Ликовна уметност - категорија

марина повеќе

мн. марини
Вид збор: Именка, женски род
Уметничка слика на која е претставен морски пејзаж.
Албански: piktur artistike me pejzazh deti

маринист повеќе

мн. маринисти
Вид збор: Именка, машки род
Сликар што слика морски пејзажи.

минијатура повеќе

мн. минијатури
Вид збор: Именка, женски род
Слика од мал формат изработена на хартија, платно и сл.
Англиски: miniature Албански: miniaturë

минијатурист повеќе

мн. минијатуристи
Вид збор: Именка, машки род
Уметник што изработува минијатури, специјалист за минијатури.

модел повеќе

мн. модели
Вид збор: Именка, машки род
Лице што позира пред сликар или пред скулптор при изработката на уметничко дело.
Англиски: model Албански: model

мозаик повеќе

мн. мозаици
Вид збор: Именка, машки род
Орнамент или слика составена од разнобојни камчиња или стакленца, зацврстени на некоја површина (под, ѕид, cвод).
Англиски: mosaic Албански: mozaik

мозаичар повеќе

мн. мозаичари
Вид збор: Именка, машки род
Уметник што изработува мозаици.

монолит повеќе

мн. монолити
Вид збор: Именка, машки род
Вајарско дело, конструкциски или декоративен елемент (столб, свод), изработен од еден блок камен.
Англиски: monolith

мурал повеќе

мн. мурали
Вид збор: Именка, машки род
Слика нацртана директно на ѕид.
Англиски: mural
а - б - в - г - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - ш