Ликовна уметност - категорија

палета повеќе

мн. палети
Вид збор: Именка, женски род
Тенко штиче што им служи на сликарите за мачкање, мешање на боите.
Англиски: palette Албански: paletë

паспарту повеќе

мн. паспартуа
Вид збор: Именка, среден род
Рамка од картон што ја дели сликата или цртежот од нејзината околина.
Англиски: mount Француски: passe-partout

пастел повеќе

мн. пастели
Вид збор: Именка, машки род
Слика нацртана со такви бои.
Англиски: pastel Албански: pastel

пастелен повеќе

пастелна
Вид збор: Придавка
мек, благ
Англиски: pastel
Примери:
Пастелни моливи.

пејзаж повеќе

мн. пејзажи
Вид збор: Именка, машки род
Слика, цртеж што ја прикажува природата.
Англиски: landscape Француски: paysage Албански: pejzazh

пејзажист повеќе

мн. пејзажисти
Вид збор: Именка, машки род
Сликар на пејзажи, ликовен уметник.
Англиски: landscape painter Француски: paysagiste

перспектива повеќе

мн. перспективи
Вид збор: Именка, женски род
Сликарско прикажување на предметите на површина на начин да изгледаат како во стварноста.
Англиски: perspective Албански: perspektivë

пинакотека повеќе

мн. пинакотеки
Вид збор: Именка, женски род
Постојана галерија на слики и скулптури.
Англиски: art gallery

плакета повеќе

мн. плакети
Вид збор: Именка, женски род
Плоча со релјеф.
Англиски: relief Албански: monument, pllakë përkujtimore
Примери:
Плакета во спомен на некоја знаменита личност.

пластика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од ликовната уметност што се занимава со вајарство и скулптура.
Англиски: sculpture Албански: plasticitet, skulpturë, gdhendje
Примери:
Римска пластика.

пластичен повеќе

пластични
Вид збор: Придавка
Во врска со пластика.
Англиски: plastic Албански: plastik

платно повеќе

мн. платна
Вид збор: Именка, среден род
Подлога за уметничка слика.
Англиски: canvas Албански: kanavacë

полутон повеќе

мн. полутонови
Вид збор: Именка, машки род
Премин кон половина тон.
Англиски: half-tone Албански: gjysmëton

портретира повеќе

портретираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави портрет.
Англиски: portray Албански: portretoj

портретист повеќе

мн. портретисти
Вид збор: Именка, машки род
Уметник што прави портрети.
Англиски: portraitist Албански: portretist

портфолио повеќе

мн. портфолија
Вид збор: Именка, среден род
Збирка од цртежи, графики, слики или уметнички фотографии за презентирање на уметникот.
Англиски: portfolio Албански: portfolio

потег повеќе

мн. потези
Вид збор: Именка, машки род
Црта, линија како основен елемент при цртањето, сликањето.
Англиски: stroke Албански: pash, lëvizje

примитивизам повеќе

(едн.) примитивизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во ликовната уметност што наоѓа инспирација од примитивната уметност.
Англиски: primitivism Албански: primitivizëm

профил повеќе

мн. профили
Вид збор: Именка, машки род
Изглед на лице или на предмет гледани отстрана.
Англиски: profile Албански: profil
Слика или цртеж цртани отстрана.
Англиски: profile Албански: profil

пуризам повеќе

(едн.) пуризмот
Вид збор: Именка, машки род
Уметничко движење во ликовната уметност произлезено од кубизмот, што тежнее за прочистување на уметноста од декоративноста и се залага за чисти геометриски форми.
Англиски: purism Албански: purizëm

пурист повеќе

мн. пуристи
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник на пуризмот во ликовната уметност.
Англиски: purist
а - б - в - г - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - ш