Медицина - категорија

вагина повеќе

мн
Вид збор: Именка, женски род
Канал што води од надворешниот дел на женскиот полов орган до матката.
Латински: vagina Англиски: vagina Албански: vaginë

вагинален повеќе

вагиналниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вагина.
Англиски: vaginal

вакцина повеќе

мн. вакцини
Вид збор: Именка, женски род
Препарат од ослабени микроби, вируси или нивни излачувања што се дава заради заштита на организмот од заразни болести.
Англиски: vaccine Албански: vaksinë

вакцинација повеќе

мн. вакцинации
Вид збор: Именка, женски род
Внесување на вакцина во организмот, вакцинирање.
Англиски: vaccination

вакцинира повеќе

вакцинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Внесе, внесува вакцина во организмот; даде, дава вакцина некому.
Англиски: vaccinate

валеријан повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Капки за смирување на нервите, лек во течност направен од корен на валеријана.
Англиски: valerian Албански: valerian

вари повеќе

варат
Вид збор: Глагол, несвршен
Преработување на храната во желудникот и цревата за да може организмот да ја асимилира.
Англиски: digest Албански: tretë, bluaj

вариола повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Големи сипаници.
Англиски: smallpox

варичела повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид сипаница, овча сипаница.
Англиски: chickenpox

васкуларен повеќе

васкуларна
Вид збор: Придавка
Во врска со крвотокот.
Англиски: vascular

вбризга повеќе

вбризгаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дава лекарство со инјекција.
Англиски: inject Српски: убризгавати Албански: injekton, mbush

вдише повеќе

вдишат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе, вовлече воздух во белите дробови преку нос или уста.
Англиски: inhale

венеричен повеќе

венерични
Вид збор: Придавка
Што се однесува на болести на половите органи.
Англиски: venereal

венеролог повеќе

мн. венеролози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар - специјалист за венерични болести.
Англиски: venereologist

венерологија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Гранка од медицината што се занимава со проучување и лекување на венеричните болести.
Англиски: venereology

венци повеќе

Види и: венец (м.)
Вид збор: Именка, множина
венец
Англиски: gums

ветерина повеќе

(едн.) ветерината
Вид збор: Именка, женски род
Наука за болестите и за лекувањето на животните.
Англиски: veterinary

ветеринар повеќе

мн. ветеринари
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по ветерина; ветеринарен лекар или ветеринарен техничар.
Англиски: veterinarian

ветеринарен повеќе

ветеринарниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ветерина и на ветеринар.
Англиски: veterinary

ветеринарство повеќе

(едн.) ветеринарството
Вид збор: Именка, женски род
ветерина
Англиски: veterinary Албански: veterinari
Ветеринарна дејност.
Англиски: veterinary Албански: veterinari

вивисекција повеќе

мн. вивисекции
Вид збор: Именка, женски род
Операција на жив организам поради истражување.
Англиски: vivisection

вид повеќе

мн. видови
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Едно од петте сетила, чијшто орган се очите.
Англиски: sight Албански: pamje

видело повеќе

мн. видела
Вид збор: Именка, среден род
Очен вид.
Англиски: sight Албански: pamje

визита повеќе

мн. визити
Вид збор: Именка, женски род
Редовна лекарска посета во болнички услови.
Англиски: round Албански: vizitë

вироза повеќе

мн. вирози
Вид збор: Именка, женски род
Болест предизвикана од вирус.
Англиски: viral disease

вирулентен повеќе

вирулентниот
Вид збор: Придавка
Акутен, што брзо се шири.
Англиски: virulent

вирус повеќе

мн. вируси
Вид збор: Именка, машки род
Микроорганизам поситен од бактерија што може да предизвика заразна болест.
Англиски: virus

вирусен повеќе

вирусни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вирус, што е предизвикан од вирус.
Англиски: viral

витален повеќе

витални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на живот, неопходен за живот.
Англиски: vital

витамин повеќе

мн. витамини
Вид збор: Именка, машки род
Органско соединение неопходно за нормално функционирање на организмот.
Англиски: vitamin Албански: vitaminë

вкорави повеќе

вкорават
Вид збор: Глагол, свршен
(се вкорави) Се направи како кора, се стврдне.
Англиски: encrust Албански: vë kore, forcohet

вкосчи повеќе

вкосчат
Вид збор: Глагол, свршен
Претвори во коска.
Англиски: ossify

вкус повеќе

мн. вкусови
Вид збор: Именка, машки род
Еден од петте надворешни осети што се прима преку јазикот и внатрешноста на устата.
Англиски: taste Албански: shije

воајер повеќе

мн. воајери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е психички болно и сексуално се задоволува со тајно гледање на голи луѓе.
Англиски: voyeur

вода повеќе

мн. води
Вид збор: Именка, женски род
Воденикава течност што ја лачи организмот.
Англиски: secretion Албански: tajitje

вонматеричен повеќе

вонматеричниот
Вид збор: Придавка
Што е, што се случува надвор од материцата.

воспален повеќе

воспалениот
Вид збор: Придавка
Заболен од инфекција и со температура.
Англиски: inflamed

воспаление повеќе

мн. воспаленија
Вид збор: Именка, среден род
Заболување на некој орган или ткиво предизвикно од инфекција и проследено со температура, со болки и сл.
Англиски: inflammation

воспали повеќе

воспалат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика воспаление.
Англиски: inflame Албански: shkaktoj ndezje
(се воспали) Се предизвика воспаление.
Англиски: inflame Албански: shkaktoj ndezje

врат повеќе

мн. вратови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот.
Англиски: neck Албански: qafë

врач повеќе

Види и: врачарка (ж.)
мн. врачеви
Вид збор: Именка, машки род
Лице што лекува со билки и со баење.
Англиски: medicine man Албански: magjistar

врга повеќе

мн. врги
Вид збор: Именка, женски род
Израсток на тело.
Англиски: swelling Албански: xhungë, gungë

врекавица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
козја болест

врзан повеќе

врзани
Вид збор: Придавка
Што има преврска, што е со завој и сл.
Англиски: bandaged

вртоглавица повеќе

мн. вртоглавици
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на организмот во која се губи чувството на рамнотежа и во која се чини дека сѐ се врти.
Англиски: vertigo

всипе повеќе

(се) всипат
Вид збор: Глагол, свршен
Се осипе со бронки.
Англиски: rash

вулва повеќе

мн. вулви
Вид збор: Именка, женски род
Надворешен дел на женски полови органи.
Латински: vulva Англиски: vulva
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш