Медицина - категорија

обдукција повеќе

мн. обдукции
Вид збор: Именка, женски род
Отворање мртво тело заради проучување или заради преглед на внатрешните органи и утврдување на причините за смртта.
Англиски: autopsy

обесвести повеќе

обесвестат
Вид збор: Глагол, свршен
онесвести
Англиски: faint

обесплоди повеќе

обесплодат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде неплоден, лиши некого или нешто од способноста за плодност.
Англиски: sterilize

облога повеќе

мн. облоги
Вид збор: Именка, женски род
Парче ткаенина (обично натопено со вода или со некаков медицински раствор) што се става на заболено или повредено место од телото.
Англиски: compress Албански: leckë e lagët

оболи повеќе

оболат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да боледува, се разболи.
Англиски: fall ill Албански: sëmurem
Има некоја болест, страда од болест.
Англиски: suffer Албански: vuaj nga smundja

обреже повеќе

обрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши обрежување на машко дете (кај Евреите и Муслиманите).
Англиски: circumcise Албански: synet

обрежување повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Отсекување на еден дел од кожата на половиот орган кај мало момче, според прописите на еврејската и муслиманската религија.
Англиски: circumcision

обрезан повеќе

Види и: обреже (св.)
обрезани
Вид збор: Придавка
обрежан
Англиски: circumcised

овтика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
туберкулоза
Англиски: tubercolosis

овтикаллија повеќе

мн. овтикаллии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) туберкулозен

овулација повеќе

мн. овулации
Вид збор: Именка, женски род
овулирање
Англиски: ovulation Албански: ovulacion
период на овулирање
Англиски: ovulation Албански: ovulacion

овулира повеќе

овулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Создава јајцеви клетки или ги исфрла од јајниците.
Англиски: ovulate

оган повеќе

мн. огнови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Висока телесна температура, бунило.
Англиски: fever Албански: zjarrmi, temperaturë

огница повеќе

мн. огници
Вид збор: Именка, женски род
Треска, висока телесна температура.
Англиски: fever

одбив повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Одбивање, престанување да цица.
Албански: ndërpren të thithuri
Време на одбивање од цицање.
Албански: koha e ndëprerjes së thithuri

одбие повеќе

одбијат
Вид збор: Глагол, свршен
Одврати од цицање.
Албански: largoj
(се одбие) Престане да цица.
Албански: largoj, ndaj

одземе повеќе

одземат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одземе) Престане да функционира.
Англиски: paralyze Албански: merrem, paralizohem

одило повеќе

мн. одила
Вид збор: Именка, машки род
стапало
Англиски: sole

одлив повеќе

мн. одливи
Вид збор: Именка, машки род
одлевање, истекување
Англиски: hemorrhage Албански: çrredhje

оздравее повеќе

оздравеат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане здрав; се излекува од болест.
Англиски: get well Албански: shërohet
Направи некој да е здрав; излекува некого од болест.
Англиски: heal Албански: shëron

окрвави повеќе

окрвават
Вид збор: Глагол, свршен
Повреди предизвикувајќи крвавење.
Англиски: injure Албански: u bë me gjak

окулист повеќе

мн. окулисти
Вид збор: Именка, машки род
Лекар специјалист за очни болести.
Англиски: ophthalmologist

окулистика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за болести на очите.

омршави повеќе

омршават
Вид збор: Глагол, свршен
ослабне
Англиски: lose

онанија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Самозадоволување на половиот нагон со надразнување на половите органи.
Англиски: masturbation

онесвестен повеќе

Види и: онесвести (св.)
онесвестени
Вид збор: Придавка
Без свест, што изгубил свест.
Англиски: unconscious

онесвести повеќе

онесвестат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика (со удар, опојни средства и сл.) некој да загуби свест.
Англиски: faint Албански: alivanos

онколог повеќе

мн. онколози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист по онкологија.
Англиски: oncologist

онкологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Гранка од медицината којашто се занимава со проучување и лекување тумори.
Англиски: oncology

опалесценција повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Присуство на траги од албумини во урината.
Англиски: opalescence Албански: albumine në urinë

оперативен повеќе

оперативниот
Вид збор: Придавка
Што се изведува со хируршка операција.
Англиски: surgical Албански: kirurgjik

оператор повеќе

мн. оператори
Вид збор: Именка, машки род
Лекар што врши операција.
Англиски: surgeon Албански: operaor, kirurg

операција повеќе

мн. операции
Вид збор: Именка, женски род
Вид лекување, при кое со хируршка интервенција се отстрануваат болни ткива или органи, се поправа некој недостаток и сл.
Англиски: operation Албански: operacion kirurgjik

операционен повеќе

операциониот
Вид збор: Придавка
Што е наменет за хируршка операција.
Англиски: surgical

оперира повеќе

оперираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отстрани, отстранува по хируршки пат; изврши, врши хируршка операција.
Англиски: operate Албански: operoj

опивка повеќе

мн. опивки
Вид збор: Именка, женски род
Бесвесна состојба предизвикана со наркотично средство.
Англиски: narcosis Албански: narkozë
наркотично средство
Англиски: narcotic Албански: narkotik

опие повеќе

опијат
Вид збор: Глагол, свршен
Успие со наркоза.
Англиски: put to sleep Албански: vë në gjum

опијат повеќе

мн. опијати
Вид збор: Именка, машки род
Лек против болка, препарат на опиум.
Англиски: opiate Албански: narkotik

опиум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Исушен сок од несозреани афионови чушки што се користи како лек, опојно средство и дрога.
Англиски: opium Албански: opium

оплоден повеќе

оплодниот
Вид збор: Придавка
Што служи за оплодување, за размножување; што се однесува на оплодување.
Англиски: reproductive

опоен повеќе

опојни
Вид збор: Придавка
За алкохолна пијачка, дрога - што опива.
Англиски: intoxicating

опојка повеќе

Види и: опивка (ж.)
мн. опојки
Вид збор: Именка, женски род
опивка
Англиски: narcosis

опстипација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отежнато празнење на цревата.
Англиски: constipation

ординација повеќе

мн. ординации
Вид збор: Именка, женски род
Просторија за преглед на болни.
Англиски: doctor's office

ординира повеќе

ординираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прима болни во ординација за преглед и лекување.

ортопед повеќе

мн. ортопеди
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист по ортопедија.
Англиски: orthopedist

ортопедија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што се занимава со профилактика и лекување на повреди и деформации на човечкото тело, особено на коските.
Англиски: orthopedics

ортопедски повеќе

Види и: ортопедија (ж.)
ортопедскиот
Вид збор: Придавка
Што е поврзано со ортопедија или ортопед.
Англиски: orthopedic

осакатен повеќе

осакатениот
Вид збор: Придавка
Што станал сакат.
Англиски: disabled

освести повеќе

освестат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврати онесвестен во свесна состојба.
Англиски: reanimate Албански: vjen në vehte, zgjoj, reanimacion

осетен повеќе

осетниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на осет.

осип повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Реакција на кожата како резултат на алергија или инфекција.
Англиски: rash Српски: осип

остеопороза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заболување на коските предизвикано од хормонални промени или недостаток на калциум.
Англиски: osteoporosis

отекува повеќе

Види и: отече (св.)
отекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Набрекнува, добива оток.
Англиски: swell

отече повеќе

отечат
Вид збор: Глагол, свршен
Се подуе, набрекне.
Англиски: swell

оток повеќе

мн. отоци
Вид збор: Именка, машки род
Подуено место на телото од човек или животно.
Англиски: swelling

оториноларинголог повеќе

мн. оториноларинголози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар специјалист за болестите на увото, носот и грлото.
Англиски: otorhinolaryngologist

оториноларингологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува болестите на увото, носот и грлото.
Англиски: otorhinolaryngology

отров повеќе

мн. отрови
Вид збор: Именка, машки род
Материја штетна и смртоносна за живите организми.
Англиски: poison Албански: helm

отровен повеќе

отровни
Вид збор: Придавка
Што содржи отров, што може да отруе.
Англиски: poisonous

отрпне повеќе

отрпнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби моќ за движење, чувствителност на некој дел од телото; се вкочани, се здрви почувствува трпки.
Англиски: numb Албански: mpihem

отрувачка повеќе

мн. отрувачки
Вид збор: Именка, женски род
отров
Англиски: poison Албански: helm
труење
Англиски: poisoning Албански: helmim

отчешне повеќе

отчешнат
Вид збор: Глагол, свршен
измести, исчаши
Англиски: dislocate Албански: nxjerr nga vendi, ndrydh

офталмолог повеќе

мн. офталмолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за очни болести.
Англиски: ophthalmologist

офталмологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Медицинска наука што се занимава со окото и очните болести.
Англиски: ophthalmology

офталмолошки повеќе

офталмолошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на офталмолог или на офталмологија.
Англиски: ophthalmologic

офтика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
туберкулоза
Англиски: tuberculosis

очен повеќе

Види и: око (ср.)
очниот
Вид збор: Придавка
Што е за очи, за лекување на очи.
Албански: syri

очобол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Очна болест.

ошугави повеќе

ошугават
Вид збор: Глагол, свршен
Фати шуга, се зарази од шуга.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш