Ликовна уметност - категорија

расцрта повеќе

Види и: црта (несв.)
(се) расцртаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да црта.
Англиски: draw
Примери:
Си се расцртал нешто.

релјеф повеќе

мн. релјефи
Вид збор: Именка, машки род
Испупчена слика на рамнина.
Англиски: relief Албански: reliev
Примери:
Столбот бил украсен со релјефи.

реплика повеќе

мн. реплики
Вид збор: Именка, женски род
Копија на уметничко дело.
Англиски: replica Албански: kopje

реставратор повеќе

мн. реставратори
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за обновување на уметнички предмети и стари споменици.
Англиски: conservator Албански: restaurues

ретушира повеќе

ретушираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поправи, поправа, дотера, дотерува цртежи, слики, фотографски снимки.
Англиски: retouch

розета повеќе

мн. розети
Вид збор: Именка, женски род
Уметнички украс, орнамент во вид на цвет на ружа со стилизирани листови.
Англиски: rosette Албански: rozetë
а - б - в - г - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - ш