Лингвистика - категорија

идеограм повеќе

мн. идеограми
Вид збор: Именка, машки род
Цртеж или слика што претставува поим, писмен знак во сликовното писмо.
Англиски: ideogram

идеографија повеќе

(едн.) идеографијата
Вид збор: Именка, женски род
Писмо што користи идеограми, сликовно писмо.
Англиски: picture writing

идиолект повеќе

мн. идиолекти
Вид збор: Именка, машки род
Речникот и јазикот на одредено лице.
Англиски: idiolect

идиом повеќе

мн. идиоми
Вид збор: Именка, машки род
3атврден зборовен состав, израз што има специфично значење, својствено за определен јазик, и не може буквално да се преведе на друг јазик, фразеолошки израз.
Англиски: idiom Албански: idiom
говор, дијалект, наречје
Англиски: dialect Албански: dialekt

идиоматика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Севкупност од идиоми, фразеолошки изрази на определен јазик.

изведенка повеќе

мн. изведенки
Вид збор: Именка, женски род
3бор настанат со изведување од друг збор.
Англиски: derivative

извик повеќе

мн. извици
Вид збор: Именка, машки род
Вид неменливи зборови со кои се изразуваат различни чувства или расположенија, се привлекува внимание или звучно се претставуваат, се имитираат разни звуци.
Англиски: exclamation Албански: thirje

изговор повеќе

мн. изговори
Вид збор: Именка, машки род
Начин на изговарање на гласови, зборови и сл.
Англиски: pronunciation Албански: shqiptim

изговорлив повеќе

изговорливиот
Вид збор: Придавка
Што може лесно да се изговори.
Англиски: pronounceable

изоглоса повеќе

мн. изоглоси
Вид збор: Именка, женски род
Линија што одбележува простирање на одредена јазична особина.

изоглосен повеќе

изоглосниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на изоглоса.

израз повеќе

мн. изрази
Вид збор: Именка, машки род
Состав од зборови со кои нешто се искажува.
Англиски: expression Албански: shprehje

имперфектен повеќе

имперфектниот
Вид збор: Придавка
Што е несвршен.

индикатив повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Изразен начин кај глаголите.
Англиски: indicative

инструментал повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Падеж што искажува средство или инструмент.
Англиски: instrumental

интернационализам повеќе

мн. интернационализми
Вид збор: Именка, машки род
Збор што се употребува (во иста или во слична форма) во многу јазици; меѓународен збор.
Англиски: internationalism Албански: internacionalizëm

интерференција повеќе

мн. интерференции
Вид збор: Именка, женски род
Пренесување на својствата на еден јазик во друг.
Англиски: interference Албански: interferencë

интонација повеќе

мн. интонации
Вид збор: Именка, женски род
Различен начин на повишување и снижување на гласот при говорење, изразување чувства, расположби.
Англиски: intonation Албански: intonacion
Ритмичко - мелодиска страна на реченицата што зависи од повишувањето или снижувањето на тонот при изговарањето различни видови реченици.
Англиски: intonation Албански: intonacion

интранзитивен повеќе

интранзитивниот
Вид збор: Придавка
За глагол што не бара директен објект.
Англиски: intransitive

инфлексија повеќе

мн. инфлексии
Вид збор: Именка, женски род
флексија
Англиски: inflection
флексивен збор
Англиски: inflection

исказ повеќе

мн. искази
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е искажано, реченица или текст.
Англиски: statement Албански: ekspozim, paraqitje

историзам повеќе

мн. историзми
Вид збор: Именка, машки род
Збор што означува предмет, појава или функција на лице што не се застапени во современиот живот.
Англиски: historism
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш