Лингвистика - категорија

агенс повеќе

мн. агенси
Вид збор: Именка, машки род
Вршител на дејство.

аглутинација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Слепување на јазични елементи.
Англиски: agglutination

адверб повеќе

мн. адверби; адвербот
Вид збор: Именка, машки род
прилог
Латинско име: adverbium Англиски: adverb

адресант повеќе

мн. адресанти
Вид збор: Именка, машки род
Испраќач на пораки, исказ, текст.

адресат повеќе

мн. адресати
Вид збор: Именка, машки род
Примач на порака, исказ, текст.

акроним повеќе

мн. акроними, акронимот
Вид збор: Именка, машки род
Скратеница од лично име или назив.
Англиски: acronym

акцент повеќе

мн. акценти
Вид збор: Именка, машки род
Гласовно истакнување на определен слог или збор.
Англиски: accent
Знак за обележување на нагласувањето.
Англиски: accent

акцентира повеќе

акцентираат; акцентирајќи
Вид збор: Глагол, свршена и несвршена форма
Нагласи, нагласува, изговори, изговара со поголема сила на глас одделен слог од зборот.
Англиски: accentuate
Стави, става обележи, обележува акцентски знаци на одделни слогови во пишан текст.
Англиски: accentuate

акцентираност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Нагласеност на определен слог.
Англиски: accentuation

акцентски повеќе

Види и: акцент (м.)
акцентскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со акцент.

акцентуација повеќе

мн. акцентуации
Вид збор: Именка, женски род
акцентирање, нагласување
Англиски: accentuation

анафора повеќе

анафори
Вид збор: Именка, женски род
Повторување на исти зборови во почетокот на два или повеќе стиха едноподруго.
Англиски: anaphora

антоним повеќе

мн. антоними
Вид збор: Именка, машки род
Збор со спротивно значење.
Англиски: antonym

антонимија повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Својство на спротивно значење кај некои зборови.

апозиција повеќе

мн. апозиции
Вид збор: Именка, женски род
Надополнување на значењето на збор со други зборови.
Англиски: apposition
Примери:
Билјана, најубавата девојка во нашето село, остана немажена.

арабистика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за арапскиот јазик, литература и култура.

арго повеќе

мн. аргоа
Вид збор: Именка, среден род
Таен јазик на еден социјален слој или на група луѓе неразбирлив за другите.
Турски: argo

архаизам повеќе

мн. архаизми
Вид збор: Именка, машки род
Застарен збор во ретка употреба.
Англиски: archaism

асимилација повеќе

(едн.) асимилацијата
Вид збор: Именка, женски род
Процес при кој се врши преглас на гласовите.
Англиски: assimilation

афористичен повеќе

афористичниот
Вид збор: Придавка
Што содржи афоризми, што има својство на афоризам.
Англиски: aphoristic
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш