Медицина - категорија

каверна повеќе

мн. каверни
Вид збор: Именка, женски род
Празнина во белите дробови, предизвикана од туберкулоза.
Латински: caverna Англиски: cavern

казамак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Општ назив за болести што се карактеризираат со исипување по кожата, најчесто за мали сипаници.
Англиски: measles Турски: kızamık

казуистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Опишување одделни случаи на болести.
Англиски: casuistry Албански: kazuistika

калорија повеќе

мн. калории
Вид збор: Именка, женски род
Хранлива вредност на животните продукти.
Англиски: calorie Албански: kalori

калцификација повеќе

мн. калцификации
Вид збор: Именка, женски род
Натрупување на калциумови соли во ткивата.
Англиски: calcification Албански: kalcifikim

камен повеќе

мн. камење
Вид збор: Именка, машки род
Цврст талог во некои внатрешни органи кај човекот.
Англиски: stone Албански: gur

канал повеќе

мн. канали
Вид збор: Именка, машки род
Долгнавеста, цевчеста шуплина во организмот низ која минуваат или во која се наоѓаат одредени материи.
Англиски: tract Албански: trakt, kanal

канцер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Тешко, малигно заболување на ткивата.
Англиски: cancer

канцероген повеќе

канцерогениот
Вид збор: Придавка
Што предизвикува канцер, рак.
Англиски: carcinogen

канцерозен повеќе

канцерозниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на канцер, на рак.
Англиски: cancerous

капалка повеќе

мн. капалки
Вид збор: Именка, женски род
Направа за броење капки, обично од течен лек што се дозира во капки.

капаче повеќе

мн. капачиња
Вид збор: Именка, среден род
Мала коска, со срцевидна форма, напред на коленото кај човекот.
Англиски: cap Албански: kupë gjunji

капилар повеќе

мн. капилари
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Најмал крвен сад во телото на човекот и на животните.
Англиски: capillary Албански: kapilar

капиларен повеќе

капиларниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на капилар и на капиларност.
Англиски: capillary Албански: kapilare

капка повеќе

мн. капки
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Лек што се прима во вид на капки; мера за примање течни лекарства.
Англиски: drop Албански: pikë

капс повеќе

Види и: запек (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
запек
Англиски: constipation

капсула повеќе

мн. капсули
Вид збор: Именка, женски род
Лек (во прав или течност) со обвивка од желатин, скроб со цилиндрична форма.
Англиски: capsule Албански: kapsulë

каракуш повеќе

мн. каракуши
Вид збор: Именка, машки род
Коскен израсток на скочниот зглоб од задната нога или на колено од коњ и заболување што го предизвикува тој израсток; мртва коска.
Турски: karakuş

карантин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Изолација на болни (луѓе, добиток, растенија) од заразни болести заради заштита и спречување на ширење на епидемија.
Англиски: quarantine Албански: karantinë

кардио повеќе

Вид збор: Префикс
Прв дел од сложенки со значење што е поврзано со срцето.
Англиски: cardio

кардиоваскуларен повеќе

кардиоваскуларниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на срцето и крвотокот.
Англиски: cardiovascular

кардиограм повеќе

мн. кардиограми
Вид збор: Именка, машки род
Графички приказ на работата на срцето.
Англиски: cardiogram

кардиограф повеќе

мн. кардиографи
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за кардиограми.

кардиолог повеќе

мн. кардиолози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист за срцеви болести.
Англиски: cardiologist

кардиологија повеќе

(едн.) кардиологијата
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што го проучува срцето, срцевите болести и нивното лекување.
Англиски: cardiology

кардиопулмонарен повеќе

кардиопулмонарниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на срцето и органите за дишење.
Англиски: cardiopulmonary

кардиохирург повеќе

мн. кардиохирурзи
Вид збор: Именка, машки род
Хирург за операции на срцето.
Англиски: cardiac surgeon

кардиохирургија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Хирургија на срцето и крвните садови.
Англиски: cardiac surgery

кариес повеќе

мн. кариеси
Вид збор: Именка, машки род
Заболување што доведува до уништување, разјадување на коскените ткива на забите.
Англиски: caries

карциноген повеќе

мн. карциногени
Вид збор: Придавка
Што може да предизвика карцином (рак).
Англиски: carcinogenic

карцином повеќе

мн. карциноми
Вид збор: Именка, машки род
Малиген, епителен тумор образуван во телото.
Англиски: carcinoma

кастрација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отстранување на половите жлезди кај човек или животно.
Англиски: castration

кастрира повеќе

кастрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува кастрација.
Англиски: castrate

кастриран повеќе

Види и: кастрира (св. и несв.)
кастрирани
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) кастрира
Англиски: castrated

каталепсија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Здрвеност на мускулите, неподвижност на телото што се јавува кај некои душевни заболувања и при длабока хипноза.
Англиски: catalepsy

каталептичен повеќе

каталептичниот
Вид збор: Придавка
Што страда од каталепсија, предизвикан од каталепсија.
Англиски: cataleptic

катаплазма повеќе

мн. катаплазми
Вид збор: Именка, женски род
Облога од топла каша што се става на заболено место.

катар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на слузницата на некој орган.
Англиски: catarrh

катаракт повеќе

мн. катаракти
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Вид очна болест, очна завеса.
Англиски: cataract Албански: katarakt

катаракта повеќе

Види и: катаракт (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заматување на очната леќа, очно перде, очна завеса.
Англиски: cataract

катарален повеќе

катаралниот
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на катар, заболен од катар.

катен повеќе

катниот
Вид збор: Придавка
катник

катетер повеќе

мн. катетери
Вид збор: Именка, машки род
Инструмент во вид на цевка што се поставува во телесни шуплина и органи, за внесување на лекарство или за отстранување на некаква течност.
Англиски: catheter

кашла повеќе

кашлаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно и со карактеристичен звук исфрла воздух од белите дробови, обично при надразнување на слузницата од дишните органи.
Англиски: cough Албански: kollë

кашлица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Често и силно кашлање; болест која се одликува со ваква појава.
Англиски: coughing bout

кашличав повеќе

кашличавиот
Вид збор: Придавка
Што често кашла; што боледува од кашлица.

кашло повеќе

мн. кашловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што често кашла; тој што боледува од кашлица.

кивавица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Акутно воспаление на слузницата на носот, најчесто при настинка, придружено со нагло исфрлање на воздух преку носот и устата.
Англиски: sneezing

кивавичав повеќе

кивавичавиот
Вид збор: Придавка
Лице што има кивавица, што постојано кива и шмрка со носот.

кијавица повеќе

Види и: кивавица (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
кивавица
Англиски: sneezing

кила повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Оток што cе јавува при испаѓање на внатрешните органи или на нивните делови, најчесто цревата, од нивното природно лежиште во соседната телесна празнина или под кожата, поради слабост, попуштање на мускулите или на стомачниот ѕид.
Англиски: hernia

килав повеќе

килавиот
Вид збор: Придавка
Што е заболен од кила, што има кила.

кинезитерапија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лекување на определени болести со помош на телесни вежби.

кинин повеќе

(едн.) кининот
Вид збор: Именка, машки род
Прашок добиен од кората на кининово дрво што се употребува како лек против маларија и некои други болести.
Англиски: quinine

киретажа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Чистење на внатрешноста на матката.
Латински: Abrasio Англиски: hysterectomy Француски: curettage

китка повеќе

мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
(само мн.) сипаница
Англиски: measles Албански: fruth

клаустофобија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Страв од престојување во затворен простор.
Англиски: claustrophobia

клептоман повеќе

мн. клептомани
Вид збор: Именка, машки род
Лице што страда од клептоманија.
Англиски: kleptomaniac

клептоманија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болна склоност кон крадење.
Англиски: kleptomania

клизма повеќе

мн. клизми
Вид збор: Именка, женски род
клистир
Латински: clysterium Англиски: enema

климакс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
климактериум
Англиски: menopause Албански: klimaks, periudhë klimakterike

климактериум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Период на физиолошки промени кај жената во кој постепено се менува соодносот на сексуалните хормони.
Англиски: menopause

климактеричен повеќе

Види и: климактериум (м.)
климактеричниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на климактериум; што cе однесува како да е во климактериум.

клин повеќе

мн. клинови
Вид збор: Именка, машки род
Народен назив за болки во долниот дел на стомакот кај детето.
Англиски: abdominal pain Албански: dhimbje barku

клиника повеќе

мн. клиники
Вид збор: Именка, женски род
Специјализирана болничка установа (обично во рамките на медицински факултет) за лекување болни, за научни испитувања и за практична медицинска настава.
Англиски: clinic

клинички повеќе

клинички
Вид збор: Придавка
Што се однесува на клиника, што се прави на клиника.
Англиски: clinical

клистир повеќе

мн. клистири
Вид збор: Именка, машки род
Внесување на течност во дебелото црево кај човекот заради вештачко празнење на цревата.
Латински: clysterium Англиски: enema

клистира повеќе

клистираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава клистир.

клица повеќе

мн. клици
Вид збор: Именка, женски род
бацил
Англиски: germ Српски: клица

клобурец повеќе

мн. клобурци
Вид збор: Именка, машки род
Меур на кожата.
Англиски: blister Албански: fshikë, flluskë

коагулација повеќе

(едн.) коагулацијата
Вид збор: Именка, женски род
Засирување на крвта по некаква повреда, со што се спречува понатамошно крвавење.
Англиски: clotting Албански: koagulim, ngjizje

когнитивен повеќе

когнитивниот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со спознавањето.
Англиски: cognitive

кодеин повеќе

мн. кодеини
Вид збор: Именка, машки род
Алкалоид на опиум што cе употребува во медицината, најчесто како средство за смирување на кашлица.
Англиски: Codeinе

кожен повеќе

кожни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кожа на телото.
Англиски: skin Албански: lëkure

козметика повеќе

(едн.) козметиката
Вид збор: Именка, женски род
Средства што служат за разубавување и нега.
Англиски: cosmetic Албански: kozmetikë

кока повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
кокаин
Англиски: cocaine Албански: kokainë

кокаин повеќе

(едн.) кокаинот
Вид збор: Именка, машки род
Алкалоид што се добива од кока или по синтетички пат, силно наркотично средство кое во медицината се употребува за локална анестезија и за ублажување на болки.
Англиски: cocaine Албански: kokainë

коклиш повеќе

Види и: кашлица (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
магарешка кашлица
Англиски: whooping cough

колабира повеќе

колабираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Падне, паѓа во несвест, добие, добива напад на колапс.
Англиски: collapse

колапс повеќе

(едн.) колапсот
Вид збор: Именка, машки род
Нагло губење свест, премаленост поради здравствени проблеми.
Англиски: collapse Албански: kolaps, alivanosje

колера повеќе

(едн.) колерата
Вид збор: Именка, женски род
Тешка заразна болест проследена со чести проливи, повраќање и нагло губење на телесната сила.
Англиски: cholera

колика повеќе

мн. колики
Вид збор: Именка, женски род
Силна, остра болка со грчеви што се јавува нагло во стомачните органи.
Англиски: colic

колитис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на дебелото црево.
Англиски: colitis

колострум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Густа млечна маса што истекува во првите денови по породувањето од градите на жената или од женско животно.
Латински: colostrum Англиски: colostrum

кома повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на длабока, долготрајна несвестица.
Англиски: coma Албански: komë

коматозен повеќе

коматозниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кома.
Англиски: comatose

комплекс повеќе

мн. комплекси
Вид збор: Именка, машки род
Психолошки проблем, чувство на некаков недостаток што влијае негативно во однесувањето на човекот.
Англиски: complex Албански: kompleks

компрес повеќе

мн. компреси
Вид збор: Именка, машки род
Газа или парче платно обично натопено во вода или во некој медицински раствор што се става на заболено место од телото заради лекување.
Англиски: compress

компресор повеќе

мн. компресори
Вид збор: Именка, машки род
Направа за стискање на крвните садови.
Англиски: compressor

конвулзивен повеќе

конвулзивниот
Вид збор: Придавка
грчовит
Англиски: convulsive

конвулзија повеќе

мн. конвулзии
Вид збор: Именка, женски род
грч, грчење
Англиски: convulsion

конгенитален повеќе

конгениталниот
Вид збор: Придавка
Што е генетски наследен.
Англиски: congenital

кондиција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Општа психофизичка состојба на организмот, способност да издржи поголеми напори.
Англиски: condition Албански: kondicion

кондиционен повеќе

кондициониот
Вид збор: Придавка
кондиција, кондициски

кондом повеќе

мн. кондоми
Вид збор: Именка, машки род
Гумена навлака што служи за заштита од венерични болести или од несакана бременост.
Англиски: condom

конзилиум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Состанок на двајца или повеќе лекари за утврдување на дијагнозата и лекување на болниот.
Англиски: council

конјунктивит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
воспаление на рожницата
Англиски: conjunctivitis

констипација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
запек, опстипација
Англиски: constipation

конституција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Целокупен склоп на човековото тело, неговите физички, психички и физиолошки својства.
Англиски: constitution Албански: konstitucion, konstituim, ndërtim

контраиндикација повеќе

мн. контраиндикации
Вид збор: Именка, женски род
Појава, знак за штетноста од примената на некој лек или начин на лекување.
Англиски: contraindication Албански: kundërindikacion

контракција повеќе

мн. контракции
Вид збор: Именка, женски род
стегање, собирање
Англиски: contraction

контрацептивен повеќе

контрацептивниот
Вид збор: Придавка
Што спречува зачнување и бременост.
Англиски: contraceptive

контрацепција повеќе

(едн.) контрацепцијата
Вид збор: Именка, женски род
Постапка за спречување на оплодување, спречување на забременување.
Англиски: contraception

контрацепциски повеќе

Види и: контрацепција (ж.)
контрацепцискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на контрацепција.
Англиски: contraceptive

контузија повеќе

мн. контузии
Вид збор: Именка, женски род
Повреда на телото предизвикана од триење или од удар со тап предмет, при пад или од силен притисок на воздух.
Англиски: contusion

коњска опашка повеќе

(едн.)
Вид збор: Сложенка
Растение со лековити својства против туберкулоза, крварење и бубрежни проблеми.
Латински: Equisetum arvense Англиски: horsetail

копитница повеќе

мн. копитници
Вид збор: Именка, женски род
Болест кај коњите од која им пукаат копитата.
Англиски: crapaudine Албански: sëmundje e thundrave

корозија повеќе

(едн.) корозијата
Вид збор: Именка, женски род
Разорување на ткивото поради гноење или дејcтво на отровни материи.
Англиски: corrosion Албански: korozion

коронарен повеќе

коронарниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на артериите што водат кон срцето.
Англиски: coronary

коруба повеќе

мн. коруби
Вид збор: Именка, женски род
Што личи на кора.
Англиски: scab Албански: kore

коруз повеќе

мн. корузи
Вид збор: Именка, машки род
Засушена крв.
Англиски: scab

косне повеќе

коснат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика силна болка.
Англиски: hurt Албански: prek, lëndon

косопад повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Паѓање на косата, делумно или целосно.
Англиски: loss of hair, baldness

косопасец повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Заразна болест од која паѓа косата.
Англиски: loss of hair

костобол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Болест на коските и на зглобовите предизвикана од лош метаболизам и таложење мочна киселина во ткивото.
Англиски: gout

костур повеќе

мн. костури
Вид збор: Именка, машки род
Многу слаб човек.
Англиски: skeleton Албански: skelet

краста повеќе

мн. красти
Вид збор: Именка, женски род
Кожна заразна болест проследена со cилен јадеж.
Англиски: scabies Албански: zgjebe
Кора од засушени крв и гној, или од крв и од гној на рана што зараснува.
Англиски: scab Албански: dregëz

крастав повеќе

краставиот
Вид збор: Придавка
Што е болен од краста, крастосан.
Англиски: scabby

кратковид повеќе

кратковидиот
Вид збор: Придавка
кусоглед
Англиски: shortsighted

крв повеќе

мн. крвови
Вид збор: Именка, женски род
Црвена течност што тече низ крвните садови на човекот и животните и ги обезбедува хранењето и размената на материите во клетките.
Англиски: blood Албански: gjak

крвави повеќе

крвават
Вид збор: Глагол, несвршен
Губи крв од себе со истекување.
Англиски: hemorrhage Албански: gjakderdhje

крводарител повеќе

мн. крводарители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што дава крв за трансфузија.
Англиски: blood donor

кретен повеќе

мн. кретени
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е духовно заостанато а физички закржлавено.
Англиски: cretin Француски: crétin Албански: kreten, i marrë

кретенизам повеќе

(едн.) кретенизмот
Вид збор: Именка, машки род
Болест кај која доаѓа до раѓање на лица со умствена заостанатост и физичка закржлавеност.
Англиски: cretinism Албански: kretenizëm

креч повеќе

мн. кречеви
Вид збор: Именка, машки род
грч
Англиски: cramp Албански: ngërç, shtangim

криви повеќе

криват
Вид збор: Глагол, несвршен
куца, накривнува
Англиски: limp Албански: çaloj

кривотница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заболување од кое стоката криви.

криза повеќе

мн. кризи
Вид збор: Именка, женски род
Преломен момент во развојот на некоја болест.
Англиски: crisis Албански: krizë

крстобол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Болка во крстот; болест на крстот.
Англиски: backpains

круп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Заразна болест на грлото.
Англиски: goiter

куб повеќе

мн. кубови
Вид збор: Именка, машки род
Трет степен на некој број.
Англиски: cube Албански: kub

куластра повеќе

Види и: колострум (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
колострум
Латински: colostrum Англиски: colostrum

кура повеќе

мн. кури
Вид збор: Именка, женски род
Лек или третман за заздравување
Англиски: cure

куратива повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лекување и нега на болен.
Англиски: curing

куративен повеќе

куративни
Вид збор: Придавка
Што лекува, што служи за лекување.
Англиски: curing

кусоглед повеќе

кусогледиот
Вид збор: Придавка
Што не гледа добро во далечина.
Англиски: shortsighted

кусогледост повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Особина на тој што гледа добро од близу, тоа што е близу, а слабо го гледа тоа што е далеку.
Англиски: shortsightedness Албански: shkurtpamësi
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш