Медицина - категорија

набој повеќе

мн. набои
Вид збор: Именка, машки род
Набиено место, оток на стапалото, на петицата.
Англиски: sprain Албански: ndrydhje, e ënjtur

набор повеќе

мн. набори
Вид збор: Именка, машки род
Брчка на чело, на лице, на кожа и др.
Англиски: wrinkle Албански: rudhë

навлака повеќе

мн. навлаки
Вид збор: Именка, женски род
Облога, коронка на заб.
Англиски: crown Албански: mbështjellëse, kurorë dhëmbi

нагмечи повеќе

нагмечат
Вид збор: Глагол, свршен
Притисне, потисне, повреди малку.
Англиски: bruise

нагон повеќе

мн. нагони
Вид збор: Именка, машки род
Вродена способност, инстинкт, на живите суштества (луѓето и животните) несвесно да вршат определени дејства заради своето одржување и за одржувањето на видот.
Англиски: instinct

надноси повеќе

надносат
Вид збор: Глагол, свршен
Продолжи бременост, носи над потребното време.

надразба повеќе

мн. надразби
Вид збор: Именка, женски род
Силна возбуда на организмот или на одделен негов орган, предизвикан од влијанието на надворешни или на внатрешни фактори.
Англиски: irritation

назален повеќе

назалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на носот.
Англиски: nasal

наѕемне повеќе

наѕемнат
Вид збор: Глагол, свршен
Настине, добие настинка.
Англиски: catch a cold

наметка повеќе

мн. наметки
Вид збор: Именка, женски род
Болест на очите што предизвикува слабеење на видот до полно слепило.
Англиски: cataract Албански: perde, kataraktë

намовне повеќе

намовнат
Вид збор: Глагол, свршен
За кожата - се крене мовта од студ.
Англиски: goosebump

наод повеќе

мн. наоди
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што ќе се најде прин медицинско испитување.
Англиски: diagnosis

напад повеќе

мн. напади
Вид збор: Именка, машки род
Ненадејна болка, обземање од некакво чувство.
Англиски: seizure Албански: dhimbje

нарасток повеќе

мн. нарастоци
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што нараснало на површината на животински или растителен организам како ненормален израсток.
Англиски: tumor

наркоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Бесвесна состојба на човекот предизвикана со давање опојни средства заради хируршка операција.
Англиски: narcosis

наркоман повеќе

мн. наркомани
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е зависен од наркотици.
Англиски: drug addict

наркоманија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Силна, болна зависност од наркотици.
Англиски: narcomania

нарцизам повеќе

(едн.) нарцизмот
Вид збор: Именка, машки род
Претеран интерес во самиот себе или во својот физички изглед.
Англиски: narcissism

нарцис повеќе

мн. нарциси
Вид збор: Именка, машки род
Човек што е вљубен со себеси.
Англиски: narcissist Албански: narcisist, njeri narcizoid

нарцисоиден повеќе

нарцисоидниот
Вид збор: Придавка
Заљубен во себеси.
Англиски: narcissistic

нарцистички повеќе

Види и: нарцисоиден (прид.)
нарцистичкиот
Вид збор: Придавка
нарцисоиден
Англиски: narcissistic

наспичи повеќе

(се) наспичат
Вид збор: Глагол, свршен
Се набоде со спица.
Примери:
Се наспичил и прстот му гнојосал.

настин повеќе

Види и: настинка (ж.)
мн. настини
Вид збор: Именка, машки род
настинка
Англиски: cold

настинат повеќе

Види и: настине (св.)
настинати
Вид збор: Придавка
настине
Англиски: have a cold

настине повеќе

настинат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разболи од настинка, добие настинка.
Англиски: catch a cold

настинка повеќе

мн. настинки
Вид збор: Именка, женски род
Често заболување поради достудување.
Англиски: cold

натече повеќе

натечат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие оток.
Англиски: swell
Примери:
Од долгиот пат нозеве ми натекоа.

натечен повеќе

Види и: натече (св.)
натечени
Вид збор: Придавка
отечен
Англиски: swollen

натеченост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Состојба на тоа што е натечено.
Англиски: swelling

начеток повеќе

мн. начетоци
Вид збор: Именка, машки род
Кожна болест, на кој било дел од телото, со црвенило и јадеж.
Англиски: scabies Албански: zgjebe, kromë

неарен повеќе

неарни
Вид збор: Придавка
Болникав, слаб со здравјето.
Англиски: unwell

неарно повеќе

Вид збор: Прилог
нездраво
Англиски: unwell

небула повеќе

мн. небули
Вид збор: Именка, женски род
Замаглена точка во рожницата што го намалува видот.
Латински: nebula Англиски: nebula Албански: mjegullnajë në sy

невралгија повеќе

мн. невралгии
Вид збор: Именка, женски род
Болест при која се појавуваат болка во областа на некој нерв или на одделни негови гранки.
Англиски: neuralgia

невралгичен повеќе

невралгичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на невралгија.
Англиски: neuralgic

неврастенија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Растројство на нервниот систем што се покажува во премаленост, раздразнетост, главоболка и сл.
Англиски: neurasthenia

неврастеник повеќе

мн. неврастеници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што боледува од неврастенија.

невритис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на нерви.
Англиски: neurithis

невродермитис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Запаление на кожата во вид на егзема со силен нагон за чешање.
Латински: dermitis Англиски: neurodermatitis

невроза повеќе

мн. неврози
Вид збор: Именка, женски род
Функционално заболување на нервниот систем без видливи промени во нервното ткиво, кое се јавува поради нервна пренапрегнатост, тешки животни услови и др.
Англиски: neurosis

невролог повеќе

мн. невролози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист за нервни болести.
Англиски: neurologist

неврологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за нервниот систем и за нервните болести.
Англиски: neurology

невролошки повеќе

невролошкиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на невролог и на неврологија.
Англиски: neurological

невропсихијатрија повеќе

Види и: психијатрија (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што се занимава со ментални заболувања поврзани со нервниот систем.
Англиски: neuropsychiatry

невротичен повеќе

невротичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на нервите, нервен.

невротоксин повеќе

мн. невротоксини
Вид збор: Именка, машки род
Отров што делува на нервите.
Англиски: neurotoxin

неврохирургија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од хирургијата што се занимава со операции врз нервниот систем.
Англиски: neurosurgery

негувателка повеќе

мн. негувателки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што работи на негување на стари или на болни лица.
Англиски: nurse Албански: infermiere

недолечен повеќе

недолечени
Вид збор: Придавка
Што не е сосема излечен.

недоновче повеќе

мн. недоновчиња
Вид збор: Именка, среден род
Предвреме родено, недоносено дете.
Англиски: preemie

недоносен повеќе

недоносениот
Вид збор: Придавка
Што не е доносен во утробата на мајка си, предвреме роден.

недоносче повеќе

Види и: недоновче (ср.)
мн. недоносчиња
Вид збор: Именка, среден род
недоновче
Англиски: preemie

недохранување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Недоволно, слабо хранење.
Англиски: malnutrition

недуг повеќе

мн. недузи
Вид збор: Именка, машки род
Телесен или душевен недостаток.
Англиски: disability

недугав повеќе

недугавиот
Вид збор: Придавка
Што е душевно болен.
Англиски: dense

неизлекуван повеќе

неизлекуваниот
Вид збор: Придавка
Што не е излекуван.
Англиски: unhealed

неизлечив повеќе

неизлечиви
Вид збор: Придавка
Што не може да биде излекуван.
Англиски: incurable

неисхранет повеќе

неисхранети
Вид збор: Придавка
Што не е доволно хранет, што не е исхранет.
Англиски: malnourished

некрологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за причините на смртноста.
Англиски: Necrology

некромантија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Прорекување со повикување на мртвите.
Англиски: necromancy

некрофилија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Перверзно задоволување на сексуалниот нагон со мртви.
Англиски: necrophilia

ненормален повеќе

ненормалниот
Вид збор: Придавка
Што е душевно болен.
Англиски: abnormal

неоздравен повеќе

неоздравениот
Вид збор: Придавка
Што уште не е оздравен, што е сѐ уште болен.
Англиски: unhealthy

неопериран повеќе

неоперирани
Вид збор: Придавка
Што не е опериран.

неподнесување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
нетрпеливост со нешто друго
Англиски: contraindication Албански: mostolerim

неразвиен повеќе

неразвиени
Вид збор: Придавка
Што е физички или умствено слабо развиен; ненапреднат.
Англиски: retarded Албански: i pazhvilluar

нерасипан повеќе

нерасипаниот
Вид збор: Придавка
За мртовец, труп - што не е распаднат.

нерв повеќе

мн. нерви
Вид збор: Именка, машки род
Целокупниот нервен систем што ги управува и ги координира дејностите на организмот.
Англиски: nerve Албански: nerv

нервен повеќе

нервни
Вид збор: Придавка
Што е составен од нерви, што се однесува на нерви.
Англиски: nervous
Лекар за нервни болести.
Англиски: nervous

нероден повеќе

неродниот
Вид збор: Придавка
Што уште не се родил.
Англиски: unborn

несвестица повеќе

Види и: несвест (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на изгубена свест кога човекот не владее со функциите на телото.
Англиски: unconsciousness

нефритис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на бубрезите.
Англиски: nephritis

нехигиена повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
недостиг на хигиена

нехигиенски повеќе

нехигиенска
Вид збор: Придавка
Што не е хигиенски.
Англиски: unhygienic

никталопија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
ноќно слепило; кокошкино слепило
Англиски: nyctalopia

нимфоманија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Полова ненаситност кај жена.
Англиски: nymphomania

нимфоманка повеќе

мн. нимфоманки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што страда од нимфоманија.
Англиски: nymphomaniac

нитроглицерин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Лек за проширување на крвните садови, особено за олеснување на симптомите на ангина пекторис.
Англиски: nitroglycerine Албански: nitroglicerinë

новозаболен повеќе

мн. новозаболени
Вид збор: Именка, машки род
Нов пациент, нов заболен човек.
Примери:
Заедно со новозаболените, од почетокот на сезоната досега вкупно од грип се разболеле преку пет илјади луѓе.

нормален повеќе

нормални
Вид збор: Придавка
душевно здрав
Англиски: normal Албански: normal

носила повеќе

Вид збор: Именка, множина
Вид подвижно легло, обично на расклопување, за пренесување болни, ранети.
Англиски: stretcher

носилка повеќе

мн. носилки
Вид збор: Именка, женски род
носила
Англиски: stretcher Албански: lesë, barelë

нутриционист повеќе

мн. нутриционисти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за исхрана.
Англиски: nutritionist
Примери:
Се бараат масери, козметичари, па дури и нутриционисти.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш