Литература - категорија

хаику повеќе

хаикуто
Вид збор: Именка, среден род
вид јапонска поезија
Англиски: haiku

хексаметар повеќе

мн. хексаметри
Вид збор: Именка, машки род
Стих од шест дактилски стапки.
Англиски: hexameter

хероиња повеќе

Види и: херој (м.)
мн. хероињи
Вид збор: Именка, женски род
За жена херој.
Англиски: main character

хореј повеќе

мн. хореи
Вид збор: Именка, машки род
Во поезијата - двосложна ритмичка стапка со акцент на првиот слог.

хрестоматија повеќе

мн. хрестоматии
Вид збор: Именка, женски род
Читанка со одбрани одломки од познати литературни дела; зборник со одбрани текстови од одделна област.

хроника повеќе

мн. хроники
Вид збор: Именка, женски род
Литературно дело што опишува хронолошки некои настани.
Англиски: chronicle Албански: kronikë

хроничар повеќе

мн. хроничари
Вид збор: Именка, машки род
Автор на хроника, летописец.
Англиски: chronicler Албански: kronist

хумореска повеќе

мн. хуморески
Вид збор: Именка, женски род
Мал расказ со шеговита содржина.
Англиски: humoresque Албански: humoreskë

хуморист повеќе

мн. хумористи
Вид збор: Именка, машки род
Автор на хумористични дела.
Англиски: humorist Албански: humorist

хумористика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Хумористична литература.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч