Лингвистика - категорија

лабијал повеќе

мн. лабијали
Вид збор: Именка, машки род
Глас што се изговара со помош на усните; уснен глас (п, б, м).
Англиски: labial

лабијален повеќе

лабијалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на лабијал.
Англиски: labial

ларингален повеќе

ларингалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ларинксот.

латинизам повеќе

мн. латинизми
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз што потекнува од латинскиот јазик.

латинист повеќе

мн. латинисти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по латински јазик, книжевност и култура.

лексема повеќе

мн. лексеми
Вид збор: Именка, женски род
Лексичка единица, збор како составна единица на речникот на еден јазик.
Англиски: lexeme

лексика повеќе

(едн.) лексиката
Вид збор: Именка, женски род
Зборовен фонд, речнички состав на еден јазик, дијалект, на делата на некој писател или речнички слој изделен по некоја особеност (по потеклото, стилистичкото обележје итн).
Англиски: vocabulary

лексикограф повеќе

мн. лексикографи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со лексикографија.
Англиски: lexicographer

лексикографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од науката за јазикот што се занимава со теоријата и практиката на составувањето речници, лексикони, енциклопедии.
Англиски: lexicography

лексикографски повеќе

лексикографскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на лексикограф и на лексикографија.
Англиски: lexicographic

лексиколог повеќе

мн. лексиколози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по лексикологија.

лексикологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од науката за јазикот што ја проучува лексиката, речничкиот состав на јазикот.
Англиски: lexicology

лексиколошки повеќе

лексиколошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на лексиколог и на лексикологија.

лексикон повеќе

мн. лексикони
Вид збор: Именка, машки род
Вид речник во кој по азбучен ред се објаснуваат разни поими, најчесто специјализиран за определена област.
Англиски: lexicon Албански: fjalor, leksikon
Енциклопедија со помал обем.
Англиски: encyclopedia Албански: leksikon, enciklopedi e shkurtër

лектор повеќе

мн. лектори
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по јазик, јазичен редактор во електронски и печатени медиуми или во издавачка куќа.
Англиски: proofreader Албански: lektor, korrektor

лекторира повеќе

лекторираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави лектура.
Англиски: edit

лектура повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Читање и исправање јазични грешки, јазично уредување на авторски текст.
Англиски: proofreading

лематизатор повеќе

мн. лематизатори
Вид збор: Именка, машки род
софтвер за лематизирање
Англиски: lemmatizer

лематизира повеќе

лематизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Групира различни форми од ист збор за да можат да бидат обработувани како единка.
Англиски: lemmatize

лигатура повеќе

мн. лигатури
Вид збор: Именка, женски род
Две или повеќе букви претставени со еден писмен знак.
Англиски: ligature Албански: dy ose më tepër shkronja të paraqitura me një shenjë

лингвист повеќе

мн. лингвисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што cе занимава со проучување на некој јазик, специјалист во областа на лингвистиката.
Англиски: linguist Албански: linguist

лингвистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за јазикот, проучување на општите законитости во неговото настанување и развој.
Англиски: linguistics

линго повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
неразбирлив јазик, неразбирлив говор
Англиски: lingo
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш