Математика - категорија

наспореден повеќе

наспоредниот
Вид збор: Придавка
Што е по целата должина на иста оддалеченост од друг, што не се пресекува.
Англиски: parallel

неделив повеќе

неделивиот
Вид збор: Придавка
Што не се дели без остаток.
Англиски: indivisible Албански: e pandarë

непарен повеќе

непарни
Вид збор: Придавка
Што не е во пар, што не е делив со два.
Англиски: odd

непозната повеќе

Види и: непознат (прид.)
мн. непознати
Вид збор: Именка, женски род
непознат член на равенката
Англиски: unknown

нормала повеќе

мн. нормали
Вид збор: Именка, женски род
Права која со друга права образува прав агол, или пробива дадена рамнина под прав агол.
Албански: pingule

нула повеќе

мн. нули
Вид збор: Именка, женски род
Цифрен знак - 0 што означува отсуство, непостоење на големина.
Англиски: zero Албански: zero

нумерички повеќе

нумеричкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на број или броеви.
Англиски: numerical
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш