Медицина - категорија

далак повеќе

мн. далаци
Вид збор: Именка, машки род
Болест на слезината.
Англиски: spleen Албански: shpretkë

далакосан повеќе

далакосаниот
Вид збор: Придавка
Што боледува од далак.

далековид повеќе

далековидиот
Вид збор: Придавка
Што го гледа она што е далеку, а не го гледа добро она што е блиску.
Англиски: farsighted

далтонизам повеќе

далтонизмот
Вид збор: Именка, машки род
Неспособност на очите, видот да разликува некои бои, особено црвената и зелената.
Англиски: color-blindness

далтонист повеќе

мн. далтонисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што страда од далтонизам.
Англиски: color-blind

дамар повеќе

мн. дамари
Вид збор: Именка, машки род
крвен сад
Англиски: blood vessel Турски: damar Албански: enë gjaku

дамка повеќе

мн. дамки
Вид збор: Именка, женски род
Бенка, белег на телото, обично од раѓање.
Англиски: mark Албански: shenjë, nishan

дамла повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Срцев или мозочен удар.
Англиски: stroke Турски: damla
Примери:
Го удри дамлата и падна мртов.

дамлоса повеќе

(се) дамлосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие срцев удар; се фати.
Англиски: paralyse

дамлосан повеќе

дамлосаниот
Вид збор: Придавка
Што е парализиран, фатен (во дел од телото); што добил срцев удар.

дегенеративен повеќе

дегенеративниот
Вид збор: Придавка
Што води кон или е поврзан со дегенерација.
Англиски: degenerative

дегенерик повеќе

мн. дегенерици
Вид збор: Именка, машки род
Лице што покажува знаци на физичко или душевно растројство.
Англиски: maniac Албански: degjenerik, bastard

дезинфектант повеќе

мн. дезинфектанти
Вид збор: Именка, машки род
средство за дезинфекција
Англиски: disinfectant

дезинфекција повеќе

мн. дезинфекции
Вид збор: Именка, женски род
Уништување на заразни бактерии, чистење на заразени места, предмети по хемиски пат.
Англиски: disinfection

дезинфицира повеќе

дезинфицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува дезинфекција.
Англиски: disinfect

делириум повеќе

мн. делириуми
Вид збор: Именка, машки род
Од различни причини (висока температура, болест, алкохол) поматеност на свеста проследена со халуцинации.
Англиски: delirium Албански: delirium

дементен повеќе

Види и: деменција (ж.)
дементниот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со деменција.

деменција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Оштетување на мозокот што води кон нарушување на менталните процеси.
Латински: dementia Англиски: dementia Албански: demencë, çmenduri

дентист повеќе

мн. дентисти
Вид збор: Именка, машки род
заболекар
Англиски: dentist

депресивен повеќе

депресивниот
Вид збор: Придавка
Што е душевно потиснат, нерасположен, меланхоличен.
Англиски: depressive

депресија повеќе

мн. депресии
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на душевна потиснатост, нерасположеност, меланхолија.
Англиски: depression Албански: depresion

депримира повеќе

депримираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предизвика, предизвикува состојба на депресија.
Англиски: depress

дерматолог повеќе

мн. дерматолози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист за кожни болести.
Англиски: dermatologist

дерматологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука од медицината што се занимава со проучување на кожата и со кожните болести.
Англиски: dermatology

дерматолошки повеќе

Види и: дерматолог (м.)
дерматолошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на дерматолог и на дерматологија.
Англиски: dermatological

детоксикација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отстранување на отрови од телото; одвикнување од употреба на дрога.
Англиски: detoxication
Примери:
Амбиент совршен за ментална и телесна детоксикација далеку од бетонската џунгла.

дефектологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од науката што се занимава со принципите и особеностите на развојот на децата со физички и ментални дефекти.
Англиски: defectology

дефибрилатор повеќе

мн. дефибрилатори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат којшто со помош на струен удар го воспоставува ритамот на срцето.
Англиски: defibrillator

дехидратација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Губење на водата во организмот.
Англиски: dehydration

дехидрира повеќе

дехидрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изгуби, губи вода, остане, останува без доволно вода во организмот.
Англиски: dehydrate

див повеќе

диви
Вид збор: Придавка
израсток на тело

дигестивен повеќе

дигестивниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на органите за варење.
Англиски: digestive

диета повеќе

мн. диети
Вид збор: Именка, женски род
Посебен режим на исхрана, сообразен со состојбата на организмот, што се состои во умереност или откажување од определени продукти (обично од масти) во исхраната.
Англиски: diet

диетален повеќе

диеталниот
Вид збор: Придавка
Што е наменет за диета.

диететика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за правилната исхрана на организмот.
Англиски: dietetics

диететичар повеќе

мн. диететичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со диететика.
Англиски: dietician

дизентерија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест на слузницата на дебелото црево проследена со пролив.
Англиски: dysentery

дијабетес повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
шеќерна болест
Англиски: diabetes

дијабетичар повеќе

мн. дијабетичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што боледува од дијабетес.

дијабетичен повеќе

дијабетичниот
Вид збор: Придавка
Што е болен од дијабетес.
Англиски: diabetic

дијагноза повеќе

мн. дијагнози
Вид збор: Именка, женски род
Утврдување болест преку преглед на болниот.
Англиски: diagnosis Албански: diagnozë

дијагностика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Гранка на медицината што се занимава со методите за поставување дијагноза.
Англиски: diagnostics

дијагностицира повеќе

дијагностицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Постави, поставува дијагноза кај болен човек врз основа на симптомите на болеста.
Англиски: diagnose

дијагностичар повеќе

мн. дијагностичари
Вид збор: Именка, машки род
Лекар што ја утврдува болеста, што поставува дијагноза.

дијализа повеќе

мн. дијализи
Вид збор: Именка, женски род
Постапка (обично при оштетени бубрези) на отстранување супстанции од организмот што обично се излачуваат преку бубрезите.
Англиски: dialysis Албански: dializë

дијареја повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
пролив
Англиски: diarrhoea

дијастола повеќе

мн. дијастоли
Вид збор: Именка, женски род
Повторно полнење на срцевите комори со крв по контракција на срцето.
Англиски: diastole

дијатеза повеќе

мн. дијатези
Вид збор: Именка, женски род
Склоност кон крвавење.
Англиски: diathesis Албански: diatezë

диоптрија повеќе

мн. диоптрии
Вид збор: Именка, женски род
Единица за мерење на прекршувањето на светлината кај оптичката леќа, обично при мерење на степенот на далековидоста или на кратковидоста заради корекција на видот.
Англиски: diopter

дислексија повеќе

(едн.) дислексијата
Вид збор: Именка, женски род
Пореметување во развојот на децата при учење на читањето и правописот.
Англиски: dyslexia

дислокација повеќе

мн. дислокации
Вид збор: Именка, женски род
исчанчување, шинување
Англиски: dislocation Албански: përdredhje

дисоцијација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Патолошки развој каде што психата и однесувањето на пациентот се распаѓа во повеќе различни неконтролирани личности.
Англиски: dissociation

диспанзер повеќе

мн. диспанзери
Вид збор: Именка, машки род
Здравствена установа за амбулантно лекување и контрола на болните и за спречување на ширење заразни болести.
Англиски: clinic

диспозиција повеќе

мн. диспозиции
Вид збор: Именка, женски род
Склоност кон некои болести.
Англиски: disposition Албански: dispozitë

дистрофија повеќе

мн. дистрофии
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на анормален развој, најчесто поврзана со дегенерација на мускулите.
Англиски: dystrophy

диуретик повеќе

мн. диуретици
Вид збор: Именка, машки род
Средство што го забрзува излачувањето на урината.
Англиски: diuretic

дифтерија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест што се карактеризира со воспаление на слузокожата на душникот, грлото и носот и со општа затруеност на организмот.
Англиски: diphtheria

дифтеричен повеќе

дифтерични
Вид збор: Придавка
Што е заболен од дифтерија; што покажува знаци на заболеност од дифтерија.

дишен повеќе

дишниот
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со дишењето, што учествува во дишењето.
Англиски: respiratory

дишење повеќе

Види и: дише (несв.)
(едн.) дишењето
Вид збор: Именка, среден род
(глаг. им.) Основна функција на организмот со која се снабдува со кислород.
Англиски: respiration

доброќуден повеќе

доброќудниот
Вид збор: Придавка
Што не е опасен.
Англиски: benign

додои повеќе

Види и: дои (несв.)
додојат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со доењето.
Англиски: breast-feed

доенче повеќе

мн. доенчиња
Вид збор: Именка, среден род
бебе цицалче
Англиски: infant

доење повеќе

Види и: дои (несв.)
(едн.) доењето
Вид збор: Именка, среден род
Хранење на новороденче со цицање.
Англиски: breast-feeding

дои повеќе

дојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Храни бебе или младо животно давајќи му да цица.
Англиски: breast-feed

дојаче повеќе

Види и: доенче (ср.)
дојачиња
Вид збор: Именка, среден род
доенче
Англиски: infant

доктор повеќе

мн. доктори
Вид збор: Именка, машки род
лекар
Англиски: physician Албански: mjek

докторлак повеќе

(едн.) докторлакот
Вид збор: Именка, машки род
лекарска професија

докторува повеќе

докторуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со лекување, работи како лекар.
Англиски: doctor

допинг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Користење на забранети дроги за подобрување на физичките способности.
Англиски: doping

допир повеќе

мн. допири
Вид збор: Именка, машки род
Еден од петте надворешни осети што се прима преку кожата.
Англиски: touch Албански: prekje

дразба повеќе

мн. дразби
Вид збор: Именка, женски род
Чувство предизвикано со физиолошки процес или со надворешно влијание врз сетилата.
Англиски: stimulus

дренажа повеќе

мн. дренажи
Вид збор: Именка, женски род
Отстранување на течност или гној од рана со помош на посебна цевка.
Англиски: drainage Албански: drenazh, kullim

дренира повеќе

дренираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отстранува гној.
Англиски: drain

дрога повеќе

мн. дроги
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Исушени делови од лековити растенија што се употребуваат како лек.
Англиски: drug Албански: drogë
Суров или преработен производ од различно потекло (растително, животинско, минерално) што се употребува во медицински и други цели.
Англиски: drug Албански: drogë

дрогиран повеќе

дрогирани
Вид збор: Придавка
Што користи, што зема дрога.
Англиски: intoxicated

дрска повеќе

дрскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има пролив.

дрскавица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
пролив
Англиски: diarrhea

дрскосерец повеќе

Види и: дрскавица (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
пролив
Англиски: diarrhea

дупка повеќе

мн. дупки
Вид збор: Именка, женски род
Празнина кон или во внатрешноста на организмот.
Англиски: socket Албански: zgavër

душевен повеќе

душевни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на душата на човекот, на неговиот внатрешен, психички живот.
Англиски: mental

душење повеќе

Види и: души (несв.)
(едн.) душењето
Вид збор: Именка, среден род
(глаг. им.) души
Англиски: suffocation
Примери:
При недостаток на кислород доаѓа до душење.

души повеќе

душат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави пречки, го спречува дишењето.
Англиски: suffocate Албански: pengoj
(се души) Има пречки во дишењето, ја губи можноста да дише.
Англиски: suffocate Албански: pengoj
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш