Лингвистика - категорија

загради повеќе

заградат
Вид збор: Глагол, свршен
За текст - стави нешто во заграда.
Англиски: enclose Албански: kllapa

заемка повеќе

мн. заемки
Вид збор: Именка, женски род
Збор или израз што е земен од друг јазик и приспособен кон јазикот во кој е примен.
Англиски: loan word

збор повеќе

мн. зборови
Вид збор: Именка, машки род
Основна јазична единица којашто има определено значење; јазичен знак за определен поим.
Англиски: word Албански: fjalë

зборовен повеќе

зборовни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на збор, што е составен од зборови.
Англиски: lexical

зборообразување повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Образување, изведување зборови.
Англиски: word formation Албански: fjalëformim
Проучување на образувањето зборови во јазикот.
Англиски: word formation Албански: fjalëformim

зборообразувачки повеќе

зборообразувачкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на зборообразување.

збороред повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Редење зборови во реченица, како начин за влијаење на значењето.
Англиски: word order

збороформа повеќе

мн. збороформи
Вид збор: Именка, женски род
форма на зборот
Англиски: word form

звучен повеќе

звучни
Вид збор: Придавка
Што се изговара со треперење на гласните жици.
Албански: i zëshëm

зев повеќе

мн. зевови
Вид збор: Именка, машки род
Слободен проток на воздухот при непосреден премин од изговорот на една самогласка кон друга во зборот или на составот на зборовите.
Албански: gogësitje
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш