Математика - категорија

лак повеќе

мн. лакови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки.
Англиски: bow Албански: hark

лимес повеќе

мн. лимеси
Вид збор: Именка, машки род
гранична вредност, граница на редица
Англиски: limiting value

линеарен повеќе

линеарни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на права линија, што се наоѓа, простира во права линија, линиски.
Англиски: linear
Што има еднаков раст, пораст за ист процент.
Англиски: linear

линија повеќе

мн. линии
Вид збор: Именка, женски род
Реална или замислена црта, која поминува, соединува две точки или е граница од пресекот на две површини.
Англиски: line Албански: vijë

линијар повеќе

мн. линијари
Вид збор: Именка, машки род
Направа (дрвена, метална, пластична) cо означени мерни единици (милиметри и сантиметри) што служи за подвлекување прави линии и за мерење должини.
Англиски: ruler

логаритам повеќе

мн. логаритми
Вид збор: Именка, машки род
Број што го покажува степенот на кој треба да се дигне основниот број за да се добие бараниот број.
Англиски: logarithm

логаритамски повеќе

логаритамска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на логаритам.
Англиски: logarithmic
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш