Литература - категорија

дактил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Трисложна метричка стапка во која е нагласен првиот слог.

дванаесетерец повеќе

мн. дванаесетерци
Вид збор: Именка, машки род
Стих од дванаесет слога со цезура по шестиот слог.

десетерец повеќе

мн. десетерци
Вид збор: Именка, машки род
Стих од десет слога.

десетеречки повеќе

Види и: десетерец (м.)
десетеречкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на десетерец.

дијалог повеќе

мн. дијалози
Вид збор: Именка, машки род
Литературно дело напишано во форма на дијалог.
Англиски: dialogue Албански: dialog

дискурс повеќе

мн. дискурси
Вид збор: Именка, машки род
Начин на употреба на реченицата во поголеми целости на текстот.
Англиски: discourse Албански: diskurs, fjalim

дитирамб повеќе

мн. дитирамби
Вид збор: Именка, машки род
Античка лирска песна во чест на богот Дионис.
Англиски: dithyramb Албански: ditiramb, këngë lirike
Лирска песна слична на одата, која ги опева убавината на животот и сетилните задоволства или пак содржи пофалба во чест на некого или на нешто.
Англиски: dithyramb Албански: ditiramb, këngë lirike

драма повеќе

мн. драми
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Вид книжевен жанр.
Англиски: drama Албански: dramë
Книжевно дело во дијалошка форма, наменето за сценска изведба.
Англиски: drama Албански: dramë

драматизација повеќе

мн. драматизации
Вид збор: Именка, женски род
Преработка на едно книжевно дело за прикажување насцена.
Англиски: dramatization Албански: dramatizim

драматизира повеќе

драматизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Преработи, преработува во драма друго литературно дело.
Англиски: dramatize Албански: dramatizoj

драматичар повеќе

мн. драматичари
Вид збор: Именка, машки род
Драмски писател.
Англиски: dramatist

драматургија повеќе

(едн.) драматургијата
Вид збор: Именка, женски род
Драмска книжевност.
Англиски: dramaturgy Албански: dramaturgji
Примери:
Театарска драматургија.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч