Лингвистика - категорија

феминатив повеќе

мн. феминативи
Вид збор: Именка, машки род
Именка од женски род што означува суштество исклучиво од женски пол, изведена од именка од машки род.
Англиски: feminative

филолог повеќе

мн. филолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по филологија.
Англиски: philologist

филологија повеќе

(едн.) филологијата
Вид збор: Именка, женски род
Науки што ја изучуваат културата на еден народ изразена во јазикот и литературата.
Англиски: philology
Примери:
Класична, романска, словенска филологија.

филолошки повеќе

филолошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на филолог и филологија; заснован врз методите на филологијата.
Англиски: philological
Примери:
филолошки факултет

фитоним повеќе

мн. фитоними
Вид збор: Именка, машки род
Име на растение.
Англиски: phytonym

флексивен повеќе

флексивна
Вид збор: Придавка
Кој има флексија.
Англиски: inflective
Примери:
Флексивни јазици.

флоскула повеќе

мн. флоскули
Вид збор: Именка, женски род
Општ израз што има за цел да ја прикрие вистината.
Англиски: empty phrase Германски: Floskel

фонема повеќе

мн. фонеми
Вид збор: Именка, женски род
Глас, звук што се користи за разликување на значењата на зборовите и морфемите.
Англиски: phoneme

фонематика повеќе

Види и: фонологија (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
фонологија
Англиски: phonemics

фонемика повеќе

Види и: фонологија (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
фонологија
Англиски: phonemics

фонетика повеќе

(едн.) фонетиката
Вид збор: Именка, женски род
Гласовниот состав на еден јазик.
Англиски: phonetics Албански: fonetikë
Оддел од лингвистиката што ги изучува гласовите на јазикот.
Англиски: phonetics Албански: fonetikë

фонетичар повеќе

мн. фонетичари
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по фонетика
Англиски: phonetician

фонетички повеќе

Види и: фонетски (прид.)
фонетичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на фонетика.
Англиски: phonetic

фонетнчар повеќе

мн. фонетичари
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по фонетика.

фонетски повеќе

фонетски
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фонетиката.
Англиски: phonetic

фонограма повеќе

мн. фонограми
Вид збор: Именка, женски род
Она што е запишано на фонограф.
Англиски: phonogram Албански: fonogram

фонолог повеќе

мн. фонолози
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по фонологија
Англиски: phonologist

фонологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лингвистичка дисциплина што ги изучува фонемите од функционална гледна точка.
Англиски: phonology

фонолошки повеќе

Види и: фонологија (ж.)
фонолошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фонологијата.
Англиски: phonological

формант повеќе

мн. форманти
Вид збор: Именка, машки род
Во лингвистиката - елемент при зборообразувањето.

фразеологија повеќе

фразеологијата
Вид збор: Именка, женски род
Целокупност на затврдени изрази и говорни обрати карактеристични за некој јазик; дел од лингвистиката што ги изучува нив.
Англиски: phraseology Албански: frazeologji
Примери:
Фразеологијата на македонскиот јазик.

фразеолошки повеќе

Види и: фразеологија (ж.)
фразеолошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фразеологија.
Англиски: phraseological
Примери:
фразеолошки израз

франкофон повеќе

мн. франкофони
Вид збор: Именка, машки род
Лице што зборува француски.
Англиски: francophone
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш