Ликовна уметност - категорија

ваја повеќе

вајаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изработува, обликува уметнички пластични предмети, фигури од гипс, глина, дрво, мермер и сл.
Англиски: sculpture

вајар повеќе

мн. вајарu
Вид збор: Именка, машки род
Уметник што се занимава со вајање.
Англиски: sculptor

вајарство повеќе

(едн.) вајарството
Вид збор: Именка, среден род
Уметност на вајање, на изработување скулптури.
Англиски: sculpture

витраж повеќе

мн. витражи
Вид збор: Именка, машки род
Слика или украсна композиција составена од парчиња обоено стакло, обично како прозорец на згради од готски стил.
Англиски: glazing Француски: vitrage Албански: vitrazh, lustrim
Техника на работа со парчиња обоено стакло во ликовната применета уметност.
Англиски: glazing Француски: vitrage Албански: vitrazh
а - б - в - г - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - ш