Литература - категорија

тавтологија повеќе

мн. тавтологии
Вид збор: Именка, женски род
Натрупување на различни зборови со исто значење.
Англиски: tautology Албански: tautologji

тавтолошки повеќе

Види и: тавтологија (ж.)
тавтолошкиот
Вид збор: Придавка
тавтологија
Англиски: tautologic

тажалка повеќе

мн. тажалки
Вид збор: Именка, женски род
тажна песна
Англиски: lamentation

терцина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид строфа од три стиха.

тетраметар повеќе

мн. тетраметри
Вид збор: Именка, машки род
Антички стих од четири стапки.

тонски повеќе

тонска
Вид збор: Придавка
За стихотворство што е основан на еднаков број акцентирани слогови, при променлив број на неакцентирани.

трагедија повеќе

мн. трагедии
Вид збор: Именка, женски род
Како драмско дело.
Англиски: tragedy Албански: tragjedi

трагедиограф повеќе

мн. трагедиографи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пишува трагедии, драматург на трагедии.

трагикомедија повеќе

мн. трагикомедии
Вид збор: Именка, женски род
Како драмско дело.
Англиски: tragicomedy Албански: tragjikomedi

трагичар повеќе

мн. трагичари
Вид збор: Именка, машки род
Автор на трагедии.
Англиски: tragedian Албански: autor tragjedish

тристапен повеќе

тристапна
Вид збор: Придавка
Во поезијата кој се состои од три ритмички стапки.
Примери:
Тристапен јамб, хореј и др.

тристих повеќе

мн. тристиси
Вид збор: Именка, машки род
Строфа од три стиха.

трохеј повеќе

мн. трохеи
Вид збор: Именка, машки род
Поетска стапка од еден нагласен и еден ненагласен слог.

трохејски повеќе

трохејска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на трохеј.
Примери:
Трохејска стапка.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч