Математика - категорија

равенка повеќе

мн. равенки
Вид збор: Именка, женски род
Математички израз со една или повеќе непознати величини.
Англиски: equation Албански: barazim, ekuacion
Примери:
Равенка со една непозната.

равенство повеќе

мн. равенства
Вид збор: Именка, среден род
Израз чиишто две страни се еднакви.
Англиски: equation Албански: ekuacion

радикал повеќе

мн. радикали
Вид збор: Именка, машки род
Математички знак со кој се означува вадење корен и самиот резултат од вадењето на коренот.
Албански: rrënjë

радиус повеќе

мн. радиуси
Вид збор: Именка, машки род
Права линија што соединува некоја точка на окружност со центарот.
Англиски: radius Албански: radius, rreze

радиус-вектор повеќе

мн. радиус-вектори
Вид збор: Именка, машки род
Вектор што покажува од една почетна точка кон одредена точка.
Англиски: radius vector

раздели повеќе

Види и: дели (св. и несв.)
разделат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши дејство делење.
Англиски: divide Албански: daj

разностран повеќе

разнострани
Вид збор: Придавка
Кој нема еднакви страни
Англиски: polygonal

разрез повеќе

мн. разрези
Вид збор: Именка, машки род
Површина по која е расечен еден предмет.
Англиски: section Албански: prerje

рамнина повеќе

мн. рамнини
Вид збор: Именка, женски род
Рамна површина.
Англиски: plane Албански: rrafsh

рамноаголен повеќе

рамноаголна
Вид збор: Придавка
Кој има еднакви агли.
Англиски: equiangular
Примери:
Рамноаголен многуаголник.

рамнокрак повеќе

Вид збор: Придавка
Кој има еднакви краци.
Англиски: isosceles

рамностран повеќе

Вид збор: Придавка
Кој има еднакви страни.
Англиски: isosceles
Примери:
Rамностран триаголник.

рационален повеќе

рационални
Вид збор: Придавка
Што може логички да се расчленува на цели броеви.
Англиски: rational
Примери:
Рационален број.

рекурзивен повеќе

рекурзивни
Вид збор: Придавка
Што може да се повика самиот себе, со нови почетни вредности.
Англиски: recursive
Примери:
рекурзивни функции

ромб повеќе

мн. ромбови
Вид збор: Именка, машки род
Четириаголник со рамни страни и без прави агли.
Англиски: rhombus

ромбичен повеќе

ромбични
Вид збор: Придавка
Кој има форма на ромб.
Англиски: rhombic
Примери:
Ромбична антена.

ромбовиден повеќе

Види и: ромбичен (прид.)
ромбовидна
Вид збор: Придавка
Кој има вид на ромб.
Англиски: rhombic

ромбоид повеќе

мн. ромбоиди
Вид збор: Именка, машки род
Ромб со две подолги наспоредни страни.
Англиски: rhomboid

ромбоиден повеќе

ромбоидна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ромбоид.

ротација повеќе

мн. ротации
Вид збор: Именка, женски род
Вртење, кружење на некое тело околу својата оска.
Англиски: rotation Албански: qarkullim
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш