Медицина - категорија

ебола повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Смртоносна треска предизвикана од вирус.
Англиски: Ebola

евтаназија повеќе

(едн.) евтаназијата
Вид збор: Именка, женски род
Постапка при која со помош на лекарства се предизвикува лесна и безболна смрт на болен од неизлечива болест.
Англиски: euthanasia

егзема повеќе

мн. егземи
Вид збор: Именка, женски род
Заболување на кожата проследено со црвенило и со ситни гнојни меурчиња и најчесто со јадеж.
Англиски: eczema

егзибиционизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Душевна болест при која се прикажуваат јавно разголени делови од телото.
Англиски: exhibitionism Албански: eksibicionizëm

егзибиционист повеќе

мн. егзибиционисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што боледува од душевно заболување и јавно се разголува.
Англиски: exibitionist Албански: ekzibicionist

егзоген повеќе

егзогенетскиот
Вид збор: Придавка
Што е навлезен во организмот, што е од надвор.
Англиски: exogenous
Што доаѓа од надвор.
Англиски: exogenous

едем повеќе

мн. едеми
Вид збор: Именка, машки род
Оток, поткожен подлив од насобрана течност во поткожното ткиво на човек или на животно.
Англиски: edema Албански: edemë

еднојајчен повеќе

еднојајчениот
Вид збор: Придавка
Што се создадени, потекнуваат од едно јајце.
Англиски: identical

едноног повеќе

едноногиот
Вид збор: Придавка
Што има само една нога.
Англиски: one-legged

ејакулативен повеќе

Види и: ејакулира (св. и несв.)
ејакулативни
Вид збор: Придавка
Што е во врска со ејакулација.
Англиски: ejaculative

ејакулира повеќе

ејакулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Исфрла сперма.
Англиски: ejaculate

еким повеќе

мн. екими
Вид збор: Именка, машки род
лекар
Англиски: physician Турски: hekim

екскременти повеќе

Вид збор: Именка, множина
измет, урина
Англиски: excrement

екскреција повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Исфрлање на измет и урина како резултат на метаболизмот.
Англиски: excretion

ексхумација повеќе

мн. ексхумации
Вид збор: Именка, женски род
Ископување труп од гроб со цел да се извршат дополнителни испитувања за различни потреби (судски, медицински) или за да се пренесе во друг гроб.
Англиски: exhumation

ексхумира повеќе

ексхумираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши, изврши ексхумација.
Англиски: exhumate

електрокардиограм повеќе

електрокардиограми
Вид збор: Именка, машки род
Графички приказ, снимка како одделна постапка во медицината за истражување на работата на срцето.
Англиски: electrocardiogram

електрошок повеќе

мн. електрошокови
Вид збор: Именка, машки род
Шок предизвикан со електрична струја при лекување на некои психички заболувања.
Англиски: electroshock

елефантијаза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тропска болест кај која се здебелува еден дел од телото.
Латински: Elephantiasis tropica Англиски: elephantiasis

емболија повеќе

мн. емболии
Вид збор: Именка, женски род
Затнување на крвните садови, најчесто со воздух или згрутчена крв.
Англиски: embolism

ембрион повеќе

мн. ембриони
Вид збор: Именка, машки род
Зачеток на човек или на животно во почетниот стадуим на развитокот.
Англиски: embryo Албански: embrion

ендемија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест предизвикана од несоодветни услови за живот или од други причинители што се јавува постојано во некоја област.
Англиски: endemia

ендемичен повеќе

ендемичниот
Вид збор: Придавка
Што има карактер на ендемија.
Англиски: endemic

ендометриоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
заболување на матката
Англиски: endometriosis

енцефалитис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на мозокот.
Англиски: encephalitis

епидемија повеќе

мн. епидемии
Вид збор: Именка, женски род
Широко распространета заразна болест од која заболеле поголем број луѓе, животни или растенија.
Англиски: epidemic

епидемиолог повеќе

мн. епидемиолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по епидемиологија.
Англиски: epidemiologist

епидемиологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што ги проучува појавата, ширењето и лекувањето на заразните болести.
Англиски: epidemiology

епидемичен повеќе

Види и: епидемиологија (ж.)
епидемичниот
Вид збор: Придавка
Што има својство на епидемија.
Англиски: epidemic

епилепсија повеќе

мн. епилепсии
Вид збор: Именка, женски род
Болест што се манифестира со ненадејни напади на тресење и со губење на свеста.
Англиски: epilepsy

епилептичар повеќе

мн. епилептичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице болно од епилепсија.
Англиски: epileptic

епилептичен повеќе

епилептичниот
Вид збор: Придавка
Што има знаци на епилепсија.
Англиски: epileptic

ергономија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за капацитетот и способностите на работниот човек и оптимирање на условите за работа.
Англиски: ergonomics

ерготерапија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
работна терапија
Англиски: occupational therapy

ерекција повеќе

мн. ерекции
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на зголеменост на пенисот.
Англиски: erection

еритроцит повеќе

мн. еритроцити
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Црвени крвни зрнца.
Англиски: erythrocyte

ероген повеќе

ерогениот
Вид збор: Придавка
Што предизвикува полова возбуда.
Англиски: erogenous

ерозија повеќе

мн. ерозии
Вид збор: Именка, женски род
Нагризување, разјадување на слузокожата.
Англиски: erosion Албански: konsumuarit

етиологија повеќе

(едн.) етиологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за причините на болестите.
Латински: aetiologia Англиски: etiology

етиолошки повеќе

Види и: етиологија (ж.)
етиолошка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на етиологија.
Англиски: etiologic

еугеника повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за создавање здрав подмладок преку манипулирање на наследните особини.
Англиски: eugenics

еуфорија повеќе

(едн.) еуфоријата
Вид збор: Именка, женски род
Болна состојба со субјективно зголемена возбуда, ведро расположение и безгрижност кај болните.
Англиски: euphoria Албански: eufori
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш