, дом за родилки.

посета повеќе

мн. посети
Вид збор: Именка, женски род
Редовен лекарски преглед на болен.
Англиски: visitatation Албански: vizitë

постелка повеќе

мн. постелки
Вид збор: Именка, женски род
Обвивка околу плодот во утробата на мајката, која се создава и се развива во текот на бременоста.
Англиски: placenta Албански: placentë

постоперативен повеќе

постоперативни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на периодот по извршувањето на хируршка операција.
Англиски: postoperative

пот повеќе

(едн.) потта
Вид збор: Именка, женски род
Безбојна, солена течност што ја лачат потните жлезди, која се исфрла преку порите на кожата.
Англиски: sweat Албански: djersë

поткожен повеќе

поткожни
Вид збор: Придавка
Што е под кожата.
Што се дава, што се става под кожата.

потрес повеќе

мн. потреси
Вид збор: Именка, машки род
Длабока возбуда, силно вознемирување.
Англиски: shock Албански: shqetësim

прање повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
менструација
Англиски: menstruation Албански: menstruacion
Ненормално излачување од женскиот полов орган, бело прање.
Албански: sekretim vaginal

првут повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Изумрени клетки во вид на мали лушпи што се одделуваат од кожата на главата.
Англиски: dandruff

прдеж повеќе

мн. прдежи
Вид збор: Именка, машки род
Гасови што гласно се испуштаат од цревата.
Латински: crepitus Англиски: fart

превие повеќе

превијат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши преврска, преврзе рана некому.
Англиски: bandage Албански: fashë

превој повеќе

мн. превои
Вид збор: Именка, машки род
завој
Англиски: bandage Албански: brez, mbështjellës

преврзе повеќе

преврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави преврска на рана.
Англиски: bandage Албански: bandazh
(се преврзе) За рана - се превие сам.
Англиски: bandage Албански: bandazh

преврска повеќе

мн. преврски
Вид збор: Именка, женски род
завој
Англиски: bandage Албански: fashë
Преврзување, превивање рана.
Англиски: bandage Албански: fashatim, lidhje

прегледа повеќе

прегледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Провери, испита здравје.
Англиски: check Албански: kontrolloj
(се прегледа) Се провери, се испита подложувајќи се на медицински преглед.
Англиски: check Албански: kontrollohem

предиспозиција повеќе

мн. предиспозиции
Вид збор: Именка, женски род
Природна склоност, подложност, чувствителност на нешто.
Англиски: predisposition Албански: predispozitë

предиспониран повеќе

предиспонираниот
Вид збор: Придавка
Што е склон, подложен, чувствителен на нешто.
Англиски: predisposed

презерватив повеќе

мн. презервативи
Вид збор: Именка, машки род
кондом
Англиски: condom

прележи повеќе

Види и: лежи (несв.)
прележат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине лежејќи болен до оздравување.
Англиски: stay Албански: qëndroj i shtrirë

прелом повеќе

мн. преломи
Вид збор: Именка, машки род
скршеница, фрактура
Англиски: fracture Албански: frakturë, thyerje

преносител повеќе

мн. преносители
Вид збор: Именка, машки род
пренесувач
Англиски: carrier

препарат повеќе

мн. препарати
Вид збор: Именка, машки род
Фармацевтски производ за лекување.
Англиски: preparation Албански: preparat

препише повеќе

препишат
Вид збор: Глагол, свршен
Одреди, пропише лек или начин на лечење болест.
Англиски: prescribe Албански: parashkruaj, caktoj

пресади повеќе

пресадат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе орган, дел од орган или ткиво со хириршки зафат на друго место или на друг организам
Англиски: transplant Албански: transplantoj
Пренесе орган, дел од орган или ткиво со хируршки зафат на друго место или на друг организам
Англиски: transplant Албански: transplantoj

прехрана повеќе

мн. прехрани
Вид збор: Именка, женски род
Земање храна за одржување на организмот.
Англиски: nutrition Албански: të ushqyerit

приблуе повеќе

Види и: блуе (св. и несв.)
приблујат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блуе, ненадејно поврати, исфрли храна од желудникот.
Англиски: vomit Албански: vjellë

признак повеќе

мн. признаци
Вид збор: Именка, машки род
симптом
Англиски: symptom Албански: simptom

прикриен повеќе

прикриениот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) прикрие
Англиски: hidden

примариус повеќе

мн. примариуси
Вид збор: Именка, машки род
Прв, главен лекар, раководител на болница или на болничко одделение.

пришт повеќе

мн. приштови
Вид збор: Именка, машки род
Мал воспален чир на кожата.
Англиски: pustule

приштав повеќе

приштавиот
Вид збор: Придавка
Што е со приштови, што е исприштен.

пришти повеќе

(се) приштат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се исфрла со пришт.

пробиотски повеќе

пробиотскиот
Вид збор: Придавка
Што содржи микроорганизми корисни за човекот.
Англиски: probiotic

прогресивен повеќе

прогресивниот
Вид збор: Придавка
Што постепено се развива, се зголемува.
Англиски: progressive

пролив повеќе

мн. проливи
Вид збор: Именка, машки род
Зачестено празнење на цревата во вид на ретка, слузава столица.
Англиски: diarrhea

проплука повеќе

проплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плука (обично крв).
Англиски: spit

протеза повеќе

мн. протези
Вид збор: Именка, женски род
Вештачки дел или соодветна направа што заменува изгубен дел од телото.
Англиски: artificial limb Албански: protezë

протетика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што се занимава со изработување и вградување протези.

протетичар повеќе

мн. протетичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со протетика.

противвоспалителен повеќе

противвоспалителниот
Вид збор: Придавка
Што лечи или спречува воспаление.
Англиски: anti-inflammatory

противлек повеќе

мн. противлекови
Вид збор: Именка, машки род
Лек против нешто.
Англиски: antidote

противотров повеќе

мн. противотрови
Вид збор: Именка, машки род
Средство со кое се поништува или се намалува дејтвото на некој отров.
Англиски: antidote

протресе повеќе

протресат
Вид збор: Глагол, свршен
(ме, те, го... протресе) Почувствува треска.
Англиски: feel shaky Албански: dridh

протури повеќе

протурат
Вид збор: Глагол, свршен
Се здобие со повреда.
Англиски: overload Албански: mbingarkoj

профилактика повеќе

(едн.) профилактиката
Вид збор: Именка, женски род
Превентивен третман, систем од мерки за заштита од болест.
Англиски: prophylaxis

профилактичен повеќе

Види и: профилактика (ж.)
профилактични
Вид збор: Придавка
Заштитен, што се однесува на заштита.
Англиски: prophylactic

процес повеќе

мн. процеси
Вид збор: Именка, машки род
Состојба на развиток на определена болест.
Англиски: status Албански: statusi

психа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
душа, дух
Англиски: psyche

психијатар повеќе

мн. психијатри
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист за психички заболувања.
Англиски: psychiatrist

психијатрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицинската наука што се занимава со проучување и лечење на душевните заболувања.
Англиски: psychiatry

психијатриски повеќе

Види и: психијатрија (ж.)
психијатрискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на психијатрија.
Англиски: psychiatric
Примери:
Психијатриски преглед.

психички повеќе

психичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на психата.
Англиски: psychic

психо повеќе

Вид збор: Префикс
Прв дел од сложени зборови со значење што се однесува на психологија, на умот или на психата.
Англиски: psycho

психоанализа повеќе

мн. психоанализи
Вид збор: Именка, женски род
Правец во современата психологија и психопатологија.
Англиски: psychoanalysis

психоаналитичар повеќе

мн. психоаналитичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави психоанализа.
Англиски: psychoanalyst

психоза повеќе

мн. психози
Вид збор: Именка, женски род
Душевно заболување што се манифестира со илузии и губење контакт со реалноста.
Англиски: psychosis

психолог повеќе

мн. психолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по психологија.
Англиски: psychologist Албански: psikolog

психологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за исучување на умот и начинот на кој функционира.
Англиски: psychology

психолошки повеќе

Види и: психолог (м.)
психолошка
Вид збор: Придавка
Што е во врска со психологијата или психата.
Англиски: psychological

психопат повеќе

мн. психопати
Вид збор: Именка, машки род
Лице што страда од хронично ментално нарушување.
Англиски: psychopat Албански: psihopat
Ментално или емоционално нестабилна личност.
Англиски: psychopat Албански: psihopat

психопатија повеќе

мн. психопатии
Вид збор: Именка, женски род
Психопатски или психолошки ненормално однесување.
Англиски: psychopathy

психопатолог повеќе

мн. психопатолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по психопатологија.

психопатологија повеќе

(едн.) психопатологијата
Вид збор: Именка, женски род
Општа наука за душевните заболувања.
Англиски: psychopathology

психосоматски повеќе

психосоматска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на односите меѓу телото и психата (душата).
Англиски: psychosomatic

психотерапевт повеќе

мн. психотерапевти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши психотерапија.
Англиски: psychotherapist

психотерапија повеќе

(едн.) психотерапијата
Вид збор: Именка, женски род
Метод на лекување на психички заболувања со психолошки средства.
Англиски: psychotherapy

психофизика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за односот меѓу физичкиот стимул и психичкото чувство.

психофизиологија повеќе

(едн.) психофизиологијата
Вид збор: Именка, женски род
Гранка на физиологијата што се занимава со менталните процеси.

психофизиолошки повеќе

Види и: психофизиологија (ж.)
психофизиолошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на психофизиологија.

псоријаза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кожно заболување, заболување со црвени крастави дамки по кожата.
Англиски: psoriasis

пубертет повеќе

(едн.) пубертетот
Вид збор: Именка, машки род
Полово зреење кај човекот, премин од детство во младешко доба.
Англиски: puberty Албански: pubertet
Возраста кога станува полово зреење.
Англиски: puberty Албански: pubertet

пубертетски повеќе

пубертетскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пубертет.

пукач повеќе

мн. пукачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што мести, пука коски.

пукне повеќе

пукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Во медицината - се отвори дел од телото (оган, обично чир).
Англиски: burst Албански: pëlcet

пулмолог повеќе

мн. пулмолози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар-специјалист за заболувања на дишните органите.
Англиски: pulmonologist

пулс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Видливо и опипливо движење на крвните садови, предизвикани од уфрлањето на крв во почетниот дел од аортата при секое отчукување на срцето.
Англиски: pulse Албански: puls

пулсира повеќе

пулсираат
Вид збор: Глагол, несвршен
За срце - бие, тупка.
Англиски: pulsate Албански: pulson

пунктира повеќе

пунктираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вади соржина од една точка од телото дијагностички или како терапија; врши пункција.
Англиски: puncture Албански: punktoj

пункција повеќе

мн. пункции
Вид збор: Именка, женски род
Извлекување материјал од орган или телесна шуплина со игла за утврдување на патолошки промени или испуштање на собрана течност.
Англиски: puncture

пупила повеќе

мн. пупили
Вид збор: Именка, женски род
зеница, црнка
Латински: pupilla Англиски: pupil

пупурник повеќе

мн. пупурници
Вид збор: Именка, машки род
Закржлавено, рахитично дете.

пургатив повеќе

(едн.) пургативот
Вид збор: Именка, машки род
Средство за прочистување на цревата.
Англиски: purgative

пургативен повеќе

пургативни
Вид збор: Придавка
Што се користи како пургатив.
Англиски: purgative
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш