Математика - категорија

геометрија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Дел од математиката што се занимава со просторните форми, односно со геометриските тела, површини, линии и точки, нивното мерење и нивниот меѓусебен однос.
Англиски: geometry Албански: gjeometria

градиент повеќе

мн. градиенти
Вид збор: Именка, машки род
Раст или пад на една величина на одредено растојание.
Англиски: gradient

градус повеќе

мн. градуси
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење на агли и лакови, еднаква на 1/360 дел од кругот.
Англиски: degree Албански: gradë

граф повеќе

мн. графови
Вид збор: Именка, машки род
Графичка репрезентација на релации претставена во вид на точки (јазли) и линии што ги поврзуваат.
Англиски: graph
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш