Лингвистика - категорија

калк повеќе

мн. калки
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз добиен со буквален превод на туѓ збор или израз.

калкира повеќе

калкираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пренесе, пренесува зборови или изрази од еден јазик во друг со буквален превод.

квантитет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Во науката за јазикот - должина на слогот во зборот.
Албански: kuantitet

кирилица повеќе

(едн.) кирилицата
Вид збор: Именка, женски род
Азбука што се користи во Македонија, Србија, Русија, Бугарија и други земји.
Англиски: cyrillic Албански: alfabeti qirilik

кирилски повеќе

Види и: кирилица (ж.)
кирилско
Вид збор: Придавка
Што е во врска со кирилица.
Англиски: cyrillic

код повеќе

мн. кодови
Вид збор: Именка, машки род
Пренеcување на информации преку систем од договорени знаци, симболи.
Англиски: code Албански: kod

кодира повеќе

кодираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Запише, запишува нешто со код; изрази, изразува нешто со код.
Англиски: encode

колокација повеќе

мн. колокации
Вид збор: Именка, женски род
Комбинација од зборови што често се јавуваат еден до друг.
Англиски: collocation

колоквијален повеќе

колоквијани
Вид збор: Придавка
Што е разговорен, што е својствен на секојдневниот говор.
Англиски: colloquial

компарација повеќе

мн. компарации
Вид збор: Именка, женски род
Стилcка фигура со која се врши споредба.
Англиски: comparison Албански: komparacion

конотативен повеќе

Види и: конотација (ж.)
конотативни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на конотација.
Англиски: connotational

конотација повеќе

мн. конотации
Вид збор: Именка, женски род
Придружно значење на зборот што се сугерира, што се додава по асоцијативен пат кон основното негово значење.
Англиски: connotation Албански: konotacion

конотира повеќе

конотираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Добие, добива со конотација.

консонант повеќе

мн. консонанти
Вид збор: Именка, машки род
согласка
Англиски: consonant

консонантен повеќе

консонантниот
Вид збор: Придавка
консонантски

контаминација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Спојување на елементи од различно потекло во еден збор.
Англиски: contamination Албански: kontaminim

коњугација повеќе

Види и: конјугација (ж.)
мн. коњугации
Вид збор: Именка, женски род
конјугација
Англиски: conjugation

корен повеќе

мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Непроменлив дел од зборот, без претставки и наставки, што го носи основното значење.
Англиски: root Албански: rrënjë

кратенка повеќе

мн. кратенки
Вид збор: Именка, женски род
Скратена форма од збор или фраза.
Англиски: abbreviation

крилатица повеќе

мн. крилатици
Вид збор: Именка, женски род
Поговорка што се повторува често во зборувањето; духовит карактеристичен збор или реченица што е во широка употреба.
Англиски: saying

криптограф повеќе

мн. криптографи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пишува со тајно писмо.

криптолог повеќе

мн. криптолози
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со криптологија.
Англиски: cryptologist Албански: kriptolog

криптологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува тајните писма.
Англиски: cryptology Албански: kriptologji
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш