Медицина - категорија

маглина повеќе

мн. маглини
Вид збор: Именка, женски род
Точка на рожницата што предизвикува замаглено гледање.
Албански: mjegulli

мајасил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кожна болест што се манифестира со пукање на кожата на рацете и на стапалата.
Турски: mayasıl Албански: majasil
Болест на дебелото црево.
Англиски: hemorrhoids Турски: mayasıl Албански: majasil, hemoroide

маларија повеќе

(едн.) маларијата
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест проследена со висока температура и треска што ја пренесуваат комарци.
Англиски: malaria

маларичен повеќе

маларичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на маларија.

малиген повеќе

малигни
Вид збор: Придавка
лош, опасен, смртоносен
Англиски: malignant

малигност повеќе

Види и: малиген (прид.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
особина на малиген
Англиски: malignancy

малокрвен повеќе

малокрвниот
Вид збор: Придавка
Што е со слаба крв, слабокрвен.
Англиски: anemic

манија повеќе

мн. мании
Вид збор: Именка, женски род
Психичко заболување коешто се манифестира со болна обземеност од некоја идеја и се карактеризира со нагли премини од еуфорични во депресивни состојби и обратно.
Англиски: mania Албански: mani

манијак повеќе

мн. манијаци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што има манија.
Англиски: maniac

манијакален повеќе

манијакалниот
Вид збор: Придавка
Што има манија.

манифестација повеќе

мн. манифестации
Вид збор: Именка, женски род
Во медицината - знаци на болест.
Англиски: manifestation Албански: manifestim

манифестира повеќе

манифестираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Во медицината - покаже, покажува знаци на некоја болест.
Англиски: manifest Албански: manifestoj

марихуана повеќе

(едн.) марихуаната
Вид збор: Именка, женски род
Суви листови од индиски коноп што служат како наркотик.
Латински: Саnnabis Англиски: marijuana

масажа повеќе

мн. масажа
Вид збор: Именка, женски род
Триење на телото од медицински или козметички причини.
Англиски: massage

масажер повеќе

мн. масажери
Вид збор: Именка, машки род
Апарат со кој се прави масажа.

масер повеќе

мн. масери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што професионално врши масажа.

маска повеќе

мн. маски
Вид збор: Именка, женски род
Направа што се става на лицето за заштита од отровни гасови, прав итн.
Англиски: mask Албански: maskë
Направа за довод на кислород.
Англиски: mask Албански: maskë
Направа низ која се вдишува анестетик пред операција.
Англиски: mask Албански: maskë

мастектомија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
ампутација на дојката
Англиски: mastectomy

маститис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на дојка.
Латински: Mastitis Англиски: breast infection

мастурбира повеќе

мастурбираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
дрка, онанира
Англиски: masturbate

материчен повеќе

материчниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на материца.

мати повеќе

матат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мати) Ми (ти, му, ѝ, им) cе заматува погледот, ми се врти во умот, имам вртоглавица.
Англиски: vertigo Албански: marrëmendje

маџун повеќе

мн. маџуни
Вид збор: Именка, машки род
Густ, лековит сируп.
Англиски: syrup Турски: macun Албански: shirup

мевлем повеќе

мн. мевлеми
Вид збор: Именка, машки род
Лековита маст што се става на рана.
Англиски: ointment Турски: merhem Албански: bar yndyrorë, mëlmes

мегаломанија повеќе

мн. мегаломании
Вид збор: Именка, женски род
Манија за преувеличување на самиот себе и на сопствените вредности и можности; претераност, неумереност.
Англиски: megalomania

медикамент повеќе

мн. медикаменти
Вид збор: Именка, машки род
лек, апче
Англиски: drug

медицинар повеќе

мн. медицинари
Вид збор: Именка, машки род
Студент на медицина.
Англиски: medical student Албански: student medicine
Лице што се занимава со медицина.
Англиски: medic Албански: që merret me medicinë

медицински повеќе

Види и: медицина (ж.)
медицинскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со медицината.
Англиски: medical

мездра повеќе

мн. мездри
Вид збор: Именка, женски род
тенка кожичка
Англиски: membrane Албански: membranë

меланом повеќе

мн. меланоми
Вид збор: Именка, машки род
рак на кожата и слузокожата
Англиски: melanoma

меланхолија повеќе

(едн.) меланхолијата
Вид збор: Именка, женски род
Душевно заболување коешто се изразува со беспричинска тага, нерасположение, страв, забавени душевни функции и склоност кон самоубиство.
Англиски: depression Албански: depresion

меланхоличар повеќе

мн. меланхоличари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што страда од меланхолија.
Англиски: melancholic

мелем повеќе

Види и: мевлем (м.)
мн. мелеми
Вид збор: Именка, машки род
лековита маст
Англиски: ointment Турски: merhem Албански: balsam, melhem

менингитис повеќе

(едн.) менингитисот
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на мозочната ципа.
Англиски: meningitis

менопауза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Природна појава во животот на жената кога престанува нејзината менструација.
Англиски: menopause

менструален повеќе

менструалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на менструација.
Англиски: menstrual

менструација повеќе

мн. менструации
Вид збор: Именка, женски род
Месечно крвавење од матката кај жените во периодот на полова зрелост.
Англиски: menstruation

месец повеќе

мн. месеци
Вид збор: Именка, машки род
менструација
Англиски: menstruation Албански: menstruacion

месечар повеќе

мн. месечари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што страда од месечарство.
Англиски: sleepwalker

месечарство повеќе

Види и: месечарење (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Несвесно станување и шетање за време на спиењето.
Англиски: sleepwalking

месечница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Периодично (обично четиринеделно), крварење на матката, при неоплодена јајна ќелија. Месечно крварење.
Англиски: menstruation

месо повеќе

мн. меса
Вид збор: Именка, среден род
Мускулно ткиво на човек или животно што ги покрива коските.
Англиски: flesh Албански: mish

метаболизира повеќе

Види и: метаболизам (м.)
(се) метаболизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Искористување на потребните ресурси од страна на организмот.
Англиски: metabolize

метастаза повеќе

мн. метастази
Вид збор: Именка, женски род
Вторично жариште на болеста, обично рак, што настанува со раширување на болните клетки преку лимфните и крвоносните садови.
Англиски: metastasis

метастазира повеќе

метастазираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Шири, рашири болест, обично рак; направи, прави метастази.
Англиски: metastasize

метереопат повеќе

мн. метереопати
Вид збор: Именка, машки род
Човек што болно ги чувствува временските промени.
Англиски: meteopath

метил повеќе

мн. метили
Вид збор: Именка, машки род
Болеста што ја предизвикува тој паразит.
Албански: metil, gëlbazë

метилав повеќе

метилавиот
Вид збор: Придавка
Што има метил, што е болен од метил.

метилоса повеќе

метилосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати метил, се разболи од метил.

метне повеќе

метнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пометне, изгуби плод.
Албански: hedh, dështon

меур повеќе

мн. меури
Вид збор: Именка, машки род
Мало испупчување на кожата исполнето со течност.
Англиски: bubble Албански: fluskë

мигрена повеќе

мн. мигрени
Вид збор: Именка, женски род
Болест што се одликува со напади на силна главоболка.
Англиски: migraine

миом повеќе

мн. миоми
Вид збор: Именка, машки род
Бениген тумор од мускулно ткиво.
Англиски: myoma

мирис повеќе

мн. мириси
Вид збор: Именка, машки род
Еден од петте надворешни осети што се прима преку носот.
Англиски: smell Албански: nuhatje

митесер повеќе

мн. митесери
Вид збор: Именка, машки род
Лојно црнкаво чепче во порите на кожата.
Англиски: pimple Германски: Mitesser

младеж повеќе

младежот
Вид збор: Именка, машки род
(мн. младежи) бенка
Англиски: spot Албански: leze, lyth

модрак повеќе

мн. модраци
Вид збор: Именка, машки род
Вид чир што се јавува под ноктите на рацете.
Албански: i thatë nën thua

модрина повеќе

мн. модрини
Вид збор: Именка, женски род
Модра дамка на телото наставата од удар.
Англиски: bruise Албански: irnosje, vend i mavijosur

модринка повеќе

мн. модринки
Вид збор: Именка, женски род
модрина
Англиски: bruise

модрица повеќе

Види и: модрина (ж.)
мн. модрици
Вид збор: Именка, женски род
модрина
Англиски: bruise

мозок повеќе

мн. мозоци
Вид збор: Именка, машки род
коскена срцевина
Англиски: bone marrow Албански: palcë ashti

мозол повеќе

мн. мозоли
Вид збор: Именка, машки род
плускавец
Англиски: blister Албански: fshikë, flluskë
гнојница, митесер
Англиски: pimple Албански: puçërr

мозолка повеќе

мн. мозолки
Вид збор: Именка, женски род
гнојница
Англиски: pimple

мозочен повеќе

мозочниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на мозок, што е дел од мозокот.
Англиски: brain

мокри повеќе

мократ
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта урина, моча.
Англиски: urinate Албански: urinon, përshurr

моларен повеќе

моларниот
Вид збор: Придавка
Што служи за дробење.
Англиски: molar

монголизам повеќе

(едн.) монголизмот
Вид збор: Именка, машки род
Болест што се манифестира со ментална заостанатост, низок раст, смален обем на черепот, зголемен јазик, коси очи и сл.
Англиски: Down's syndrome

монголоид повеќе

мн. монголоиди
Вид збор: Именка, машки род
Лице заболено од монголизам.
Англиски: mongoloid

монголоиден повеќе

монголоидно
Вид збор: Придавка
Што се однесува на монголоид.

мономанија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болен нагон, склоност за вршење на некоја (најчесто недозволена) активност; преокупираност од една единствена идеја.
Англиски: monomania

мор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
чума
Англиски: plague Албански: murtajë

морбили повеќе

Вид збор: Именка, множина
Акутно заразно заболување, главно кај децата, со зголемена температура и изразена сипка по кожата; цвеќето, мали сипаници, cитни сипаници, ситна шарка, детски сипаници.
Латински: morbilli Англиски: measels

морга повеќе

мн. морги
Вид збор: Именка, женски род
Оддел во болница каде што се оставаат привремено телата на непознати мртовци или за аутопсија.
Англиски: morgue

морија повеќе

мн. мории
Вид збор: Именка, женски род
чума, епидемија од чума
Англиски: plague

морфинист повеќе

мн. морфинисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што страда од морфинизам.
Англиски: morphine addict

морфиум повеќе

(едн.) морфиумот
Вид збор: Именка, машки род
Алкалоид кој се добива од сокот од афион и служи како наркотично средство во медицината; опојна дрога.
Англиски: morphine

мост повеќе

мн. мостови
Вид збор: Именка, машки род
Метална врска меѓу два заба, за која се прицврстуваат вештачки заби.
Англиски: bridge Албански: urë

моторика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Способноcт за движење, подвижноcт, и за изведување поврзани движења со телото или со некои делови од него.
Англиски: motor activity

моч повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Течност што ја лачат бубрезите и се исфрла од телото преку мочните органи.
Англиски: urine

моча повеќе

(се) мочаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта моч.
Англиски: urinate

мочен повеќе

мочниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на моч.

мочка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
моч
Англиски: urin Албански: urinë, shurrë

мрежа повеќе

мн. мрежи
Вид збор: Именка, женски род
Болест на очите.
Англиски: glaucoma Албански: glaukomë

мртвачница повеќе

Види и: мртовечница (ж.)
мн. мртвачници
Вид збор: Именка, женски род
мртовечница
Англиски: mortuary

мртвороденче повеќе

мн. мртвороденчиња
Вид збор: Именка, среден род
Дете што е родено мртво.
Англиски: stillbirth

мртовечница повеќе

мн. мртовечници
Вид збор: Именка, женски род
Зграда или просторија во која се носат мртовците пред да бидат погребани.
Англиски: mortuary

мрша повеќе

мн. мрши
Вид збор: Именка, женски род
Мртво тело на човек.
Англиски: carcass Албански: kufomë
човечко тело
Англиски: corpse Албански: trup

мутација повеќе

мн. мутации
Вид збор: Именка, женски род
Промена на гласот кај момчињата во пубертет.
Англиски: mutation Албански: mutacion

мутира повеќе

мутираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Промени, менува глас (за момче во пубертет).
Англиски: mutate Албански: ndryshon zërin
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш