Математика - категорија

катета повеќе

мн. катети
Вид збор: Именка, женски род
Во геометријата - кај правоаголен триаголник, една од двете страни што образуваат прав агол.
Англиски: cathetus

квадрант повеќе

мн. квадранти
Вид збор: Именка, машки род
Четвртина од круг.
Англиски: quadrant

квадрат повеќе

мн. квадрати
Вид збор: Именка, машки род
Четириаголник на којшто cите страни му се иcти и cите агли прави.
Англиски: square Албански: katror
Втор степен на број; производ што се добива од број помножен со самиот себе.
Англиски: square Албански: katror
Квадратен метар како единица мерка за површина.
Англиски: square meter Албански: metër katror

квадратен повеќе

квадратни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на втор степен; што содржи вредност подигната на квадрат.
Англиски: quadratic

квоциент повеќе

мн. квоциенти
Вид збор: Именка, машки род
Резултат добиен од операцијата делење.
Англиски: quotient

кодира повеќе

кодираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Запише, запишува нешто со код; изрази, изразува нешто со код.
Англиски: encode

коефициент повеќе

мн. коефициенти
Вид збор: Именка, машки род
Постојан множител пред променлива или непозната величина.
Англиски: coefficient Албански: koeficinet

количник повеќе

мн. количници
Вид збор: Именка, машки род
Резултат од делење на една величина со друга, број што покажува колку пати се наоѓа делителот во деленикот.
Англиски: quotient

комбинаторика повеќе

мн. комбинаторики
Вид збор: Именка, женски род
Дел од елементарната математика во кој се проучуваат образуваните множества од даден број елементи.
Англиски: combinatorics Албански: kombinatorikë

комплемент повеќе

мн. комплементи
Вид збор: Именка, машки род
Множество коешто е остаток од целина.
Англиски: complement

конгруентен повеќе

конгруентна
Вид збор: Придавка
Што е согласен, еднаков; што се поклопува.
Англиски: congruent

конгруенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Поклопување меѓу форми.
Англиски: congruence Албански: kongruencë, përputhëshmëri mes formave

коничен повеќе

коничниот
Вид збор: Придавка
Што е во облик на конус, конусен.
Англиски: conical

конјункција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Поврзување на повеќе изрази.
Англиски: conjunction Албански: konjunksion, lidhje

константа повеќе

мн. константи
Вид збор: Именка, женски род
Постојана, непроменлива величина.
Англиски: constant

конструкција повеќе

мн. конструкции
Вид збор: Именка, женски род
Цртање на геометриски фигури и тела со помош на линијар и шестар.
Англиски: construction Албански: vizatim

конус повеќе

мн. конуси
Вид збор: Именка, машки род
Геометриско тело чии контури се добиваат со вртење на еден правоаголен триаголник околу една од страните што го образуваат правиот агол.
Англиски: cone

координата повеќе

мн. координати
Вид збор: Именка, женски род
Еден од елементите за одредување на положбата на една точка на рамнина или во просторот.
Англиски: coordinate Албански: koordinatë

координатен повеќе

координатниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на координата.

корелат повеќе

мн. корелати
Вид збор: Именка, машки род
Поим што е заемно поврзан со друг поим (на пр. причина и последица).
Англиски: correlate

корелира повеќе

корелираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се наоѓа во заемен однос, во сооднос.
Англиски: correlate

корен повеќе

мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Големина, која подигната на одреден степен, го потенцира веќе дадениот број.
Англиски: root Албански: rrënjë

коренува повеќе

коренуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вади корен од некој број.
Англиски: root

коса повеќе

мн. коси
Вид збор: Именка, женски род
коса линија
Англиски: slanted line

косеканс повеќе

мн. косеканси
Вид збор: Именка, машки род
Тригонометриска функција што значи однос меѓу хипотенузата и спротивната катета во правоаголен триаголник; реципрочна вредноcт од синус.

косинус повеќе

мн. косинуси
Вид збор: Именка, машки род
Тригонометриска функција што значи одноc на налегнатата катета спрема хипотенузата во правоаголен триаголник; реципрочна вредност од секанс.
Англиски: cosine

котангенс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Тригонометриска функција што значи однос меѓу налегнатата и спротивната катета во правоаголен триаголник; реципрочна вредност од тангенс.
Англиски: cotangent

коцка повеќе

мн. коцки
Вид збор: Именка, женски род
Правилно геометриско тело cо шест еднакви квадратни површини.
Англиски: cube Албански: kub

крак повеќе

мн. краци
Вид збор: Именка, машки род
Една од правите линии што го формираат аголот.
Англиски: side Албански: krah, gjymtyrë

крати повеќе

кратат
Вид збор: Глагол, несвршен
Делејќи со некој број, изразува со помал број.
Англиски: reduce Албански: redukoj, shkurtoj

крива повеќе

мн. криви
Вид збор: Именка, женски род
Извиена линија што не прави агол.
Англиски: curve Албански: lakore

круг повеќе

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од рамнина ограничен со кружница.
Англиски: circle Албански: reth

кружница повеќе

мн. кружници
Вид збор: Именка, женски род
Затворена крива црта чиишто точки се подеднакво оддалечени од средината (центарот).
Англиски: circle

куб повеќе

мн. кубови
Вид збор: Именка, машки род
Геометриско тело омеѓено со шест квадрати.
Англиски: cube Албански: kubi
Предмет во таква форма.
Англиски: cube Албански: kub

кубен повеќе

кубни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на куб.
Англиски: cubic

кубира повеќе

кубираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дига на трет cтепен.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш