Ликовна уметност - категорија

акватинта повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Графичка техника на длабоко печатење.
Англиски: intaglio

акт повеќе

мн. акти, актови; актот
Вид збор: Именка, машки род
Слика или скулптура која претставува голо човечко тело.
Англиски: act

анималист повеќе

мн. анималисти
Вид збор: Именка, машки род
Уметник што црта или ваја животни.

аниматор повеќе

мн. аниматори
Вид збор: Именка, машки род
Цртач, уметник што изработува цртани филмови.
Англиски: animator

арабеска повеќе

мн. арабески
Вид збор: Именка, женски род
Орнамент, шара карактеристична за ориенталната уметност изведена со геометриски и растителни елементи.
Англиски: arabesque Турски: arabesk
а - б - в - г - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ч - ш