Лингвистика - категорија

нагласок повеќе

мн. нагласоци
Вид збор: Именка, машки род
Истакнување на слог при изговор со акцент.
Англиски: accentuation
Посебен начин на изговор.
Англиски: accentuation

назал повеќе

мн. назали
Вид збор: Број
Глас при чијшто изговор воздушната струја (целосно или делумно) минува низ носот; носов глас.
Англиски: nasal

назален повеќе

назалниот
Вид збор: Придавка
Што се изговара низ нос.
Англиски: nasal

назализација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
назализирање

назализира повеќе

назализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изговара глас низ нос.
Англиски: speak through nose

наречје повеќе

мн. наречја
Вид збор: Именка, среден род
Група месни говори, во рамките на општонародниот јазик, што се обединуваат меѓу себе по ред заеднички јазични црти.
Англиски: dialect

наставка повеќе

мн. наставки
Вид збор: Именка, женски род
Формообразувачки или зборообразувачки дел од зборот што стои по основата.
Англиски: suffix Албански: prapashtesë

небен повеќе

небниот
Вид збор: Придавка
Глас што се образува на непцето.

неизговорлив повеќе

неизговорливиот
Вид збор: Придавка
Што не може да се изговори, тежок за говор.
Англиски: unpronounceable

ненагласен повеќе

ненагласени
Вид збор: Придавка
Што не е изговорен со нагласок.
Англиски: unstressed

неологизам повеќе

мн. неологизми
Вид збор: Именка, машки род
Нов збор, нов израз или ново значење на даден збор во јазикот.
Англиски: neologism

непреводлив повеќе

непреводливи
Вид збор: Придавка
Што не може да се преведе.
Англиски: untranslatable

носов повеќе

носовиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со носот; глас што се артикулира при минување на воздушната струја низ носот.
Англиски: nasal

носовка повеќе

мн. носовки
Вид збор: Именка, женски род
Носова самогласка.
Англиски: nasal sound
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш