Историја - категорија

шилинг повеќе

мн. шилинзи
Вид збор: Именка, машки род
Поранешна австриска монетна единица.
Германски: Schilling Албански: shiling

шмајзер повеќе

мн. шмајзери
Вид збор: Именка, машки род
Вид кратка автоматска пушка на германската војска во II светска војна.
Англиски: machine-gun

шогун повеќе

мн. шогуни
Вид збор: Именка, машки род
Воен владетел во Јапонија, титула што ја давал императорот и со која се овозможувало владеење со определена територија.
Англиски: shogun

шогунат повеќе

мн. шогунати
Вид збор: Именка, машки род
Област со која владее шогун.

штит повеќе

мн. штитови
Вид збор: Именка, машки род
Некогашно оружје за одбрана од стрели, копја и сабји.
Англиски: shield Албански: mburojë, shqyt

штитоносец повеќе

мн. штитоносци
Вид збор: Именка, машки род
Слуга на ритерите што бил задолжен за оружјето на господарот (ритерот).
Англиски: squire

штука повеќе

мн. штуки
Вид збор: Именка, женски род
Вид германски воен јуришен бомбардер во втората светска војна.

штурмовик повеќе

мн. штурмовици
Вид збор: Именка, машки род
Вид јуришен воен авион.

шумкар повеќе

мн. шумкари
Вид збор: Именка, машки род
Назив за партизан што го употребувале претставниците на бугарската власт за време на окупацијата во Втората светска војна.

шут повеќе

мн. шутови
Вид збор: Именка, машки род
дворски смешник
Англиски: fool Албански: shut
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш