Медицина - категорија

габардиса повеќе

габардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
За рана збувне, се воспали.
Англиски: inflame Албански: ndez, iritoj

газа повеќе

мн. гази
Вид збор: Именка, женски род
Специјална мрежеста ткаенина што се користи за преврзување на рани.
Англиски: surgical gauze Албански: gazë, garzë

галванизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лекување со помош на галванска струја.
Англиски: galvanization Албански: galvanizim

галванизира повеќе

галванизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Лекува со помош на галванска струја.
Албански: shërim me galvanizim

галванокаустика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Горење на чиреви и други израстоци на кожата со помош на галванска струја.

галванотерапија повеќе

мн. галванотерапии
Вид збор: Именка, женски род
Лекување со помош на галванска струја.

гангрена повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Гниење, распаѓање на ткивото.
Англиски: gangrene

гангренозен повеќе

гангренозниот
Вид збор: Придавка
Што има гангрена.
Англиски: gangrenous

гаргара повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Плакнење на устата и грлото со вода или со лековита течност.
Англиски: gargle Турски: gargara

гаргари повеќе

гаргарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави гаргара, го плакне грлото.
Англиски: gargle

гастритис повеќе

(едн.) гастритисот
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на желудникот.
Англиски: gastritis

гел повеќе

мн. гелови
Вид збор: Именка, машки род
желатинска маса
Англиски: gel Албански: xhel

ген повеќе

мн. гени
Вид збор: Именка, машки род
Наследна единица којашто ги определува карактеристиките на потомците.
Англиски: gene

генерички повеќе

генеричкиот
Вид збор: Придавка
Што има особини на цела група.
Англиски: generic

генетика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за развитокот на организмите, наследувањето на определени особини и нивната променливост.
Англиски: genetics

генетичар повеќе

мн. генетичари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со генетика.

генетски повеќе

генетска
Вид збор: Придавка
Што е поврзано со гените.
Англиски: genetic

генитален повеќе

генитална
Вид збор: Придавка
Што се однесува на гениталии.
Англиски: genital

геријатрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што се занимава со болестите кои доаѓаат со стареењето, нивното лекување и профилактика.
Англиски: geriatrics

геронтолог повеќе

мн. геронтолози
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со геронтологија.
Англиски: gerontologist

геронтологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што се занимава со процесот на стареење, со социолошките и со економските проблеми на старите луѓе.
Англиски: gerontology

гинеколог повеќе

мн. гинеколози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар специјалист по гинекологија.
Англиски: gynecologist

гинекологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што ги проучува женските полови и репродуктивни органи, нивните заболувања и нивното лекување.
Англиски: gynecology

главоболка повеќе

мн. главоболки
Вид збор: Именка, женски род
Болка во главата.
Англиски: headache Албански: kokëdhimbje

глад повеќе

(едн.) гладот
Вид збор: Именка, машки род
Чувство на потреба, неопходност од храна.
Англиски: hunger Албански: uri

глас повеќе

мн. гласови
Вид збор: Именка, машки род
Звук што се создава во грлото со помош на гласилките при зборување, пеење и сл.
Англиски: sound Албански: tingull

глеѓ повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заштитен слој на забите.
Англиски: dental enamel Албански: emal dhëmbësh

глистоса повеќе

глистосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие глисти.
Англиски: catch worms

глистосан повеќе

глистосаниот
Вид збор: Придавка
Што има глисти, заразен со глисти.

глочка повеќе

глочкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За око - боцка, пече поради глотка.
Англиски: hurt

глувонем повеќе

глувонеми
Вид збор: Придавка
Човек што не слуша и не зборува, односно што е лишен од слухот и од способноста за говор.
Англиски: deaf-mute

глужд повеќе

мн. глуждови
Вид збор: Именка, машки род
Зглоб кој ги спојува стапалото и потколеничната коска.
Англиски: ankle Албански: nyjë e këmbës

гнилец повеќе

мн. гнилци
Вид збор: Именка, машки род
Болест кај пчелите чијшто причинител е микроскопски ситен организам.

гноен повеќе

гнојниот
Вид збор: Придавка
Што е исполнет со гној.
Англиски: festering

гнои повеќе

гнојат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За рана -се исполнува со гној, станува гноен.
Англиски: fester Албански: mbledh qelb

гној повеќе

(едн.) гнојот
Вид збор: Именка, машки род
Густа жолтеникава течност што се создава при воспаление или гниење на дел од човечки или животински организам.
Англиски: pus Албански: qelb

гнојница повеќе

мн. гнојници
Вид збор: Именка, женски род
Воспалена пора исполнета со гној што избива на површината на кожата.

гнојоса повеќе

гнојосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни со гној, загнои.
Англиски: fester

гонореја повеќе

(едн.) гонорејата
Вид збор: Именка, женски род
венерична болест
Англиски: gonorrhoea

гори повеќе

горат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има висока телесна температура.
Англиски: burn Албански: digjet

гравиден повеќе

гравидна
Вид збор: Придавка
(обично во ж. род) бремена

гравидитет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
бременост

граден повеќе

градниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на гради.
Англиски: chest

градест повеќе

градеста
Вид збор: Придавка
Што има развиени, широки гради.
За жена - со големи гради.
Англиски: busty

гради повеќе

градите
Вид збор: Именка, множина
Бели дробови.
Англиски: lung Албански: mushkëri

градоболен повеќе

градоболниот
Вид збор: Придавка
Што има болни гради.

гранулом повеќе

мн. грануломи
Вид збор: Именка, машки род
Воспалено место на ткивото во вид на зрно.
Англиски: granuloma

грбен повеќе

грбниот
Вид збор: Придавка
Што е дел од грбот, што се однесува на грб.

гребаница повеќе

мн. гребаници
Вид збор: Именка, женски род
Гребнато место.
Англиски: scratch

гребнатина повеќе

Види и: гребаница (ж.)
мн. гребнатини
Вид збор: Именка, женски род
гребнато место
Англиски: scratch

грип повеќе

мн. грипови
Вид збор: Именка, машки род
Вирусно заболување што се карактеризира со висока температура и болки во мускулите.
Англиски: influenza

грипозен повеќе

грипозниот
Вид збор: Придавка
Што е болен од грип.

грлобол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на грлото.
Англиски: tonsillitis

грозница повеќе

мн. грозници
Вид збор: Именка, женски род
треска
Англиски: fever

грозничав повеќе

грозничави
Вид збор: Придавка
Што е во состојба на грозница.
Англиски: feverish

грпка повеќе

мн. грпки
Вид збор: Именка, женски род
Неприродна искривеност на грбот, обично како последица од болест.
Англиски: hunchback Албански: xhungë, gërbë, gungaç

грч повеќе

мн. грчеви
Вид збор: Именка, машки род
Силно и болно стегање на мускул или група мускули.
Англиски: spasm Албански: ngërç, shtangim

грчовит повеќе

грчовитиот
Вид збор: Придавка
Што е проследено со грчеви.
Англиски: spasmodic

гуска повеќе

мн. гуски
Вид збор: Именка, женски род
Сад за вршење физиолошки потреби на болните.
Англиски: urine bottle Албански: patë

гуша повеќе

мн. гуши
Вид збор: Именка, женски род
Болест на штитната (тироидната) жлезда при што доаѓа до отекување на предниот дел од вратот.
Англиски: goiter Турски: guşa Албански: gushë, shtrumë
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш