Математика - категорија

извади повеќе

извадат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчисти, отстрани од некаде или од нешто.
Англиски: remove Албански: fshij, menjanoj

израз повеќе

мн. изрази
Вид збор: Именка, машки род
формула, равенство
Англиски: equation Албански: formulë, barazim

изрази повеќе

изразат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе резултат во вид на формули, равенства и сл.
Англиски: express Албански: tha

икс повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Непозната вредност во математиката; непозната.
Англиски: unknown Албански: iks e panjohur

именител повеќе

мн. именители
Вид збор: Именка, машки род
Број под дробната линија.
Англиски: denominator Албански: emërues, denominator

инверзен повеќе

инверзни
Вид збор: Придавка
Свртен наопаку.
Англиски: inverse

инверзија повеќе

мн. инверзии
Вид збор: Именка, женски род
Промена на некоја операција (на пример, замена на броителот со именителот, при што се добива реципрочна вредност).
Англиски: inversion Албански: inverzion, anasjellë

интеграл повеќе

мн. интеграли
Вид збор: Именка, машки род
Величина добиена како сума од конечни или бесконечни диференцијални делови.
Англиски: integral

интегрален повеќе

интегралниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на интеграл.
Англиски: integral

ирационален повеќе

ирационални
Вид збор: Придавка
Што не можат да се претстават како дропки од цели броеви.
Англиски: irrational

исечка повеќе

мн. исечки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од круг меѓу два радиуса.
Англиски: segment
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш