Ликовна уметност - категорија

изваја повеќе

Види и: ваја (несв.)
извајаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изработи, обликува уметничко дело, фигури од гипс, глина, дрво, мермер и сл.
Англиски: sculpture

иконографија повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Научна дисциплина што ги проучува, толкува и ги опишува уметничките дела од областа на сликарството и вајарството според нивните типични атрибути, симболи и други ознаки.
Англиски: iconography Албански: ikonografi

имитира повеќе

имитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подражава, прави нешто според даден пример, по образец на некој друг.
Англиски: imitate Албански: imiton

импресионизам повеќе

(едн.) импресионизмот
Вид збор: Именка, машки род
Уметнички правец во Европа од крајот на XIX век кој се стреми кон слободно изразување на непосредните субјективни впечатоци и расположби од доживеаното и виденото.
Англиски: impressionism

импресионист повеќе

мн. импресионисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на импресионизмот во сликарството.
Англиски: impressionist

импресионистички повеќе

импресионистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на импресионист и на импресионизам.
Англиски: impressionistic

инсталација повеќе

мн. инсталации
Вид збор: Именка, женски род
Уметничка поставка на вајарско дело од повеќе компоненти.
Англиски: exhibition Албански: shfaqje

исенчи повеќе

Види и: сенчи (несв.)
исенчат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи сенка (во сликарството).

ислика повеќе

Види и: слика (несв.)
исликаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи повеќе слики (цртежи, фотографии).
Англиски: picture
а - б - в - г - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - ш