Медицина - категорија

игла повеќе

мн. игли
Вид збор: Именка, женски род
Остра болка, чувство на боцкање.
Англиски: sting Албански: therrje, thumbim

идиот повеќе

мн. идиоти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е малоумен, што страда од идиотизам.
Англиски: idiot

идиотизам повеќе

(едн.) идиотизмот
Вид збор: Именка, машки род
Најтежок степен на ментална заостанатост, вродена или стекната во раното детство.
Англиски: idiocy Албански: idiotizëm

изблуе повеќе

изблујат
Вид збор: Глагол, свршен
поврати, исплука
Англиски: vomit, spit Албански: vjellë, pështyj
(се изблуе) поврати
Англиски: vomit Албански: vjell

изгореница повеќе

мн. изгореници
Вид збор: Именка, женски род
Изгорено место на кожата, белег на такво место.
Англиски: burn

изгуби повеќе

Види и: губи (несв.)
изгубат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изгуби) се онесвести
Англиски: faint Албански: humb, ra të fikët

издива повеќе

издиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно вдишува и издишува, забрзано дише.
Англиски: breathe

издивне повеќе

издивнат
Вид збор: Глагол, свршен
Издиши еднаш, со еден здив.
Англиски: exhale Албански: lëshoj frymë

издише повеќе

Види и: издиши (св.)
издишат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти воздух во еден здив, одеднаш.
Англиски: exhale Албански: çfrynë

издрсне повеќе

Види и: дрсне (св.)
издрснат
Вид збор: Глагол, свршен
Испразни црева под голем притисок.
Албански: shpraz
(се издрсне) Си ги испразнува цревата.
Англиски: shit Албански: shpraz

излекува повеќе

излекуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврати заболен човек или животно со лечење во здрава состојба, отстрани болест.
Англиски: cure Албански: shëroj
(се излекува) оздравее
Англиски: heal Албански: shëroj, shëndoshem

излекуван повеќе

излекуваниот
Вид збор: Придавка
Што се излекувал од некоја болест.
Англиски: healed

излечи повеќе

Види и: излекува (св.)
излечат
Вид збор: Глагол, свршен
излекува
Англиски: heal

излечив повеќе

излечивиот
Вид збор: Придавка
Што може да се излечи (многу често негирано).
Англиски: curable

излив повеќе

мн. изливи
Вид збор: Именка, машки род
Нагло изливање на секрет или друга течност на жив организам, крв, жолчка и сл.
Англиски: hemorrhage Албански: hemorragji, shpërthim

измачка повеќе

Види и: мачка (несв.)
измачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истрие со нешто мачкајќи со лековита материја.
Англиски: rub Албански: lyej

измести повеќе

изместат
Вид збор: Глагол, свршен
Шине, измести зглоб од чашката.
Англиски: dislocate Албански: pëlkyej, ndrydh

измет повеќе

(едн.) изметот
Вид збор: Именка, машки род
Несварени состојки од храна што се исфрлаат преку дебелото црево како непотребни, штетни.
Англиски: shit Албански: ndyrësirë

изметок повеќе

мн. изметоци
Вид збор: Именка, машки род
Предвреме родено дете или младо од животно.
Англиски: premie Албански: shtatanik

износи повеќе

износат
Вид збор: Глагол, свршен
За бременост - носи плод до крај, до времето за раѓање.
Англиски: bear Албански: mbaj, mbart

изолација повеќе

(едн.) изолацијата
Вид збор: Именка, женски род
Одвојување на болните од здравите без можност за контакт (во случај од заразни болести или епидемија).
Англиски: quarantine Албански: karantinë

изолира повеќе

изолираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За луѓе и животни (најчесто во врска со некоја болест).
Англиски: isolate Албански: izoloj

изразболи повеќе

Види и: разболи (св.)
изразболат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да се разболи некој или повеќемина.
Англиски: sicken Албански: sëmurem
(се изразболи) Стане болен.
Англиски: fall ill Албански: sëmurem

имобилизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ставање подлога, гипс, завој на рака, нога или друг дел од телото при повреда, скршување.
Англиски: immobilisation

имплант повеќе

мн. импланти
Вид збор: Именка, машки род
Ткиво, вештачки дел или друг материјал вградени во жив организам во цел преземање на некаква функција.
Англиски: implant

имплантација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вградување импланти во човечкото тело.
Англиски: implantation

имплантира повеќе

имплантираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вградување на вештачки дел или ткиво во жив организам.
Англиски: implant

импотентен повеќе

импотентниот
Вид збор: Придавка
Што е сексуално неспособен.
Англиски: impotent

импотенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сексуална немоќ, неспособност за оплодување.
Англиски: impotence Албански: impotencë

импулс повеќе

мн. импулси
Вид збор: Именка, машки род
несовладлив нагон
Англиски: urge Албански: impuls

имун повеќе

имуни
Вид збор: Придавка
Што е отпорен на болести, што има имунитет.
Англиски: immune

имунизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Создавање вештачки имунитет.
Англиски: immunization

имунитет повеќе

(едн.) имунитетот
Вид збор: Именка, машки род
Природна или здобиена отпорност на организмот на разни заразни болести или на определени отрови.
Англиски: immunity Албански: imunitet

имунолог повеќе

мн. имунолози
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е стручно во областа на имунологијата.
Англиски: immunologist

имунологија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за имунитетот на организмот.
Англиски: immunology

имунотерапија повеќе

мн. имунотерапии
Вид збор: Именка, женски род
Лекување болест со зајакнување на имуниот систем.
Англиски: immunotherapy

инвалид повеќе

мн. инвалиди
Вид збор: Именка, машки род
Човек што е телесно оштетен (во војна, при вршење на својата работа, во несреќен случај) и станал делумно или целосно неспособен за работа.
Англиски: disabled person Германски: Invalid Албански: invalid
Лице што е духовно немоќно, неспособно.
Англиски: handicapped person Германски: Invalid Албански: invalid, person me hendikep

инвалидизира повеќе

инвалидизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави некого инвалид.
Англиски: disable

ин виво повеќе

Вид збор: Сложенка
Во живо, со жив организам.
Латински: in vivo Англиски: in-vivo

ин витро повеќе

Вид збор: Сложенка
во епрувета
Латински: in vitro Англиски: in-vitro

индикатор повеќе

мн. индикатори
Вид збор: Именка, машки род
Радиоактивни материи што служат за следење на промените на материите во човечкиот организам.
Англиски: indicator Албански: indikatorë

индикација повеќе

мн. индикации
Вид збор: Именка, женски род
Укажување, симптом за потребата од лекување или за земање определен лек.
Англиски: indication Албански: indikacion

инервација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пренесување на дразбите од централниот нервен систем до органите преку нервите.
Англиски: innervation

инјектира повеќе

инјектираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стави, става инјекција.
Англиски: inject

инјекција повеќе

мн. инјекции
Вид збор: Именка, женски род
Течен лек што се внесува во организмот со игла и шприц.
Англиски: injection

инконтинентен повеќе

инконтинентниот
Вид збор: Придавка
Што не може да ја контролира нуждата.
Англиски: incontinent

инкубатор повеќе

мн. инкубатори
Вид збор: Именка, машки род
Специјална комора во која се негуваат слаби и недоносени новороденчиња.
Англиски: incubator Албански: inkubator

инкубација повеќе

(едн.) инкубацијата
Вид збор: Именка, женски род
Периодот од заразувањето до појавата на првите симптоми на болеста.
Англиски: incubation Албански: inkubacion
Времето што е потребно за да се развие плодот во јајцето.
Англиски: incubation Албански: inkubacion

инкубира повеќе

инкубираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Развива со создавање поволни услови.
Англиски: incubate
(се инкубира) Се развива полека без надворешни симптоми.
Англиски: incubate

инсомнија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на несоница.
Англиски: insomnia

инспирација повеќе

мн. инспирации
Вид збор: Именка, женски род
Вдишување, земање воздух во белите дробови.
Англиски: breathing Албански: frymëmarrje

инструментарка повеќе

мн. инструментарки
Вид збор: Именка, женски род
Медицинска сестра што се грижи за стерилноста на хируршките инструменти за време на операција.
Англиски: surgical nurse

инсулин повеќе

(едн.) инсулинот
Вид збор: Именка, машки род
Хормон на панкреасот што ја регулира размената на шеќерот во организмот.
Англиски: insulin Албански: insulin

инсуфициенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Неспособност, слаба работа на некој орган (особено на срцето) како последица на некое заболување.
Англиски: insufficiency Албански: insuficiencë, paaftësi

интервју повеќе

мн. интервјуа
Вид збор: Именка, среден род
Во психологијата - метод при кој со помош на разговор се добиваат податоци за испитаникот.
Англиски: interview Албански: intervistë

интернист повеќе

мн. интернисти
Вид збор: Именка, машки род
Лекар - специјалист за внатрешни болести.
Англиски: internist

интернистички повеќе

интернистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на интернист.

интоксикација повеќе

мн. интоксикации
Вид збор: Именка, женски род
Труење на организмот со отрови, внесени или создадени во него.
Англиски: intoxication

интравенозен повеќе

интравенозниот
Вид збор: Придавка
Што се инјектира директно во вените.
Англиски: intravenous

инфантилизам повеќе

(едн.) инфантилизмот
Вид збор: Именка, машки род
Недоволна телесна и душевна развиеност, заостанување во развитокот на ниво на детска возраст.
Англиски: infantilism

инфаркт повеќе

мн. инфаркти
Вид збор: Именка, машки род
Изумирање на дел од ткивото на некој орган (мозок, срце, бубрези и др.) предизвикано од затнување на крвните садови и нарушување на крвотокот.
Англиски: infarct

инфективен повеќе

инфективниот
Вид збор: Придавка
Што предизвикува или е предизвикан од различни инфекции.
Што се занимава со заразните заболувања.

инфектолог повеќе

мн. инфектолози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист за инфективни болести.
Англиски: infectologist

инфекција повеќе

мн. инфекции
Вид збор: Именка, женски род
Навлегување и напад на организмот од разни микроорганизми коишто предизвикуваат заболување.
Англиски: infection Албански: infeksion

инфилтрација повеќе

мн. инфилтрации
Вид збор: Именка, женски род
Навлегување на разни хемиски елементи или хемиски материи во ткивата на органите.
Англиски: infiltration Албански: infiltrim

инфицира повеќе

инфицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предизвика, предизвикува инфекција, зарази, заразува.
Англиски: infect Албански: infekton
(се инфицира) се зарази
Англиски: infect Албански: infektohet

инфицираност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Состојба на тој или на тоа што има инфекција.

инфламиран повеќе

инфламираниот
Вид збор: Придавка
воспален
Англиски: inflamed

инфлуенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заразна вирусна болест проследена со зголемена температура.
Англиски: influenza Албански: influenca, grip

инфузија повеќе

мн. инфузии
Вид збор: Именка, женски род
Внесување течност (физиолошки раствор) во крвта, под кожата или во цревата на болниот при значителна загуба на крв за надоместување на телесните течности.
Англиски: infusion

инхалатор повеќе

мн. инхалатори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за инхалација.
Англиски: inhaler

инхалација повеќе

мн. инхалации
Вид збор: Именка, женски род
Вдишување пареа од лековити средства.
Англиски: inhalation

инхалира повеќе

инхалираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
вдише
Англиски: inhale

инхибиција повеќе

мн. инхибиции
Вид збор: Именка, женски род
Во физиологијата - спречување на некое органско дејство или функција со волјата или со неволно физиолошко дејство.
Англиски: inhibition Албански: pengim, moslejim
Во психологијата - спречување на некој сетилен поттик или на друга душевна состојба потсвесно или со помош на волјата.
Англиски: inhibition Албански: pengim, ndalim

инцест повеќе

мн. инцести
Вид збор: Именка, машки род
Полово општење со блиски сродници со кои е забранет брак поради роднинските врски.
Англиски: incest

инцизија повеќе

мн. инцизии
Вид збор: Именка, женски род
Засек на рана.
Англиски: incision

иригатор повеќе

мн. иригатори
Вид збор: Именка, машки род
Сад со гумена цевка што служи за измивање на внатрешни органи на телото.
Англиски: irrigator

иригација повеќе

(едн.) иригацијата
Вид збор: Именка, женски род
Измивање на внатрешни органи на телото.
Англиски: irrigation Албански: irigacion, shpërlarje

иритација повеќе

(едн.) иритацијата
Вид збор: Именка, женски род
Воспаление на ткиво или на орган под дејство на физичко или на хемиско средство.
Англиски: irritation Албански: iritacion

иритира повеќе

иритираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предизвика, предизвикува дразби на ткиво или на орган со некое средство.
Англиски: irritate Албански: iriton

исеченица повеќе

мн. исеченици
Вид збор: Именка, женски род
Пресечено место, рана од исекување.
Англиски: cut

исипе повеќе

исипат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исипе) Добие сипаници или сипка при некои болести.
Албански: merr puçrra fruthi

искилави повеќе

искилават
Вид збор: Глагол, свршен
(се искилави) Добие кила, стане килав.
Англиски: get hernia Албански: dëkuem

исколчи повеќе

исколчат
Вид збор: Глагол, свршен
Шине, измести од зглоб.
Англиски: dislocate Албански: nxjerr nga vendi, ndrydh

искрвавен повеќе

искрвавениот
Вид збор: Придавка
Крвав, облиен со крв.
Англиски: bloodstained

искрвави повеќе

искрвават
Вид збор: Глагол, свршен
Ја изгуби сета крв.
Англиски: bleed Албански: humb gjak
(се искрвави) Изгуби крв.
Англиски: exsanguinate Албански: gjakos

искривоколчи повеќе

искривоколчат
Вид збор: Глагол, свршен
шине, измести
Англиски: dislocate Албански: pëlkyej, ndrydh

исповрати повеќе

Види и: поврати (св.)
исповратат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврати во голема мера.
Англиски: vomit

испосипе повеќе

испосипат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испосипе) Добие сипаница во изразена мера.
Англиски: get measles Албански: merr fruthin

испреврзе повеќе

испреврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Преврзе некого во голема мера.
Англиски: bandage Албански: lidh, fashoj
Преврзе многумина, сите.
Англиски: bandage Албански: fashoj, bandazhoj
(се испреврзе)
Англиски: bandage Албански: fashoj, lidh

испришти повеќе

(се) исприштат
Вид збор: Глагол, свршен
Се покрие со приштови.

истегне повеќе

истегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со повлекување измести нешто од лежиштето.
Англиски: dislocate Албански: heq, ndrydh

исуши повеќе

Види и: суши (несв.)
исушат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исуши) За мускул - атрофира, ја изгуби функцијата.
Англиски: atrophy Албански: atrofi

исцедок повеќе

мн. исцедоци
Вид збор: Именка, машки род
Течност, секрет што се лачи од организмот.
Англиски: secretion Албански: lëng, sekret

исцелив повеќе

исцеливиот
Вид збор: Придавка
Што може да се исцели.
Англиски: curable

исцелител повеќе

мн. исцелители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има моќ да исцелува, да лекува со методи различни од методите на медицината.
Англиски: healer

исцелувачки повеќе

исцелувачкиот
Вид збор: Придавка
Што има моќ да исцелува.
Англиски: healing

исчанчи повеќе

исчанчат
Вид збор: Глагол, свршен
За зглоб - излезе од лежиштето, се измести.
Англиски: dislocate Албански: pëlkyej, ndrydh

исчаши повеќе

Види и: исчанчи (св.)
исчашат
Вид збор: Глагол, свршен
исчанчи
Англиски: dislocate

ихтиол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Катранеста маса што се употребува за лекување кожни болести и за дезинфекција.

ишијас повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Силни болки што се шират од рбетот по должината на нервот на ногата.
Латински: ischias Англиски: sciatica
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш