Математика - категорија

максимум повеќе

(едн.) максимумот
Вид збор: Именка, машки род
Најголемо количество или големина на нешто, најголем дострел, најголем износ, најголем број, степен и сл.
Англиски: maximum

математика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за квантитативните односи и просторните облици во стварноста која опфаќа алгебра, аритметика и геометрија.
Англиски: mathematics Албански: matematika

математичар повеќе

мн. математичари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со математика.
Англиски: mathematician Албански: matematicient
Човек кому добро му оди математиката.
Англиски: mathematician Албански: matematicient

матрица повеќе

мн. матрици
Вид збор: Именка, женски род
Систем од бројки распоредени во правоаголни шема и редови кои се однесуваат според вообичаените алгебарски закони.
Англиски: matrix Албански: matricë

минимум повеќе

(едн.) минимумот
Вид збор: Именка, машки род
Најмало количество или големина на нешто, најмал дострел, најмал износ, најмал број, степен и сл.
Англиски: minimum Албански: minimum

минус повеќе

мн. минуси
Вид збор: Именка, машки род
Математички знак (-) за означување на операцијата вадење.
Англиски: minus Албански: minus
Ознака за негативни броеви и негативни големини.
Англиски: negative Албански: negativ

минута повеќе

мн. минути
Вид збор: Именка, женски род
Мерна единица што означува шеесетти дел од степенот при мерење агол.
Англиски: minute Албански: minutë

многуаголен повеќе

многуаголниот
Вид збор: Придавка
Што има многу агли.

многуаголник повеќе

мн. многуаголници
Вид збор: Именка, машки род
Многуаголна геометриска фигура.
Англиски: polygon

множеник повеќе

мн. множеници
Вид збор: Именка, машки род
Број што cе множи со друг број.
Англиски: multiplicand

множество повеќе

мн. множества
Вид збор: Именка, среден род
Севкупност од елементи поврзани со некој признак.
Англиски: set Албански: set, komplet

множи повеќе

множат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши операција множење.
Англиски: multiply Албански: shumëzoj

множител повеќе

мн. множители
Вид збор: Именка, машки род
Број со кој се множи друг број.
Англиски: multiplier

модел повеќе

мн. модели
Вид збор: Именка, машки род
Геометриски цртеж, шема или опис на некоја појава или на процес.
Англиски: model Албански: model

модул повеќе

мн. модули
Вид збор: Именка, машки род
Утврдена основна величина, апсолутна вредност, норма.
Англиски: module Албански: modul

моном повеќе

мн. мономи
Вид збор: Именка, машки род
Едноставен математички израз; продукт на повеќе варијабли; член со коефициент.
Англиски: monomial

мултипликатор повеќе

мн. мултипликатори
Вид збор: Именка, машки род
умножувач, множител
Англиски: multiplicator

мултипликација повеќе

мн. мултипликации
Вид збор: Именка, женски род
Умножување, зголемување на бројот на нешто.
Англиски: multiplication

мултиплицира повеќе

мултиплицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Умножува, множи, зголемува број на нешто.
Англиски: multiply
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш