Математика - категорија

дваесет повеќе

дваесетте
Вид збор: Број
Основен број, двапати поголем од десет; се бележи со бројката 20.
Англиски: twenty

дванаесет повеќе

Вид збор: Префикс
Прв дел од сложени придавки и именки покажува дека од тоа што го означува основата во другиот дел од сложенката има дванаесет.

двесте повеќе

двестете
Вид збор: Број
Број двапати поголем од сто; се бележи со бројката 200.
Англиски: two hundred

двојка повеќе

мн. двојки
Вид збор: Именка, женски род
Бројот два; тоа што е со него означено (училишна оценка, автобус).
Англиски: two Албански: dysh

деведесет повеќе

деведесетте
Вид збор: Број
Број девет пати поголем од десет; се бележи со бројката 90.
Англиски: ninety
Во броевите составени од повеќе зборови.

деветнаесет повеќе

деветнаесетте
Вид збор: Број
Основен број кој се бележи со бројката 19.
Англиски: nineteen

декодира повеќе

декодираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Преведе, преведува кодирана порака во друг, разбирлив код (јазик).
Англиски: decode

деленик повеќе

мн. деленици
Вид збор: Именка, машки род
Број што се дели со друг, помал број од него.
Англиски: dividend Албански: i pjestueshmi

дели повеќе

делат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши операција делење на некој број.
Англиски: divide Албански: pjesëtoj

делив повеќе

деливи
Вид збор: Придавка
Тој што подлежи на делење.
Англиски: divisible

делител повеќе

мн. делители
Вид збор: Именка, машки род
Број со кој се дели во математичката операција, делење обично.
Англиски: divisor

делтоид повеќе

мн. делтоиди
Вид збор: Именка, машки род
Четириаголник составен од два рамнокраки триаголници со различна висина и со иста, заедничка основа.
Англиски: deltoid

детерминанта повеќе

мн. детерминанти
Вид збор: Именка, женски род
Решавачки фактор што влијае за определувањето на некој факт, на некоја општествена појава и сл.
Англиски: determinant

децимал повеќе

мн. децимали
Вид збор: Именка, машки род
Кој и да било број, кое и да било бројно место по децималната запирка во декадниот броен систем.
Англиски: decimal

децимален повеќе

децимални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на децимал.
Англиски: decimal
Што во основа е поделен на десет делови.
Англиски: decimal
Направа што мери во децимали.
Англиски: decimal

дешифрира повеќе

дешифрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одгатне, одгатнува, прочита, чита шифра или текст.
Англиски: decrypt Албански: deshifroj, dekodoj

дијагонала повеќе

мн. дијагонали
Вид збор: Именка, женски род
Права линија што поврзува два спротивни агли од правоаголник или два несоседни агли од повеќеаголник.
Англиски: diagonal

дијагонален повеќе

дијагоналниот
Вид збор: Придавка
Што оди накосо, во правец на дијагоналата.
Англиски: diagonal

дијагонално повеќе

Вид збор: Прилог
дијагонален
Англиски: diagonally

дијаграм повеќе

мн. дијаграми
Вид збор: Именка, машки род
Графички приказ на определени количества, геометриски цртеж што сликовито прикажува разни бројни односи.
Англиски: diagram

дијаметар повеќе

мн. дијаметри
Вид збор: Именка, машки род
Пречник, права линија што минува низ центарот на кругот и го дели на две еднакви половини.
Англиски: diameter Албански: diametër

дијаметрален повеќе

дијаметралниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на дијаметар.
Англиски: diametrical

диференција повеќе

мн. диференции
Вид збор: Именка, женски род
Разлика, износ за кој еден број е помал или поголем од друг; резултат на математичката операција одземање.
Англиски: difference Албански: diferencë

диференцијал повеќе

мн. диференцијали
Вид збор: Именка, машки род
Бесконечно мал прираст на променливите величини.
Англиски: differential Албански: diferencial

диференцијален повеќе

диференцијалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на диференција.
Англиски: differential

дропка повеќе

мн. дропки
Вид збор: Именка, женски род
Симбол формиран од броител и именител како цели броеви што претставуваат рационален број, а се разделени со дробна црта.
Англиски: fraction Албански: thyes, fraksion
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш