Ликовна уметност - категорија

бакропис повеќе

мн. бакрописи
Вид збор: Именка, машки род
Цртеж врз бакарна плоча што служи за правење копии од хартија.
Англиски: copperplate engraving

бакрорез повеќе

мн. бакрорези
Вид збор: Именка, машки род
Техника на цртање со врежување во бакарна плоча и цртеж добиен со таква техника.
Англиски: copperplate engraving

бакрорезец повеќе

мн. бакроресци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што изработува бакрорези.
Англиски: copperplate engraver

барелјеф повеќе

мн. барелјефи
Вид збор: Именка, машки род
Вајарско дело на камена, на метална или на дрвена подлога, каде што фигурите се со блага издаденост над рамната површина.
Англиски: relief

биста повеќе

мн. бисти
Вид збор: Именка, женски род
Вајарско дело што го претставува човечкото тело до појас.
Англиски: bust
а - б - в - г - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - ш